Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Јас искрено не би сакал да дојде Џеко по мерак би ми било доколку игра Македа прв состав отколку Џеко. Мислам дека ќе се изгуби во Јунајтед. Златен Бенз да го земеме каков Џеко.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Шпекулацијата за Анелка е чиста измислица на новинари со поише слободно време. Џеко мислам дека би бил добра замена за Бербатов, дури и подобра, висок играч со силен шут, добра игра со глава и добра техника. За Ајрланд не сум баш најсигурен, WE DON'T WANT CITY REJECTS (иако кога беше во прв тим за Шити не беше лош).
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.081
Поени од реакции
1.638
Чичарито се вратил од повредата и играл сабајлево за Мексико против Еквадор.Поинтересните моменти:


Сезонско финале: Јунајтед v Стоук


Премиер лига, 38мо коло|Недела, 9 Мај 2010|Почеток: 17:00h
Стадион
: Old Trafford, Manchester

До мене е или секоја сезона поминува се побргу и побргу?Ми се чини како вчера да беше денот кога се плашевме сите како ќе бидеме без Роналдо и Тевез во тимот и како Руни го даде победничкиот гол против Бирмингем.Не ми се верува дека е последниот натпревар сезонава.За разлика од последните 2 сезони, имаме помалце натпревари/натпреварувања за играње па сезонава за наутралците се чинеше дека е многу послободна за Јунајтед, но баш спротивното, тензиите се на највисокото ниво во ова последно коло.Титулата ќе се одлучува во последното коло, нешто што не беше случај минатата сезона, кога можевме на раат да си ги гледаме Македа,Велбек,Гибсон и Де Лает како играат против Хал.Сите ја знаеме ситуацијата, Челзи се еден поен пред нас, веќе не зависи од нас, зависи од тоа дали Виган ќе успее да извади бод или 3 на Челзи.Иако шансите се минимални, сигурен сум дека ќе пружат поголем отпор од што пружија Ливерпул.

Како и да е, за да можеме воопшто да размислуваме за создавање на ваков пресврт на настаните ни треба победа против Стоук.13ти на табелата со 44 бода и само 11 победи цела сезона(4 на гости), не би требало да ни преставуваат никаков проблем, не се борат за место во Европа,ниту за опстанок.Со двата голмани повредени, ќе им брани младиот Бегович, а минатиот натпревар успеаа да го победат Фулам со 0-1.Кај нас е потвредно дека Валенсија ќе биде отсутен на последниот натпревар сезоната, другите се повредени од поодамна.Рио изиграл половина час на меморијален натпревар за легендата Тони Кар, во дресот на Вест хем, така да би требало и тој да биде фит.

Можни состави:
VDS

Rafael - Rio - Vidic - Evra

Nani - Scholes - Fletcher - Giggs

Rooney - Berbatov




Fuller - Sidibe

Etherington - Delap - Whitehead - Whelan

Higginbotham - Huth - Shawcross - Wilkinson

Begovic

Мој тип:
Ние победуваме со сигурност, се зависи од резултатот на Стемфорд па би го типувал тој натпревар.Челзи имаат 1 победа од последните 5 натпревари во последниот ден, а 3 од нив завршиле 1-1.
Челзи 1 - 1 Виган :)))
 
F

fantomX

Гостин
Шпекулацијата за Анелка е чиста измислица на новинари со поише слободно време. Џеко мислам дека би бил добра замена за Бербатов, дури и подобра, висок играч со силен шут, добра игра со глава и добра техника. За Ајрланд не сум баш најсигурен, WE DON'T WANT CITY REJECTS (иако кога беше во прв тим за Шити не беше лош).
...и Анелка како Ливерпул и Челзи „recejt“ . :icon_mrgr

Мој тип:
Ние победуваме со сигурност, се зависи од резултатот на Стемфорд па би го типувал тој натпревар.Челзи имаат 1 победа од последните 5 натпревари во последниот ден, а 3 од нив завршиле 1-1.
Челзи 1 - 1 Виган :)))
...а ниеден од 5те не бил финале во буквална смисла на зборот... :tv:
 
Член од
22 јануари 2009
Мислења
382
Поени од реакции
25
Сигурна победа на Манчестер и реми на Челзи во 38 коло на премиер лигата при што Манчестер по 4тврти пат ја одбрани титулата во Премиер лигата , нешто вака ќе изгледаат завршните зборови на коментарите на телевизиите кој преносуваа Премир лигата.:vozbud::tv:
 
B

BooBojan

Гостин
Искрено да ви кажам дека тоа со Анелка дека ке дојдел јас мислам дека е само една обична меиумска шпекулација лично мислам дека шансите Анелка да дојде во Манчестер Јунајтед се 0.01% а и да дојде ако ги купиме Џеко и Силва за Анелка ке има место само на клупата.Мислам дека Силва мора да се донесе ако сакаме да бидеме конкурентни за лига на шампиони а мислам дека Џеко е тешко изводлива мисија.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.756
Поени од реакции
21.444
Сигурна победа на Манчестер и реми на Челзи во 38 коло на премиер лигата при што Манчестер по 4тврти пат ја одбрани титулата во Премиер лигата , нешто вака ќе изгледаат завршните зборови на коментарите на телевизиите кој преносуваа Премир лигата.:vozbud::tv:
ЛАЈК :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Абе каков Анелка во Манчестер.. доста ни е едно дрво *бербатов*, не ни треба уште едно
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.756
Поени од реакции
21.444
:pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Аииииии видеовооооо
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Ама и тоа со Флеч, Еванс и О`Шеј е јако, who is the fastest? Wazza, if he continued his run at the Arsenal match, he would have set a world record :eek:jea:
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Хахаха за Бенз мало морген:smir:(цвеќево од реал друго ништо)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500


Онур.


Што се тиче Бензема, ја не би го зела, нејќам такви лигуши во тим да гледам.

P.S. Да стварно, колкав е бројот на клубови во кои има играно Анелка, да не се спрема за во Гинис овој?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Шпекулацијата за Анелка е чиста измислица на новинари со поише слободно време. Џеко мислам дека би бил добра замена за Бербатов, дури и подобра, висок играч со силен шут, добра игра со глава и добра техника. За Ајрланд не сум баш најсигурен, WE DON'T WANT CITY REJECTS (иако кога беше во прв тим за Шити не беше лош).
Последниот пат кога не поврзуваа со проституткава заради него освоивме ЛШ :D ако дојдеше кај нас... несакам да помислам што ќе се случеше, направи прав избор во времето кога го молевме да игра во тим... епа нека игра кај сака сега.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.081
Поени од реакции
1.638
Good 'coaching’

Wigan’s players were taken to the train station by United’s team coach on Saturday. The clubs share the same coach company but were given the use of United’s bus.

"We are capable of going to Stamford Bridge and making things difficult.'' - Roberto Martinez

:icon_lol:

Ајде момци, реприза денес!

 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Пред официјалниот финиш на првенството и финалната разврска за шампионскиот тим за оваа сезона можам само да им се заблагодарам на момците кои играа за нашиот Јунајтедов дрес, бидејќи ни понудија една од најинтересните сезони!

Бидејќи еве 13-тина години наназад времето го сметам со почетокот и крајот на првенствените натпревари на Јунајтед , замене практично денеска е Нова година :) :) ......па очекувам уште некое чудо да се случи во меѓувремее.... :)

За секој случај ќе тркнам пред да затворат продавниците денеска да си купам некое чоканче.....оти во секој слчај денеска ќе се пие за Јунајтед !

Сезонва беше за мене ,би рекол една од подобрите бидејќи се случија големи нешта се изиграа големи натпревари и постигнаа добри резултати....

Кога велам големи нешта алудирам пред се, на настаните на теренот (новиот систем на игра, “новиот“ флечер , валенсија на теренот , “раѓањето на нани“ , експлозијата на Руни ....) како и настани надвор од теренот ( протестот против глејзер пред се ) , резултатите можеби небеа на нивото од претходните 2-3 години,имавме повеќе порази , ама нив неможеме да ги гледаме изолирано од другите работи поврзани (заминувањето на 2 прилично ,претходно влијателни играчи (што сезонава беше најмал проблем) потоа големиот број на повредени играчи (најголем проблем) и неколку клучни судиски грешки)...............а небеа ни лоши (победи над ливерпул и сити )

ВО секој случај , рекапитувалција на сезонава ќе правиме и подоцна ....но идеата ми беше да напишам дека што и да се случи на денешното последно коло - генерално треба да им се искаже респект на играчите за сезоната која ни ја подарија , резултатите и местата на табелата не треба да не замараат , барем мене не ме замараат - денеска уживајте си , земете си грицки ,сокче ,пивце и гледајте си го Јунајтед (мада и Виган денеска ќе го бодриме по манчестеровска линија) , нашиот тим , најголемиот во Англија , најголемиот во светот!
КУЛТУРА е нашиот однос , Јунајтед е религија и институција не само фудбалски клуб !

Поздрав и очекувам да победиме денеска !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom