Колку би било добро, кога ова би било вистина!:kesa:
фудбал
Хидинк го презема Ливерпул?
Холанѓанецот Гус Хидинк со задоволство ќе седне на клупата на Ливерпул ако раководството на "црвените" реши да ја раскине соработката со Рафа Бенитез. Поранешниот менаџер на Челзи, кој моментно е селектор на Русија е најголем кандидат за наследник на Шпанецот, по слабиот прв дел од сезоната на клубот од Енфилд.
Ливерпул ги загуби шансите за освојување на титулата во Премиер лигата, додека во Лигата на шампионите и ФА купот се "сопна" од првата пречка.
Ако челниците на клубот се решат за промена на менаџерската функција, тогаш Хидинк е заинтересиран за преземање на тимот. Но Холанѓанецот прво ќе бара дозвола од сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, кој е најзаслужен за неговото назначување на селекторската позиција на Русија.
"Мора да разговарам со претседателот на федерацијата пред да донесам одлука за во иднина, но вистина е дека сакам повторно да бидам менаџер во Англија. Сепак многу му должам на Роман Абрамович што ми даде голема поддршка, па затоа прво со него би разговарал", изјави Хидинк за таблоидот Сан.
Последна промена: 15.01.2010 #