Вороњин оваа сезона играше одлично во Херта. Ако ја задржи формата и наредната сезона би било одлично. Со претпоставка оти ќе се врати во Ливерпул нормално.
А за левата крилна позиција очајно ни треба нов играч. Силва би бил идеален, а познавајќи го Бенитез, ако продолжи со негирањата за можен трансфер, тоа за мене би значел СИГУРЕН трансфер. Може и грешка сум ама јас Бенитез така го проценив, па сега за сега можам да кажам оти Силва е наш наредната сезона.
За Реина не се согласувам оти треба да си оди. Човекот е одличен голман, и не верувам дека постои голман на кој не му доаѓаат 5те минути за киксање. Но, да не го потценуваме и Кавалиери. И тој е голман од класа, но ако има некаква потреба од ослободување од еден голман тоа би бил Кавалиери. Не за друго, криво ми е за човекот, стварно е добар голман но да гледаме реално, никогаш нема да заигра за ливерпул на значајни натпревари.
Останатиот дел од екипата ни е повеќе од солиден. Агер конечно се опорави и се надевам дека Шкртел нема да биде ништо повеќе од резерва од сега натаму. Лукас, ко Лукас, знам оти е млад недокажан, има многу простор за усовршување ама според мене може слободно да се усовршува на тренинзите и со играње за резервниот тим, ништо повеќе!
Што се однесува за Овен и Тевез, не би сакал да видам ниту еден од нив двајцата. Тевез е тотално неконстантен играч. Нема потреба од фрлање голема пара за играч кој игра една добра утакмица и потоа се крши од промашување во наредните 10. Овен според мене е премногу исфрустриран т.е искомплексиран од целосниот развој на неговата кариера, а и плус влегува во 30ка.
Од елитните играчи само посакувам дека гласините за можниот трансфер на Ето кај нас да бидат точни.
А, и за на крај да кажам нешто и за гласиниве за можната продажба на арапи. Тоа би било повеќе од добро во однос на трансфер средствата. Но!, има огромен ризик да се расипе тимот 100%. Ако почнат да се расфрлаат со пари ќе дојдат повеќе светски играчи, а во тој случај Ливерпул би бил Реал Мадрид v2. Знаеме што се случи со Реал. Некој може ќе каже „И Манчестер Сити е сега арапски ама ништо не успеаа да донесат“. Нормално, што има Сити ... ништо, Ливерпул е далеку попримамлива дестинација.
Толку од мене :helou::smir: