Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellz Guardian
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.


Само навивачи на голем тим како МЈ можат да направат вака емотивна атмосфера.
 
4-0 ништо страшно

дефинитивно му опростувам на Невил шо го пцуев на сите натпревари што имаше прилика да заигра оваа сезона

дефинитивно Најдобро одигра брутално и секогаш вршеше притисок врз роналдињо кој незнаеше кај да се сврти
срека шо РАФАЕЛ е малце по агресивен и кога влезе на место на Невил Продолжи да го рецка роналдињо
хахах
Руни нема коментар за него
Рио и Вида Кинески зид
Парк прекрасен
ФЛЕЧ ЛУДНИЦА ЗНАЕ КОГА ДА ПОГОДИ !!!
Да е агресивен ама некад знае и преагресивен да е. Значи кога се на терен сколс и рафаел само тогаш ми е страв да не уклизаат како што знаат па црвен да им дадат.
 
http://www.24fudbal.com.mk/Default....49f-3fe867ddaa25&ln=3&typeBack=Последни Вести



хахахаха прочитајте го само последниот пасос....


p.s. Нема многу тимови што успеале да го совладаат Милан со 4-0, не сум сигурен дали некој успеал во тоа.

Колку е глуп Галијани: Без Пато и Неста знаев дека ќе загубиме" и после “Доколку Милан има 100 милиони евра додаден приход по сезона сигурно ќе можеме да изградиме тим како овој на Манчестер Јунајтед.”:tapp:
 
По вчерашната еуфорија на раат да искоментирам за вчера:
Ох ох ама е убаво чувството да се биде во 1/4 финалето по 12-ти пат :vozbud:. Со тоа и официјално станавме рекордери меѓу англиските екипи во ЛШ. Секој пласман чекор понатаму во ЛШ е голем успех, а уште кога во тоа ќе се вклучи и одмаздата против еден од моте најомразени тимови задоволството е комплетно. Што да се каже за вчерашниот натпревар кога самиот резултат кажува се. Секогаш цврстиот Милан којретко кога примаше повеќе од еден гол во минатото вчера на Олд Трафорд беше прегазен, понижен, насамарен, надигран и натоварен со 4 парчиња во својата мрежа. Го завршивме она што го почнавме на Сан Сиро и докажавме дека сепак не било среќа што Манчестер првпат во историјата победил на нивни терен. Не било среќе што Руни даде 2 гола со глава (што рака на срце не беше негова силна страна...досега). Не било среќа што Сколс даде таков килав гол. Фактот е дека Манчестер Јунајтед ИГРА ФУДБАЛ во секоја смисла на играта. ИГРА ФУДБАЛ на својот гол со стариот, но одличен ВДС. ИГРА ФУДБАЛ во одбраната со Рио, Видиќ, Евра, Рафаел...., ИГРА ФУДБАЛ во средината со Флечер, Сколс, Парк, Нани, Валенсија, Керик..., ИГРА ФУДБАЛ во нападот со Руни, Бербатов, Гигс....и најважно од се ИГРА ФУДБАЛ и на клупата со Сер Алекс Фергусон. Токму Ферги рече пред двомечот дека го чита Милан како селски буквар и не лажеше човекот. Вчера ја прочита и последната лекција. На некого му се допадна, на некого не (Леонардо). Но оваа победа не смее да не фрли во облаци туку треба да ни даде мотив за уште поголеми победи и тоа веќе во недела против Фулам, затоа што секој неуспех веднаш после ваков успех ќе биде можност “оние другите“ да не заебаваат, да не провоцираат. Но Ферги сигурно нема да го дозволи тоа, Фулам за разлика од Милан е екипа за почит :pos: тие не' имаат победено 2 пати на последните 3 натпревари.

Од друга страна ќе спомнам малку и за нашите поранешни ѕвезди и идоли кои вчера доживеаја вистинска бламажа во дресовите на другите клубови:
Роналдо првпат доживеа како е да не се помине 1/8 финале и тоа кога по крај себе имаш соиграчи кои се прескапо платени и ти се чини дека се семоќни и дека за нив ништо не е невозможно. Е па другарче Роналдо, чиј црвен дрес со твоето име гордо го носам, сигурно виде што е Манчестер, а што е Реал. Ама млад си ти ќе имаш и други шанси за успеси, само не знам дали тоа ќе биде со Реал или со ко мало девојче ќе плачиш тато Ферги да те купи пак назад. Ама како што вели народот: по е**** нема каење, па така сега твое место го има некој друг играч кој игра со полн жар, љубов кон клубот кој може да му донесе големи резултати во неговата кариера.
А Бекам пак, чиј црвен дрес со неговото име исто така гордо го носам, вчера малку му недостигаше да заплаче. Кога го имаше оној прекрасен удар верувам сакаше да даде гол, а во умот да замисли како постигнува гол на другата страна затоа што без разлика што ќе постигнеше гол против Јунајтед не се сомневам дека публиката ќе го поздравеше како да игра за Јунајтед, а не за Милан. Бекам го сакаше тоа ама ништо од тоа. А една слика која кажува се ја видов вчера одма после натпреварот на германската SkySports. Гостин беше Матијас Замер и коментираше токму за Бекам. Иначе на сликата беше Бекам во три различни дресови: црвен, бел и црно-црвен. Разликата беше само едно... со црвениот дрес го држеше во рацете пехарот од Лигата на Шампионите :smir:
 
Од кога не сум пишал нешто во фан клубов, се оддалечив многу. Редно е да се вратам со честитки за победата. 4 парчиња против Милан е одличен резултат, вака не сум бил среќен не знам од кога :) Ако продолжат вака мириса на титула.

Исто морам да го пофала и Бекам, мојот ол тајм омилен играч од Манчестер поради тоа што го зеде шалот на крајот од мечот, покажа дека Јунајтед се уште многу му значи.
 
http://www.sportdenes.com/index.php...22-59-47&catid=7:2009-12-26-20-26-31&Itemid=9


барем некој поштено го призна поразот :vozbud:


Тој(Руни) игра фантастично, многу подобро од минатата сезона, а тоа го почувствува и Милан со четирите примени погодоци. Три од нив ги постигна со глава, а воопшто не е висок туку е гладен за фудбал што се гледа во секој изминат натпревар.“ - додаде холандскиот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед!
 
http://www.24fudbal.com.mk/Default....49f-3fe867ddaa25&ln=3&typeBack=Последни Вести



хахахаха прочитајте го само последниот пасос....


p.s. Нема многу тимови што успеале да го совладаат Милан со 4-0, не сум сигурен дали некој успеал во тоа.
Mislam deka Deportivo gi pobedi 4-0 na revans vo LS, na San Siro bese 4-1 za Bilan:smir:

Без лични навреди те молам.
Zboruvame za LS :)
 
има ајакс милан 6-0 :uvo::vozbud:
 
Честито победа момци, се надевам дека ќе се најдете на трето едно подруго финале во Мадрид. Само продолжете со ваква игра.

Убава фудбалска лекција за магарињана мои што навивам. :pipi:

Ептен ми е мило за Гери Невил супер утакмица изигра иако има 35 години ( ако не се лажам ), само за разлика од нашиве старци изигра со срце и желба.
 
Честито победа момци, се надевам дека ќе се најдете на трето едно подруго финале во Мадрид. Само продолжете со ваква игра.

Убава фудбалска лекција за магарињана мои што навивам. :pipi:

Ептен ми е мило за Гери Невил супер утакмица изигра иако има 35 години ( ако не се лажам ), само за разлика од нашиве старци изигра со срце и желба.
Thanks :smir:
 
Со олку бесна игра, оптимист сум и за против челзи и барселона... и сите!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom