Калдерон: Нема повеќе да се обидуваме да го ангажираме Роналдо !!!!!!!
Претседателот на Реал Мадрид, Рамон Калдерон вели дека Кралевите официјално се повлекуваат од обидите да го ангажираат Роналдо, и Португалецот ќе пристигне на Сантијаго Бернабе само доколку Манчестер се реши на продажба
23 годишниот Роналдо цело лето беше мета на Кралскиот Клуб и помина низ една долга трансфер сага.
Алекс Фергусон не сакаше да слушне за продажба на Роналдо, и Португалецот на крајот реши да остане на Олд Трафорд иако откри дека желба му е преселба на Сантијаго Бернабе.
Медиумите најавуваа дека Реал повторно ќе се обиде да го ангажира Роналдо, но претседателот на Кралевите, Рамон Калдерон неочекувани откри дека тие се повлекуваат од обидите.
“Веќе е заборавено, не само за нов обид во јануари туку за секогаш.” – рече Калдерон. “Ние единствено ќе зборуваме доколку Манчестер реши дека сакаат да го продадат играчот.”
“Но целата работа веќе е минато. Ние говоревме за тоа минатата сезона. Манчестер Јунајтед реши да не го продаде и не сакме да направиме нешто против волјата на клуб како што е Манчестер.”
“Играчот реши да остане во клубот и ние го прифаќаме тоа.”
“Мадрид не сака да направи ништо со што би го вознемирил нашито ’пријателски клуб’ Манчестер.”
“Ние сме два големи клуба. Сакаме да останеме во добри односи. Се наоѓаме на истиот пазар.”
“Имам многу почит кон Манчестер и добар однос со Дејвид Гил и посакувам тоа да остане уште многу долго.”
Конечно да престанат и да не ги слусам повеке во врска со Роналдо.
РУНИ СРЕЌЕН РОДЕНДЕН
:3: