- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 32.620
- Поени од реакции
- 66.458
Има еден друг проблем со Бруно. Кога не му оди на тимот, сака сам да го реши мечот, и се обидува да префрли цела средина со пасови кон Рашфорд, и кога треба, и кога не треба. Ако имате забележано, ретко пробуваме низ средина да направиме акција, секогаш на крило, каде Гарначо и Ентони ништо значајно не прават.
Бруно и како обичен играч, и како капитен треба да биде оној кој планот на тренерот ке го спроведе до крај на терен. Наместо тоа, тој е играчот кој наместо да почне да диктира игра и да наметне темпо со сигурно пааови, се обидува со холивудски пас да даде асистенција, во најголем дел кога противничката одбрана е поставена, и тој ја руши цела концепција на игра. Враќа посед лесно на противниците, и мора веднаш да се браниме. Ова посебно доаѓа до израз кога имаме негатива. И мене не ми пречат овие долги пасови, но ги пробува кога нема потреба за истите, рушејќи ја цела концепција на игра, и пак ставајќи го тимот под притисок. Лани го правеше истото со Сити на гости, сега пак. Што е многу симптоматично, јавно има кажано дека не планира да го смени стилот на игра. Тој треба да е последен на терен што ке се откаже од она што е договорено пред мечот.
Прв знак дека екипа не знае да игра по земја ти се овие долги пасови. А ако не знаеш по земја, не знаеш фудбал. Толку е просто. Пишав и претходно дека за мене напредок оваа сезона ке биде да се подобри скорот против топ 10 екипи на гости.
Наместо тоа, како за почеток добивме шамарање од тренер кој завчера дојде во Тотенхем, и успеавме Ивс Бисума, кој лани имаше катастрофална сезона, да го направиме денес да изгледа како прајм Макелеле.
Од друга страна, на тренерот е да увиди дека Гарначо не му е спремен сеуште да биде стартер и дека има огромен импакт од клупа, да направи измени далеку порано, да кажеме 55-та минута, зашто гледаш дека средината не постои во второ полувреме, врати го Рашфорд на природна позиција, и по кој не знам пат, не го ставај Бруно на крило.
Гостуваме потоа на Арсенал, па нека му ја мисли Тен Хаг. Ова е веќе негов тим, и вакви утакмици нема да бидат толерирани.