Доброто е што вадиме резултати и кога не играме најсјајно, и што условно, ја свртевме сезоната по оние 2 шокантни резултати на почетокот на сезоната. Се гледа напредок во тимот, добар дел од играчите се подобрени, се внесува дисциплина полека и нема фаворити кај тренерот, туку ке игра оној кој е во најдобра форма.
Ако можам да издвојат една негативна страна, тоа е што не сме поубедливи против помалите екипи, едноставно треба да ги полниме. Денес на 2-0 изгубивме целосен концепт на игра едно добри 10-15 минути, и Бормут излегуваше еден на еден со Де Геа во неколку наврати, како да немавме средина. Против подобра екипа, ова едноставно не смее да случи, зашто потоа ке бркаме резултат.
Генерално, добар дел од играчите се препородени, особено Рашфорд, кој игра во одлична форма и Шо. Замерка имам кон Марсијал, кој не е воопшто агресивен напред, па не може ни пресинг да се игра добар заради тоа. Да не ги спомнувам зицерите што ги промашува. Со еден збор, млитав.
Напаѓач мора да се купи сега во Јануари, за да го зацементираме топ 4, зашто ако се ослонуваме на Марсијал, наебавме. Една повреда на Рашфорд, и ке се мачиме гол да дадеме.