Hooligan
..The President...
- Член од
- 9 февруари 2008
- Мислења
- 2.358
- Поени од реакции
- 701
Ми се бендиса муабетов со дечково Џулиен Лонг многу...Средба со навивачите: Џулиен Лонг
Се` би дала да сум барем на еден натпревар на негово место. Обрнете внимание на одговорот на последното прашање.
Ме присети на еден момент кога бев во грција пред 2-3 години и така низ Лерин јас облечен со Sharp дрес на Јунајтед ,заедно со еден од воџите на навивачите на Селтик (кој во младоста ги следел сите натпревари на Јунајтед , и сите 12 дена додека бевме заедно не облече ништо друго на него -освем дресот на селтик) пеевме низ градот песна за Рој Кин ....еден Грк долета и ми рече : United...Man United Fan??
И почна да пее : MAN UNITED FC...Im so Proud to support the best football team..
Јас му велам од Македонија сум а другарчево од Шкотска...
Овај грков ми вели : нашите влади не се сакаат, ама штом ти навиваш за Јунајтед - ти си мојот брат !
Така да...муабтов ми е...
Сите ние носиме една голема љубов...која секој во себе си ја чувствуваме на посебен начин ....таа љубов ја делиме и со повеќе од 500 милиони низ цел свет ..а сепак е доволно голема да не грее секој ден, да ни дава верба, да ни зрачи со енергија секој ден- секоја минута...
Кога станува збор за Јунајтед...сите прегради меѓу луѓето се уриваат ..нема тука Македонци ,Англичани , Германци , Грци ,Албанци ,Турци ,Срби...нема муслимани ,христијани,католици, будисти...
Тука постојат само навивачи на Манчестер Јунајтед !
И верувајте ако некогаш било каде сретнете страствен навивач на Јунајтед , се запознаете и му кажете дека и Вие навивате за истиот тим...тој ќе ви стане пријател !!!