Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.728
Поени од реакции
21.307
Неодлучноста на управата ќе не кошта сезона пак можевме да си лапнеме 50 до 70 мил за Мектоменеј и Мегваер, ќе ги земеневме со Амрабат и Павард или еден од овие децава од Франција.
Тоа е нека ги собере Тен хаг и нека трчаат пак и во двата непревара гледам играчи што се статични и ги мрзи да мрднат да не именувам.
Сакав да пишам и јас за ова ама ете ти пиша, а да посочиме дека станува збор за the one and only мистер Рашфорд. Не можам да го разберам, ќе потпише нов договор и после тоа кур го боли, дури ми навраќа и слики од минатото каде апла не се ни замараше да трча, дури и се откажуваше од топка.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.503
Поени од реакции
9.751
Сакав да пишам и јас за ова ама ете ти пиша, а да посочиме дека станува збор за the one and only мистер Рашфорд.
Не е само он проблемот списокот е голем Гаранчо исто се помалку се враќа да помага.
 
Член од
19 август 2023
Мислења
22
Поени од реакции
20
Точен одговор
Затоа Рашфорд не е и никогаш нема да биде играчиште, туку че си остане просек шо 1 утакмица е добар а 5 е ужас и така у круг
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.736
Поени од реакции
43.861
Јас еднаш порано напишав, а мислам дека и @provokacija го тврдеше истото, се додека Бруно е главен играч во тимот, голем успех не гледаме.
Јас сум генерално задоволрн од него, ама дечкото денеска поеба се што чепна. И место да си ќути и да се извини за грешката стално другите му беа криви, што ме нервираше многу.

Околу Маунт, во прво полувреме бевме подобри и ги надтрчавме и Маунт изигра и повеќе од солидно. Висок пресинг, неколку шанси, чист пенал и зицерот на Бруно со глава.

Второ сосема различно. Нашите буквално се влечеа по терен. Така беше и со Вулверхемптон (цел меч). Мене не ми е јасно на што се должи очајната физичка подготвеност. Како да немале припреми. Касемиро исто е многу спор и лесно излегува од игра на селски дриблинзи.

Се согласувам дека МОРА да се земе уште еден играч во средина. Ериксен секако нема многу енергија, а Мектоминеј нема квалитет. Мислам дека на долг рок, кога ќе имаат повеќе кондиција, ќе функционира ова со Маунт (а и денес не изгледаше лошо во прво). Ама мора да има некој што ќе покрие во второ, посебно некој што ќе помогне во дефанзива. И мислам дека Амрабат може да заврши работа тука.

Секако, очигледно е и дека ни фали шпиц. И без класа шпиц, тешко да направиме нешто повеќе сезонава.
 
Член од
19 август 2023
Мислења
22
Поени од реакции
20
КАДЕ БЕ БРАТ ПОВЕЌЕ ОД СОЛИДНО
КАДЕ?

Не ми е јасно како тоа за тебе е повеќе од солидно кога не личеше на ништо
И солидно не е доволно за у тим како Манчестер Јунајтед
 
Член од
13 август 2023
Мислења
952
Поени од реакции
2.338
Ова стана навика последните сезони, се гледа прогрес една сезона, две, после бродолом, па промена на менаџер и така во круг. Ептен се разочарав од ова што го видов овие две утакмици, најискрено.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.736
Поени од реакции
43.861
КАДЕ БЕ БРАТ ПОВЕЌЕ ОД СОЛИДНО
КАДЕ?

Не ми е јасно како тоа за тебе е повеќе од солидно кога не личеше на ништо
И солидно не е доволно за у тим како Манчестер Јунајтед
Манчестер требаше да води до 35та минута. Да имавме голгетер на 9ка можеби и ќе водевме.
 
Член од
23 август 2015
Мислења
246
Поени од реакции
438
Ако после овие два натпревари не се направат максимални напори да се доведе Амрабат и еден стопер можеби ќе ја имаме една од најлошите сезони после Ферги.
Бруно ужасен и двата натпревари.
Антони е повеќе шоумен отколку фудбалер. Диало да се опорави е далеку подобра опција. Гарначо најголемо разочарување овие два натпревари.
Медисон докажува дека е класа за Бруно и Маунт и штета што не игра во топ екипа.
И не знам што планираат да прават со Мегваер, Дони, Бејли. Ако овие глумат лудило, прати ги во У18, па нареден трансфер нека им биде во Колчестер.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.728
Поени од реакции
21.307
Ериксен секако нема многу енергија, а Мектоминеј нема квалитет
Да се пресади мозокот на Ериксен во телото на Мектоминеј резултатот ќе биде интересен :D
 
Член од
19 август 2023
Мислења
22
Поени од реакции
20
Манчестер требаше да води до 35та минута. Да имавме голгетер на 9ка можеби и ќе водевме.
И јас требаше летото да заминам у Америка ама не заминав.
И јас ако имав 100 милиони че бев милионер.

Се дупиш ли со вакви мислења?
Озбилен си?

Требаше и ако.

Ако Агуеро не погодеше у 100та минута Јунајтед че беше шампион.

Пеналот настрана, ужас судење ама ти ако имаш играчи тоа судење нема да те спрече да дадиш гол
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.736
Поени од реакции
43.861
И јас требаше летото да заминам у Америка ама не заминав.
И јас ако имав 100 милиони че бев милионер.

Се дупиш ли со вакви мислења?
Озбилен си?

Требаше и ако.

Ако Агуеро не погодеше у 100та минута Јунајтед че беше шампион.

Пеналот настрана, ужас судење ама ти ако имаш играчи тоа судење нема да те спрече да дадиш гол
Не знам ти зошто не си заминал за Америка, ама ова моето "требаше" не е нешто фиктивно што јас го измислувам. Јунајтед креираа неколку добри шанси во прво полувреме и имаа иницијатива и контрола над мечот.

Рашфорд со глава (што може и беше офсајд), Бруно чист зицер исто со глава, пеналот, Гарначо кога ја прими лошо и волот Ентони неколку пати поеба напади со лош пас. Тотенхем голот не ни го видоа до пречката на Поро. Значи не била толку лоша замислата, колку што не сме знаеле да ги реализираме шансите.

Гвардиола како вика "моја задача е да ве донесам во последната третина од теренот, после на вас е да финиширате."

Второ беше катастрофа од епски размери. И ниту една измена ни освежи ништо посебно. Пак ќе кажам, не ми е јасно како играчите изгледаат како тек да се враќаат од одмор, ама тоа е сериозен проблем за тен Хаг.
 
Член од
13 август 2023
Мислења
952
Поени од реакции
2.338
Од следна утакмица ако не стартова со Рашфорд лево, Марсијал шпиц и Санчо десно нека си еби мајката и Тен Хаг. Рашфорд лево е друг играч, џабе се турка со сила на шпиц, посебно сега кога Марсијал е фит, иако не се знае до кога, ама моментално е фит и треба да игра тој на шпиц.
 
Така е братче
Да се броеа сите промашени шанси Јунајтед би бил прв
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Од следна утакмица ако не стартова со Рашфорд лево, Марсијал шпиц и Санчо десно нека си еби мајката и Тен Хаг. Рашфорд лево е друг играч, џабе се турка со сила на шпиц, посебно сега кога Марсијал е фит, иако не се знае до кога, ама моментално е фит и треба да игра тој на шпиц.
Јас не разбирам зошто играчот кој лани беше најдобар баш како лево крило, сега е прекомандован шпиц кај што буквално не постои, освен што се плетка со топка. А овие лево се исто толку бескорисни. И место да се опасни од лево, опасни се од никаде.

Досега само Ван Бисака има направено нешто покрај скапите крила, и то само по себе е тажно.

За средината немам зборови, Маунт е вториот играч кој треба да е подобар Ериксен, после Сабитзер, ама две утакмици цела екипа нема акција склопено.

Знам дека е рано за драматизирање, ама аман веќе.
 
Член од
4 август 2023
Мислења
373
Поени од реакции
940
Експериментот со двете осумки или двете десетки очигледно ќе биде катастрофа. Нити Бруно игра како што треба, ниту Маунт. Реално, Бруно и Маунт се потполно ист тип на играч, и се гушат меѓу себе. За Маунт да биде добар потребно му е да ја има топката кај себе, а Бруно немилосрдно троши топки кога Јунајтед има посед.

Додека не пропаднала сезоната МОРА да се донесе играч кој е класична осумка, значи физички силен играч кој ќе му помага на Касемиро, но и кој ќе учествува во градењето на нападот. Играч ист како Бисума на пример. Рашфорд НЕ СМЕЕ да игра шпиц, ако веќе толку не сака да го игра Марсијал, нека игра со Санчо како лажна деветка додека не стартува Хојлунд. Рашфорд како лево крило е материјал за репрезентација, на шпиц едноставно не го бива, и не е негова кривица што таму игра слабо. Не знае со глава и не знае со грб накај гол, му се гуши целиот потенцијал кој му е брзината и пробивноста.

Тен Хаг мора да научи да си ги признава грешките. Единствено што ме теши е што лани после првите две катастрофални кола виде дека не може со глават во зид, па ја смени играта. Се надевам дека повторно ќе се случи истото.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom