Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
29 октомври 2023
Мислења
474
Поени од реакции
669
Шанса нема Катар да го купи Јунајтед. Имаа шанса, и ја заебаа. Бавно иде затоа што ретко се случува некој да има 25% од бизнис,а да го има целосниот фудбалски дел под контрола. Ова мора некако и написмено да се ратификува. Така да, претпоставувам дека адвокативе од двете страни го пеглаат тој дел.
Зошто нема шанса,и како ја заебаа тој дел ич не ми е јасно делуваш упатено може да објасниш,? зошто 25посто е подобро од 100 , зошто 100м повеќе за три пет години е подобро по дифолт ако клубот би вредел 2-3милијарди повеќе?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.578
Поени од реакции
66.272
Зошто нема шанса,и како ја заебаа тој дел ич не ми е јасно делуваш упатено може да објасниш,? зошто 25посто е подобро од 100 , зошто 100м повеќе за три пет години е подобро по дифолт ако клубот би вредел 2-3милијарди повеќе?
Ех, поминав повеќе време од што сакам да признаам читајки на оваа тема, ноќи и ноќи. Накратко, Глејзери бараа купувач кој ке може да го насакаат да плати over the odds. Англичаните имаат ептен убав израз за ова, to pull their pants down. Kлубот според сите релијабилни проценители вреди околу 3,5-4 милијарди долари. Глејзери биле спремни да го продадат клубот целосно, 100%, само ако добиеле понуда меѓу 8-10 милијарди долари. Дури и понудата на шеиков била околу 6 милијарди долари, што е сепак дупло од реалната вредност.

Е сега, Арапиве да дадат 3 пати повеќе од што клубот реално вреди, требало стварно да дозволат да ги насанкаат, и да изгледаат како кретени. Арапиве, колку и да имаат пари, постои нешто што се вика лична гордост, и шанси немаше да дозволат некој да ги насамари до тој степен, посебно не небањативе од Флорида, нешто што би ги се одразило на сите наредни зделки кои би ги правеле. Половина Лондон е нивен. Ако си ставиш репутација дека преплаќаш, секој ке ти бара повеќе, и ништо повеќе нема да купиш по некоја си реална цена.

Ако има една добра работа со ИНЕОС, ма да, дур не видам на дело, не верувам, е тоа што Ратклиф сака да постави проверени фудбалски луѓе. Оние кои знаат како се води клуб, на пример, ликов што го има водено Јувентус. Арапиве ке почнеа да купуваат Мбапиња, и сите останати други звучни имиња, а ПСЖ е прав пример дека тоа не е рецепт за успех, зашто никако да ја освојат ЛШ.

Се чека да се види овој договорот меѓу Ратклиф и Глејзери, зашто претпоставувам дека има некој договор по која сума би го откупиле останатиов дел. Зашто нема логика Ратклиф упорно да качува цена на клубот, која потоа ке мора да ја покрие, ако сака поголем дел да купи.
 
И јас барав да прочитам по нетот нешто повеќе и секогаш престанував коа дојдов до нелогичност, или нешто што не го разбирам пример кога си го поставувам прашањето Зошто некој (а не па Глејзери)би прифатил 6милијарди за да му се платат во следните 5години и можност клубот да чини дупло,а не кеш одма со тоа што знаеш дека не можеш да инвестираш, и неможеш да го следиш тој тренд на јаки клубови, исто така мое искрено мислење беше дека овој договор е потешко остварлив од целосна продажба, и јас искрено се надевав дека ова е само медијска хајка/хајп за Џим.
Околу договорот да се одолговлекува, претпоствувам дека начелно е било јасно како би изгледало тоа уште понудата која ја добиле,претпоставувам дека овој процес требало да биде само final touch.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.385
Поени од реакции
7.018
Со ова не Кејн, прајм Роналдо дебелиот едвај некој гол ќе имаше.
Е јас ова цело време го зборам, дека кај нас напаѓачот не добива никаква корисна топка во и околу шеснаесетник, дека за да фати топка мора да се извлече на 35 метри или и ако добие, што е реткост, е во ситуација да има еден, два играчи на грб, дека со играчи ко нашите крила и средина, кои прво и основно немаат асална пас игра, а да не збориме за центаршути, кој сакаш стај го напред нема да има разлика, тука на форум ме убедуваа дека Кејн ако сме го имале, он сам ќе си креирал шанси, ќе давал голови, асистенции. У нивната логика фудбалов е ко на Фифа да стаиш на бигинер мод и трча напаѓачот, помисува се и лагано дава гол. Не гледаат дека секој тим не има прочитано, што не е ни тешко. Затвори ја средината, остај ги крилата и онака ни можат да поминат играч, ни да наптаат некој вишок, ниту да нафрлат, ниту да асистираат, ниту па да дадат гол. Едино нешто у кое може да се каже дека не се лоши, не дека се нешто вау, е при полуконтри и контри. Да прашаш било кој фан тука што редовно го прати Јунајтед, на колку 100% шанси или еве многу добри шанси промашени на Хојлунд сезонава можат да се сетат, максимум 2-3 ако може некој да ти посочи, а пола сезона помина скоро.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
881
Поени од реакции
1.172
Од кого да добие ко крилава да ги прашаш не памтат кога последно дале гол, и то не на битна утакмица... па камоли да асистираат.

Јас стварно не разбирам немање мадиња, се вртат околу топка и му враќа на бекот топка, па ти ако не знајш, бекот фазла знај да издрибла? Не верувам, ретко.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.633
Поени од реакции
5.354
Момци без нервоза бе, утре арсенал е Х, јунајтед го гази Ливерпул (у некој паралелен универзум де)
Мистер гудебенинг праќа стоп д коунт мемиња док је Вила прва на табела
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
881
Поени од реакции
1.172
Тие немаат милост, и ко сме биле јаки, а тие преслаби, пак играле ко на дроги. Госпо и сите светци нека ни се напомош и пичкиве храбро да изгуба.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
Тие немаат милост, и ко сме биле јаки, а тие преслаби, пак играле ко на дроги. Госпо и сите светци нека ни се напомош и пичкиве храбро да изгуба.
Затоа е ова најголемото дерби во Англија, без конкуренција. Само се надевам дека скапо ќе ја продадеме кожата. Со толкав број на отсуства, не 8, треба 15 коеф да е за нас :D. Треба сета среќа на светов да проработи за нас, па така да се свртат работите во наша корист, за да тепаме. Колку и да имам(е) надеж, досегашната игра не ветува многу. Со среќа нека ни е, па еднаш и вар за нас нека проработи :D и ајде време е Хојлунд да збрца некое голче во ПЛ.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.810
Поени од реакции
2.604
Јас неам никаков оптимизам ниту па сум хајпнат.Очекувам демонтажа да ни направат нешто слично како лани.

Sent from my 2109119DG using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom