Лека полека, почнува тимов да заличува на нешто. Ми се свиѓа што рамноправни противници сме со посериозниве екипи, не се пикаат у 16ик и да чекаат на контри, како што било случајот до сега, години наназад. Поготово пошто крпеници е тимов и далеку од нешто изградено и финално. Чисто за споредба, нека ви текне што играа под ЕТХ против Сити, Ливерпул, Тотенхем и тоа на ОТ. Срамно беше за гледање.
Има уште доста леб за јадење, фали соодветен персонал за системов. Со две квалитетни 10ки / inside forwards позади напаѓачот, сериозно опасна екипа ќе бидеме. По мене најмногу мака мачиме у нападот моментално, споредено со другите фази на игра.
Угарте полека ми станува омилен играч, прејак и витален за системот.
И честитки до Бајандир, ме демантираше по критиките на почеток на утакмицата.