Како прво,честитки на авторите за одличниот вовед на новата тема,кој потполно кореспондира со богатата историја и успешната сегашност на најдобриот фудбалски клуб во светот.
Во врска со натпреварот,нормално дека очекувам позитивен резултат,а тоа е само победа.Тим како Јунајтед не смее да се задоволи со нерешен резултат против Милан дома,ако се земе предвид и резултатот на гостински терен,а и победничкиот карактер на тимот,иако поволно за нас секако би било и нерешено.
Милан е хендикепиран со неиграњето на Неста и Пато во првиот тим,ние имаме многу повеќе пехови со повредени играчи,изненадува и играњето на Невил во почетниот состав,веројатно Рафаел не е доволно фит за ваков дуел.Формацијата е стнадардната за вакви мечеви,со тоа што Парк,веројатно како и на првиот дуел ќе делува во средината,сигурно да го неутрализира Пирло,а и да напаѓа од позадина.
Сигурен сум во победа вечерва,се читаме после натпревар во победничка еуфорија,секако.