Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
31 јануари 2007
Мислења
19.019
Поени од реакции
23.256
Презаслужена победа на Њукасл, поагресивни, подобра игра, со далеку поголема желба беа. За 90 минути не успеавме една течна акција да направиме, неколку паса не можеа да поврзат, се на се 10 пати центар поминавме, не знам што се случува со тимот последните утакмици, ама од Ливерпул наваму екипата е тотално аут, со Саутемптон висеше голот, со Фулам победивме поради сплет на околности, инаку до прекинот беше тотално истабутакмица од оваа денес, ај ќе препишале на уморот. Еве ги пола играчи не ни беа со репрезентации, сега што е работата?
Нека берат ум дури е време оти на една утакмица сме да излеземе од топ 4 и да фатат удолница.
Не е од Ливерпу, вака играт откако го освоивме купот. Едноставно не се замарат, срамно е тоа што го прикажаа денеска, без залагање без желба..

Никаква игра страмна е.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.459
Поени од реакции
7.267
Влагаат во криза, три утакмици во ПЛ, два порази и бод против Сотон. Виси топ 4 во моментов, а со пристапов во последниве 3 утакмици, повеќе делува дека ќе го изгубиме, него ли што ќе го задржиме. Мек Томинеј ако мораше да игра, едина позиција на која можеше да не биде погубен по Јунајтед е таму кај што играше во прво, понапред. Така никаков придонес немаше во напад, ама бар не правеше штета во дефанзива. Директен кривец за голот може да се каже. Наместо да ја избие топката кога беше на раб на шеснаесетник, дечкото реши дека треба да смирува тока, да дрибла, не знам што мислеше, во ситуација кога имаше блиску до него играчи на Њукасл. Нормално изгуби топка и ни дадоа гол.
Не можам да разберам како може нашиве да делуваат така умртвени, млитави, без желба за докажување, надигрување, а од друга страна имаш играчи кои гинеа на терен, трчаа, се бореа за секоја топка, секој дуел, секоја ничија топка ја добија. Антони мора да се седне на клупа, да се прати негде на ладење. Дечкото во секој момент гледа да изиграва мајмун, наместо да се концентрира на играта, на тоа што се дешава на терен, околу него. Нека му забрани веќе ен Хаг тоа циганските финти да ги прави. Нека му ја оспособат колку толку тоа десната нога, стај го таму да кисне да тренира центаршут. Не знам дали Бисака беше неспремен, ама Далот не смеее да изигра цела утакмица, не требаше ни да почне против Сент Максиман. Здравје му зема и сега и на предходната. Напаѓач, замена за Касемиро, замена за Бруно (или топ играч, па да можат да ротираат со Ериксен, Бруно, Фред во одредени ситуации), десен бек се маст бај.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.656
Поени од реакции
6.513
Рашфорд беше далеку послаб од Ентони денес. Ентони имаше добри потези прво полувреме за разлика од Рашфорд кој го немаше никаде.
 
Член од
21 март 2023
Мислења
166
Поени од реакции
369
Среда со Брентфорд нека оди со Фред и Сабицер средина (во отсуство на Каземиро ова делуваше како најдобра опција досега) и Вегхорст на клупа, дали Марсијал ќе е шпиц или Рашфорд шпиц а Санчо лево небитно.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
12.004
Поени од реакции
11.937
Не ја гледав ама најавив и осеќав дека ќе го испушат. Не се комплетни и им фалат играчи на нивото на Касемиро, па и подобри. А не сеа, овој го нема и крај на свет.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.257
Поени од реакции
68.927
Сезонава ке е пропаст ако не фатат ЛШ. За нас треба да си гледаме. Ке не стигне ова играње фудбал на секои 3 дена во најлош можен момент.
 
Член од
21 март 2023
Мислења
166
Поени од реакции
369
Сезонава ке е пропаст ако не фатат ЛШ. За нас треба да си гледаме. Ке не стигне ова играње фудбал на секои 3 дена во најлош можен момент.
Имаше доста играчи кои беа одморени, никако не може да се вади ова катастрофа денес на умор. Иако требаше некако барем уште Бруно да го задржат во Манчестер за паузата како своевремено Ферги што правеше кога ќе дојдеше овој период, а не да го цедат по 80 минути против Луксембург и Лихтенштајн.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.076
Поени од реакции
1.575
Имаше доста играчи кои беа одморени, никако не може да се вади ова катастрофа денес на умор. Иако требаше некако барем уште Бруно да го задржат во Манчестер за паузата како своевремено Ферги што правеше кога ќе дојдеше овој период, а не да го цедат по 80 минути против Луксембург и Лихтенштајн.
Бруно е доволно глупав за да не можат тоа да го изведат
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.941
Поени од реакции
22.092
Сезонава ке е пропаст ако не фатат ЛШ. За нас треба да си гледаме. Ке не стигне ова играње фудбал на секои 3 дена во најлош можен момент.
За што да фатат ЛШ друже? За да гледаме вакви кошмари и во ЛШ ? Ако да, нема потреба воопшто да се малтретираат ете има Мики Маус купови за освојување, таму има екипи од 3та лига, ако ништо друго бар нив можеме да ги мачкаме на леб.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
7.208
Следните 3 со Брентфорд, Евертон и Нотингем, од кои, првите две се дома, не смеат ни да помислат да кикснат. Инаку нека се збогуваат со ЛШ.
 
Член од
6 септември 2021
Мислења
326
Поени од реакции
563
Далот,ти друже си за 3та португалска не за Премиер лига. Вавко лутање по терен ко мува без глава немам нигде видено. Т.е имам видено еднаш ,у финалето СП 2014 кога на Крамер му дадоа нокаут и продужи да игра. Управата под итно нека се утепа ако го шитнат Бисака на лето.
Друга работа Тен Хаг многу почна да ја оплескува. Може некој да ми објасни што беше тоа со вадењето на Лисандро и Варан? Не ми е сфатливо.
Другите не ги ни коментирам,зашто не се за коментирање. Никаква заинтересираност,никаква борбеност.
И најважната работа,со која што верувам многу фанови овде ќе се сложат,бидејќи повеќето размислуваме исто,а и до пред месец дена зборувавме за 4 титули... сите овде го направивме Тен Хаг новиот САФ, го направивме тимов дека е на рамниште на сити,дека играчите гинат за тимот, дека ќе се напаѓа ПЛ итн... ама за жал се враќаме во реалноста и сфаќаме дека се што досега направивме добро се должи само и само на КАЗЕМИРО.
Шампионски тим не е тим што зависи од еден играч и што се базира се на него. Додуша и добро дојдоа овие 2 црвени ,да се разјаснат многу работи и да се види дека всушност не е Тен Хаг магионичар. Да добар тренер е ,има иднина во него дефинитивно,меѓутоа се што дојде добро ви тимов сезонава 90% се должи на Каземиро. Вчерашниот меч е најсвеж пример за тоа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.257
Поени од реакции
68.927
Со Бренфорд ке биде најзаебано, ама ке мора да тепаат.

Додуша и добро дојдоа овие 2 црвени ,да се разјаснат многу работи и да се види дека всушност не е Тен Хаг магионичар. Да добар тренер е ,има иднина во него дефинитивно,меѓутоа се што дојде добро ви тимов сезонава 90% се должи на Каземиро. Вчерашниот меч е најсвеж пример за тоа.
Во Јануари му дадоа 0 пари за појачување, и мораѓе да крпи со Вегхорст и замена од Баерн, а играат утакмица секои 3 дена. Мора, ама мора да исчисти добар дел од играчите, и да си донесе негови играчи. Гледам дека и со Санчо полека се губи трпението.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
19.019
Поени од реакции
23.256
Со Бренфорд ке биде најзаебано, ама ке мора да тепаат.



Во Јануари му дадоа 0 пари за појачување, и мораѓе да крпи со Вегхорст и замена од Баерн, а играат утакмица секои 3 дена. Мора, ама мора да исчисти добар дел од играчите, и да си донесе негови играчи. Гледам дека и со Санчо полека се губи трпението.
Кога го видов Санчо со звучникот при прославата на купот ми стана јасно дека сеуште е во филмот на Лингрд и другар му Погба, куроболие не се замара. Ако не се смени нешто драстично во однос на пристапот кон утакмиците до крајот на сезоната јас би го продал без око да ми трепне.

Уште две утакмици сме без Каземиро, против Брентфорд и Евертон дома, едноставно мора да ги добиеме .. Потоа ќе се дише послободно ќе се вратат и Каземиро и Ериксен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom