Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Само едно да прецизираме...... Јас во првиот пост не барав Тевези мевези.....

Него барав креативен Дриблер на СРЕДИНА!

Значи не во напад, таму Суарез е доволен. Проблемот е во средината каде мора да има играч кој со еден дриблинг би направил вишок!
Тоа ми беше зборот.
Се согласувам со тебе, но јас велам нека е и напагач кој би можел да игра како полушпиц со фудбалско знаење
 
Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
967
Поени од реакции
833
Она што најмногу ни фали во моментот, е играчите од средината повеќе да го напаѓаат противничкиот 16-ник, а не да седат статични на средината на теренот. Играчите како Hendo и Adam па дури и Gerrard а исто така и крилните играчи мораат да им дадат поголема подршка на напаѓачите, бидејќи на моменти во нападот ги имаме Suarez и Carroll сами против 6-8 играчи (а некад и повеќе како на пример против Stoke бројот достига и до 10 играчи во одбрана :D). Лани го имавме Meireles кој секогаш беше подготвен да даде подршка за напаѓачите а понекогаш и самиот даваше голови дури и кога играше на десната страна. И да не помислите дека тој ни фали туку напротив го имаме Hendo место него (кој според мене придонесува многу повеќе од Meireles) само што му фали малце самодоверба и да превзема поголема одговорност кога сме во напад и верувам дека ќе имаме класа играч во него. Исто така џабе ни е Carroll во нападот ако нема за кој да спушта топки или ако не му ја дадат на тацна, тој не е играч како Suarez (кој ќе направи некој негов магичен трик и ќе даде гол) туку му треба подршка од другите играчи за да се види неговиот квалитет, како на пример ако забележавте на натпреварот против Man. Utd. кога при крајот на натпреварот почнавме да напаѓаме со повеќе играчи во нивниот 16-ник тоа резултираше со асистенција на Andy а потоа и шанса за гол од која тој ја погоди стативата. Затоа мислам дека главен проблем за тоа што не даваме голови, е недоволната подршка која ја добиваат нашите напаѓачи од играчите во средниот ред.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
И сето ова би било добро кога некој би успеал да ја погоди главата на Керол во близина на 5ерец.
Јас тоа не го видов сезонава.

И да уште една потврда за Кени дека Малиот Стерлинг заслужува да се искористи како изненадувачки фактор против МанЈун....... со оглед на тоа што кај нив им фура таа десна (а лева наша) страна Стерлинг мислам дека ке го стави во задниот џеб Фабио.... кој се знае дека при 2-3 дриблинга врз него во серија станува нервозен и е склон на грешки!

Со оглед на тоа што го имаме и Ел Торо во позадина јас мислам дека нема потреба од плашење!...... Стерлинг ин да гејм!
 
Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
967
Поени од реакции
833
Raheem Sterling кога го купувавме во договорот му пишуваше дека цената може да му порасне и до 5 мил. фунти во зависност од тоа колку натпревари изиграл за првиот тим, а инаку ние го земавме за 600.000 фунти. Чекаат да му истече таа клаузула (или како и да се вика) па да почне да игра за прв тим а тоа значи дури догодина.

Sterling was signed in February 2010 for an initial fee of £600,000, but this could rise to £5 million depending on how many appearances he makes for the first-team.
 
Г

Гучи

Гостин
^
Мислам дека такви клаузули никад не истекуваат, значи ке мора да се доплатат коа ке ги изигра :)
И уште е млад 17 години има, затоа мислам дека не му даваат шанса.
 
S

Stivie G

Гостин
Стерлинг е млад уште, очекувам многу од него во иднина, и 5 милиони да дадат за него сепак вреди. Туку време е Шелви да добива поголема шанса. Игра фантасично за резервите а и за првиот тим кога добива шанса прикажува одлични партии. Уште малку ќе полни 20 години, Кени треба повеќе да го форсира.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Јас мислам оти проблемот е во средината, премногу статични се средните играчи (со исклучок на Џерард) не се движат доволно кога ја немаат топката седат статични и кога ке ја добијат топката ја вракаат назад (тука пред се мислам на Адам), наместо тоа доколку отворат и се уфрлат во празен простор одма играчот ке има повеке простор и ке може да проигра со напагачите тоа е таа игра pass & move која ја форсира Кени но лани тоа го правевме беспрекорно а годинава не го правиме тоа и заради тоа мислам оти имаме послаби резултати од лани....
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Официјалниот Македонски Фан Клуб на Ливерпул прима уплати за членарина до крајот на неделава. Уплаќањето ќе може да се врши и подоцна во текот на целата сезона, но членските карти и маичките за оние што ќе уплатат подоцна ќе се принтаат кога ќе се собере доволна бројка на луѓе. Ги молам сите што имаат уплатено до сега или ќе уплатат до крајов на неделава да ми пратат слики за членските и величина за маиците, како би можеле да ги испринтаме и испорачаме истите до крајот на другата недела. Тие што нема да пратат податоци во договорениот рок, а платиле членарина ќе добијат членска без слика (сами ќе мора да си ја залепат) и ќе добијат маички со следната тура на уплати.

Филип - Македонски фан клуб на Ливерпул.

П.С. Објавава не важи за тие што си ја имаат завршено "домашната". YNWA

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343

Може да ти даам на рака кеш? ...пр. ако идеш на собиранкава у сабота :)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Може да ти даам на рака кеш? ...пр. ако идеш на собиранкава у сабота :)
Луд си скроз :) инаку, ќе мора сам да си ја обавиш таа работа, мора преку банка брат, за да ги имаме на жиро парите...со име и презиме, плус, преку жиро ќе се плаќа за изработка на горенаведените реквизити :)

Да немаше потреба од ова, би ти завршил работа !!
 
stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Луд си скроз :) инаку, ќе мора сам да си ја обавиш таа работа, мора преку банка брат, за да ги имаме на жиро парите...со име и презиме, плус, преку жиро ќе се плаќа за изработка на горенаведените реквизити :)

Да немаше потреба од ова, би ти завршил работа !!
Аее... ај ќе глеам да средам деновиве и така и за факс ќе треба да уплаќам...
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Официјалниот Македонски Фан Клуб на Ливерпул прима уплати за членарина до крајот на неделава. Уплаќањето ќе може да се врши и подоцна во текот на целата сезона, но членските карти и маичките за оние што ќе уплатат подоцна ќе се принтаат кога ќе се собере доволна бројка на луѓе. Ги молам сите што имаат уплатено до сега или ќе уплатат до крајов на неделава да ми пратат слики за членските и величина за маиците, како би можеле да ги испринтаме и испорачаме истите до крајот на другата недела. Тие што нема да пратат податоци во договорениот рок, а платиле членарина ќе добијат членска без слика (сами ќе мора да си ја залепат) и ќе добијат маички со следната тура на уплати.

Филип - Македонски фан клуб на Ливерпул.

П.С. Објавава не важи за тие што си ја имаат завршено "домашната". YNWA

извини, а по колку пари се даваат?
 
S

Stivie G

Гостин
Нашите млади се во полуфиналето во Next Gen натпреварувањето каде што ќе играт против своите врсници од Ајакс. Имаме добра младина што треба да се искористи.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Нашите млади се во полуфиналето во Next Gen натпреварувањето каде што ќе играт против своите врсници од Ајакс. Имаме добра младина што треба да се искористи.
Не дека немам доверба, ги глеав...одлично играа со Тотенхем...ама од Ајакс се ко на дрога тоа младинците.. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom