Не знам дали сме голем или мал клуб, али знам дека сме клуб што не игра у Европа. А 5 сениорски класични напаѓачи во еден таков клуб нема шанси да се има. Па никој друг нема толку напаѓачи бе, дури и тие у Европа шо играат. Арсенал имаат двајца, Челзи тројца, Сити четворица, manure четворица (од кои само еден е класичен израснат напаѓач), Тотенхем тројца. И сеа ние тука што играме само Премиер Лига и двата купа ќе имаме 5 напаѓачи... нема шанси. Плус како ќе се вклопи тимот, ако секоја утакмица ги мењаш играчите еден за друг, еднаш Аспас, еднаш Стариџ, еднаш Борини. Единствената логика во тоа да дојде Коста а да не си иде Суарез го гледам во продавање на Даунинг и Асаиди, па користење на сите овие како крила. Плус што имаме превише играчи што играат со десна нога, а Коста е деснак, што значи дека левото крило ќе го држат Кутињо, Стерлинг и Ајб. А дали стварно Роџерс мисли дека е паметно така да се игра, тоа е негова работа.
Факт е, според мене Коста е замената за Суарез, на еден начин или друг...