Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Без непотребно фурање ...Болтон не е ни малку наивен противник, плус може да ни биде тоа што од кога Овен Којл им е менаџер играат напаѓачки и најдобар фудбал во последните години, сакав да кажам се надевам ќе немаме проблеми како со Ренџерс 10 у 16 метри и мачи се 90 минути, со среќа денес и со максимално залагање победата нема да ни избега. :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Се надевам дека Фергусон повторно ќе им го направи „Do you want the title or not?“ муабетот пред мечот за да не го потценат противникот. Се молам само Нани ако му се појави шанса за гол да не влага во Роналдо филм и да не дрибла никого :se_ molam
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Јунајтед спремен да плати 20м евра за Де Геа

нглискиот гигант Манчестер Јунајтед сериозно се заинтересира за младиот шпански голман Давид де Геа, јавува денешното издание на Мирор.
Менаџерот на 18-кратниот шампион на Англија, Алекс Фергусон настојува да биде донесен 19-годишниот младински репрезентативец на Шпанија, со оглед на тоа дека ѓаволите треба наскоро да најдат замена за веќе престарениот ветеран Едвин ван дер Сар.
Јунајтет веќе упати една понуда за Де Геа, но таа беше отфрлена од семејството на шпанскиот тинејџер. После тоа медиумите од островото информираа дека во Театарот на соништата имале приготвено чек од 14 милиони, кој ќе послужел за привлекување на голманот на Атлетико Мадрид.
Спорет денешните информации трансферот на младиот играч во Манчестер ќе стане факт ако Ферги и шефовите над него издвојат 20 милиони евра. Втората варијанта за англичаните е холандскиот репрезентативец Маартен Стекеленбург но според Мирор, трансферот на Де Геа на Олд Трафорд е поверојатен.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Кратко и јасно, натпревар кој мора да се победи и да се искористат киксовите на Арсенал и Челзи. Ни следи еден период каде мора да покажеме пред се ментална сила и секако квалитет. Не смее да има кикс, зошто мислам дека ги искористивме сите џокери во стилот ''има време, почеток на сезона е''. Од сега се што следно ќе се случи и на нас и на останатите екипи повеќе или помалку директно ќе влијае на крајниот епилог на табелата. Клубот го знае тоа, Ферги го знае тоа, играчите го знаат тоа. Ова ни е прва од двете шанси кои ќе ги добиеме, бидејќи ако не се лажам следното коло играат Челзи и Арсенал меѓусебно, а ние повторно имаме сега уште потешко гостување кај Сандерленд, а во средина на неделата играме исклучително тешко гостување кај Валенсија. Три тешки гостувања. Епа ако сакаме да што викаат англичаниве MAKE A STATEMENT, денес ја имаме првата шанса и мора да ја искористиме.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
^ Ќе игра.

Инаку денес Болтон мора да се победи , да се искористат киксовите на Челзи и Арсенал. И по можност да им дадеме 2-3 гола побргу , и Ферги нека ги одмори Руни , Сколс и уште некој , зошто не чека тежок натпревар против Валенсија.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.801
Поени од реакции
44.094
http://therepublikofmancunia.com/sneijder-i-wouldnt-say-no-to-united/

Откако повторно почнаа да не поврзуваат со Снајдер, еве тој што изјавува..

А за денес, едноставно со 2 збора, мора да победиме.. За денес, иако нормално нема да биде многу лесно на гостувањето, очекувам победа, меѓутоа 1 до 2 разлика, повеќе не ми се верува да победиме, а од Валенсија и од Сандерленд искрено се плашам, посебно од Валенсија која е во топ форма.. Ќе видиме што ќе биде, да одиме со ред и прво да си победиме денес... :)

GGMU!

--- надополнето ---

Мислам дека не е постирано, иако е од пред неколку дена.. http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-1314187/Play-Im-Manchester-United-reserve-goalkeeper-Tomasz-Kuszczak-hands-ultimatum-Sir-Alex-Ferguson.html
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.627
Поени од реакции
6.434
Бербатов и Руни по 1 и доста е :)

Oчекувам тешок натпревар но со оглед на тоа дека секогаш кога очекувам такво нешто ме демантираат момците со петарди и не се грижам многу ;)
Да ги добиеме овие 3-4 натпревари меѓу кој и тој со Валенсија (која секој викенд ја погодувам во кладилница :) ) би било супер.За ПЛ со победи во следните 3 натпревари сигурен сум дека ќе бидеме на врвот.
Харго кога се враќа?
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.128
Поени од реакции
1.730
United Squad To Face Bolton : - VDS; O'Shea, Evans, Vidic, Evra; Nani, Scholes, Fletcher, Giggs; Rooney, Berbatov

Subs - TK, Owen, Anderson, Smalling, Park, Rafael, Macheda

Кикс ни на крај на памет да не им е!

п.с нема да можам да дојдам во корнер :/
 
Член од
13 март 2008
Мислења
223
Поени од реакции
18
Добро бе тој о ши до кога ке го форсира во првиот тим златен рафаел тој ми пуста антиталентот оши
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom