Milanez`
Tutta lα miα vitα...
- Член од
- 6 август 2007
- Мислења
- 14.541
- Поени од реакции
- 5.528
Незгодни повреди на Агер и Алонсо
Во таборот на Ливерпул се соочуваат со сериозни проблеми по повредите што Даниел Агер и Чаби Алонсо ги заработиле за време на настапите за своите репрезентации пред една недела.
И двајцата фудбалери не беа во комбинација за мечот со Порто во вторникот, а деталните лекарски прегледи покажаа дека тие имаат скршени метатарсални коски во стапалото, по што ги очекува пауза од четири до шест недели од терените.
"Добрата вест е во тоа што и кај двајцата фудбалери не е потребно да биде извршен оперативен зафат. Сепак, и Агер и Чаби ќе мора да мируваат извесно време, поради што во најдобар случај тие ќе можат да се вратат на терените за околу еден месец", истакна споуксменот на Ливерпул, Јан Котон.
Добра вест за Рафа Бенитез е што барем Јон Арне Рисе се рехабилитираше од својата повреда и ќе биде во комбинација за мечот со Бирмингем в сабота.