Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Абе дечки се изнакаравте дали било пенал или не? Па, победивме тоа е важно. Инаку мое мислење е дека беше пенал, тој што ќе шутираше со глава беше во добар скок и мислам ќе постигнеше гол, а Рафаел малку го потурна за го онеспособи да шутни, го измрда. Инаку Руни е најголем виновник за голот, како прво не смееше да ја враќа топката, и што ќе беше ако Фаган шутираше од прва и да дадеше гол? Така немаше да нафарли и немаше да дојде до пенал. Како било и Рафаел е малку виновен, но Руни направи катастрофална грешка.

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
Смешно. Усра најмалку 5 акции што ветуваа за гол, ги губи топките други му се криви. Да немаше толку среќа ке беше трагичар на мечов и белки конечно ке почнеа да го критикуваат како што заслужува. Ако беше Руни лидерот кој и те како очекувавте да биде немаше да бидеме во ова срање. Далеку пред Челзи ке бевме.
Абе друже во овој момент треба да сме среќни што го имаме него. Си сакал или не си сакал да признаеш Руни моментално е најдоброто нешто што го имаме. Не дај боже да се повреди и да играме неколку натпревари без него ќе видиш колку ќе се забележува неговото отсуство.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.754
Поени од реакции
43.942
И јас мислам дека имаше контакт за пенал..Иначе нема што да се збори за тоа кога победивме..и нормално виновникот за голот беше Руни..Како што кажав,денеска Руни беше многу невнимателен..Но се кладам дека сезонава ќе биде најдобар стрелец у Премиер Лига :)

Абе друже во овој момент треба да сме среќни што го имаме него. Си сакал или не си сакал да признаеш Руни моментално е најдоброто нешто што го имаме. Не дај боже да се повреди и да играме неколку натпревари без него ќе видиш колку ќе се забележува неговото отсуство.
Се сложувам со тебе :)
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Овој натпревар не беше за тоа дали ќе изиграме добро, дали ќе имаме лидер туку беше важно по секоја цена да се земат трите бода кои значат доближување на -2 на Челзи и враќање на самодовербата пред дуелите со екипите од вториот дел од табелата.

Играта беше таква каква што беше, на моменти иритирачка, на моменти со добри проигрувања, сепак пак ќе повторам освојувањето на трите бода беше круцијално, ги освоивме и во моментов ништо друго не е поважно од тоа. Одбранбените играчи полека се враќаат, Флечер се префрли во средниот ред повторно, Кушчак брани во одлична форма, се надевам така ќе продолжи.

Се на се јас сум задоволен од натпреварот, сега на ред е Виган каде ќе треба да ја повториме играта од последниот натпревар со нив сезонава и сигурно да победиме.

GLORY GLORY MAN UNITED
 
Член од
25 ноември 2008
Мислења
1.026
Поени од реакции
682
Мислам дека на резултат 1-1 на Евра требаше да му даде втор жолт картон.Спречи чиста контра
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Добар натпревар, малку наивна беше дефанзивната линија на Хал али тоа е.

























 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.014
Поени од реакции
5.336
Честито победа и од мене!! Не толку добра игра!! рафаел вистински ѕвер освен пеналот шо го напрај според мене најдобар беше денес!! Се гледаше дека ни недостигаше Флечер во средина се врати све на свое мести!! За пенал пенал имаше тука нема дискусија!! Сепак сеа 2 бода позади Челзи и очекувам после Јануари да сме на прво место :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.828
Поени од реакции
11.465
Требаше 6 да им дадат, ама и 3 се ок...јбг, со нови сили (играчи) многу подобро ќе биде.

GLORY GLORY
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.602
Поени од реакции
6.382
Честито победа и од мене.Не изигравме најбрилијантно но што е најважно освоивме 3 бода :smir:
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Се осеќаше притисок врз фудбалеерто, и за тва не изиграа најдобро. Се гледаше по агресивноста на бербтов, руни, флечер, керик... пенало против нас беше чист пенал, нема збор за тва! рафаел ебати осичката шо е, аууу, може да стане страшен десен бек, му треба искуство и малко смиреност, да пазе у одредени ситуации шо праа, 19 год. има и црвени и жти картоне, пенал напраано, голове дадено, шанси, центаршуте, ного темпераментен играч! руни как на памет да играа, значи трчане, борбеност и пожртвуваност-негови најголеми адути! видич и вес играа добро у одбраната, евра ми беше некак недоволно концентриран, кушчак има стварно квалитет, ама нека поработе малко на психичка база, да биде посмирен малко, да не паниче, и да науче да избива топката как шо знаа ван дер сар (и со лева и со десна и јако). валенсија немаше доволно простор денеска да се искаже, флечер и керик-матооре на екипата!
таа сезона дефинитивно ќе биде најдолга, незнам до коо коло ке издржам, веќе почнувам да се потам. Арсенал е ного сериозен конкурент, не заради тва шо ни се доближија, туку заради играта шо га имат, колектииво. ние таа константност га немаме таа сезона (барем до сега) а јас искрено се надевам оти среќата (у врска со повреди и моментална форма на противничките екипи) ќе дојде на наша страна и на крај ќе се радуваме на уште една нова титула. :smir:
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.832
Поени од реакции
5.647
рафаел и руни ѕверови ... glory glory man united... РУНИ е чудо од играч дефинитивно, последниве сезони некако беше во сенка на Роналдо ама оваа сезона е ненормален :vozbud::vozbud: идеме на титула нумеро 19 :vozbud::vozbud::vozbud:
 

ViktorRedDEvil

Red Army
Член од
10 октомври 2009
Мислења
383
Поени од реакции
8
So malo zadocnuvanje i od mene cestito neka ni se mnozat.
Za igrata neam komentar samo 1 igrac dominira runi odbranata e dobra se kompletira poleka i flecher bese dobar brebatov tapa.
 
K

kaiser soze

Гостин
Руни ако не беше добар денес,не знам кој беше.Разигруваше,трчаше,имаше две луцидни асистенции за гол,постигна и погодок,едноставно душата ја остави на теренот.Сега што направи кардинална грешка совраќањето на топката до Кушчак,па и на најдобрите му се случува тоа.
Инаку пенал постоеше,оправдано го досуди Вајли.Рафаел по малку неискусно и наивно наседна,контакт за пенал постоеше.После голот на Хал се осети психолошкиот пад,цела среќа што со контранапад и гол брзо осигуравме предност.Потоа се беше рутина.
На денешниот натпревар се виде и оти во моментов Керик и Флечер се нашите најдобри играчи од средниот ред.Беа одлични и двајцата денес.
Евидентен е падот во формата на Сколс и Андерсон,па овие двајца објективно се првиот избор на Ферги.Мислам и оти редно е малку и Валенсија да седне на клупа.И кај него формата е во надолна линија.
Како на минатиот,така и на денешниот натпревар,се мачеше,немаше некој особено успешен пробив,центаршут асален од него речиси и да не видов,со еден збор во лоша серија влезе дечкото.За Рафаел денес се најдобро.Мислам дека има капацитет да стане извонреден десен бек.
На крај,честито победа на сите фанови.:smir:
 

Dame_Man_Utd

Bebinjata od Old Traford
Член од
26 декември 2009
Мислења
53
Поени од реакции
1
znam deka Manchestre United e klub i deka ke dojde do finaleto od ligata na sampioni

neka ni se mnozat pobedi te i runi samo taka neka prodolzi da igra izvoredno
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom