ahahah колку убаво се Римува
Реал елиминиран, Милан демолиран!!!
Руни: Играм во животна форма
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој постигна два гола во синоќешната победа на "црвените ѓаволи" над Милан од 4:0 призна дека никогаш во животот не бил во подобра форма. Јунајтед со вкупен резултат од 7:2 го елиминира Милан.
"Мислам дека во моментов го играм најдобриот фудбал во животот. Многу сме среќни заради победата и со нетрпение го очекуваме жребот. Првиот гол беше најважен и знаевме дека тој ќе биде одлучувачки. Се радувам што се вратив во игра, бидејќи ми беше непријатно што го пропуштив мечот со Вулверхемптон. фантастично беше чувството да се игра и постигне гол вечерва", изјави Руни по натпреварот со Милан.
Тој не пропушти да ја пофали фантастичната атмосфера на Олд Трафорд и начинот на кој симпатизерите на Манчестер Јунајтед го пречекаа Дејвид Бекам.
"Атмосферата беше неверојатна. Бекам доживеа чудесен пречек и јас мислам дека целосно го заслужи", додаде англискиот голгетер.