Фан Клуб: Ливерпул

Статус
Затворена за нови мислења.

betogrozdanov45

мајстор за гибаници
Член од
26 октомври 2005
Мислења
1.549
Поени од реакции
6
Епа толку беше...М.С. жал ми е што баш Ливерпул те сјебаа али живот.Челзи се класа боље и тоа е факт!
 
Член од
6 јануари 2006
Мислења
46
Поени од реакции
0
i da si znaes so takov napagjac kako crouch i risse so e nasekade i so "brziot hipia" nigde be drugar a i taktikata na pepito odelce daa ne recam raffa benitez treba da mu kaze deka spania e malce podole nekolku iljadi kilometri podole od anglija. juve siempre
 

betogrozdanov45

мајстор за гибаници
Член од
26 октомври 2005
Мислења
1.549
Поени од реакции
6
А Јуве поарни се со џанаци у тимот...брзиот Хипија е стар...
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Бенитез ги "брка" Сисе и Мориентес

Менаџерот на Ливерпул, Рафа Бенитез, најави дека на крајот од сезоната ќе се ослободи од услугите на двајцата напаѓачи, Џибрил Сисе и Фернандо Мориентес. Европскиот првак оваа сезона постигна само 30 гола на 23 натпревари, бројка што е далеку под очекуваната и заради која Ливерпул на половина од сезоната ги загуби сите шанси за освојување на шампионската титула во Премиер-лигата. Бенитез, нормално, не е задоволен од ефектот на напаѓачите и им се закани дека ако не ја подобрат својата ефикасност, идната сезона ќе им биде дозволено да си бараат нова фудбалска средина.

"Точно е дека е потребно да постигнуваме повеќе голови. На секој натпревар создаваме доволно шанси, имаме доста удари кон противничкиот гол, но ефикасноста ни е очајна. Им кажав на играчите дека не сум задоволен од нивната игра и не можеме да издржиме вака ако не променат нешто", изјави Бенитез.

Ако Сисе и Мориентес си заминат, шпанскиот стратег ќе се сврти кон Мајкл Овен и ќе се обиде повторно да го спои со Роби Фаулер. Бенитез е голем љубител на играта на напаѓачот на Феенорд, Дирк Кујт, како и на Џермејн Дефо од Тотенхем и Енди Џонсон од Кристал Палас. Сисе, најверојатно, ќе се врати во Франција, додека неколку шпански екипи веќе пројавија интерес за Мориентес.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Бенитез: Робен е одличен актер

Лутиот Рафа Бенитез по поразот на Стемфорд Бриџ упати критики на адреса на Арјен Робен. Европскиот првак средбата ја заврши без голманот Пепе Реина откако беше исклучен за дуелот со Робен. Холанѓанецот театрално падна, а судијата Вајли веднаш му покажа црвен картон на Реина. Поради исклучувањето Шпанецот ќе ги пропушти дуелите со Чарлтон, Виган и Арсенал.

"Морам да побрзам во болница да го видам Робен затоа што неговата повреда е сериозна. Реина направи грешка што му дозволи на Робен да го испровоцира и затоа што го фати за лицето. Тоа не му требаше, но од она што го направи Робен потоа можеше да се заклучи дека следните три недели ќе ги мине во болница со скршен врат. Судијата сигурно виде што се случи. Впрочем ништо не се случи. Не разбирам како функционираат овие работи. Можеш да удираш фудбалер цела средба и едвај да добиеш жолт картон, но ако некој друг само го допреш тоа да значи суспензија од три средби. Можеби Реина требаше исто така театрално да падне кога Гала го допре за лицето. Но каков професионалец ќе бидеш ако симулираш за некој да биде суспендиран", изјави Бенитез.

Неговиот колега на клупата на Челзи, Хозе Мурињо не сакаше да ги коментира обвинувањата на Шпанецот.

"Не ме интересира што зборува Бенитез. Штотуку завршивме дерби средба, која ја решивме во наша корист и на која одигравме добро. Според мене, требаше да победиме со најмалку четири гола разлика. На истата таа средба постигнавме еден од најубавите голови сезонава, но судијата ни го поништи. Оваа победа н$ донесе уште поблиску до новата титула. Сега ни требаат уште осум победи и тие планираме да ги обезбедиме наскоро. Со оваа победа потврдивме дека сме најдобриот тим во земјата. Не гледам причина зошто да ги коментирам реакциите на Бенитез. Ние победивме и сега е време да уживаме во триумфот", истакна Мурињо.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
ОБЈАСНЕТИ ПРИЧИНИТЕ ЗА ОТСУСТВОТО НА НАПАЃАЧОТ

Фаулер не бил подготвен

Роби Фаулер воопшто не ни се појави на Стемфорд Бриџ, а Бенитез објасни дека причината е недоволната физичка подготвеност на напаѓачот.

"Кога имаш 16 фудбалери на списокот, тогаш не е лесно да ги користиш сите фудбалери. На оваа средба имавме на располагање тројца напаѓачи. Роби е запознаен со ситуацијата. Тој работи напорно на својата физичка кондиција. Кога ќе биде целосно подготвен, ќе ја добие својата вистинска шанса", вели Бенитез
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
ЛИВЕРПУЛ НЕ ГИ РЕАЛИЗИРА НАЈАВИТЕ

Без жалба за картонот на Реина

Иако по поразот од Челзи најавуваа такво нешто, Ливерпул не поднесе жалба за црвениот картон на Реина. "Црвените" остро реагираа на судиската одлука да го исклучи Шпанецот, но до вчера на пладне кога истекуваше рокот за такво нешто до ФА не доставија жалба. Тоа значи дека и дефинитивно Реина ќе го пропушти трите следни дуели, а против Чарлтон, Виган и Арсенал шанса ќе добие Јиржи Дудек.
 

betogrozdanov45

мајстор за гибаници
Член од
26 октомври 2005
Мислења
1.549
Поени од реакции
6
ЛЕЛЕ МАРКЕТАР, ФОРУМСКИ ВЕСНИК СИ ЕЈ!
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Палета доаѓа во Ливерпул

Ливерпул ќе ја засили својата одбрана со младинскиот аргентински репрезентативец Габриел Палета.

Клубот на Палета, Банфилд, потврди дека 20-годишниот Аргентинец ќе отпатува за Англија, каде деновиве ќе преговара за реализација на неговиот трансфер на Енфилд Роуд.

"По средбата со Ривер Плата в недела, Палета ќе замине во Ливерпул. Тој најпрвин ќе мине медицински тестови, по што не би требало да има проблеми да ги договори финансиските детали од неговиот трансфер", стоеше во клупското соопштение на Банфилд.

"Навистина би сакал да настапувам во Премиер-лигата. Верувам дека ќе успеам да се наметнам во борбата за место во првиот тим на Ливерпул", истакна Палета, кој беше еден од најзаслужните што Аргентина лани стана светски првак за фудбалери до 20 години.

Доколку Палета ги договори личните услови со Рафа Бенитез, тој на Енфилд ќе пристигне во јули, а Банфилд од неговиот трансфер ќе заработи три милиони евра.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Ливерпул подготвува понуда за Дејвис

Ливерпул во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да дојде до младиот дефанзивец на Вест Бромвич Куртис Дејвис.

Младинскиот репрезентативец на Англија игра одлична сезона за тимот од Бирмингем каде пристигна од редовите на Лутон за 3 милиони фунти.

Менаџерот на Вест Бромвич, Брајан Робсон, признава дека ќе биде тешко да го задржат Дејвис по добрите настапи сезонава.

"Дејвис со формата во која игра сезонава покажа дека пред него е блескава иднина. Големите клубови се сериозно заинтересирани за неговите услуги и очекуваме многу понуди на лето. Дејвис има само 20 години и голем простор за напредување", истакна Робсон.

Арсенал, Тотенхем и Њукасл се споменуваат како клубови кои кои ќе влезат во битка со Ливерпул за услугите на Дејвис, кој сезонава влезе во историјата на Премиер-лигата како најмлад капитен кога Кевин Кемпбел и Нил Клемент беа повредени.
 

Warrior

Born to laugh
Член од
15 декември 2005
Мислења
375
Поени од реакции
3
Виган-Ливерпул 0-1

Г'зињава пак се извадија!
 

Warrior

Born to laugh
Член од
15 декември 2005
Мислења
375
Поени од реакции
3
Ливерпул-Арсенал само што нее почнато!
Момент на вистина за Ливерпул, баш да видиме дали е кадарен за тоа толку посакувано второ место!
 

betogrozdanov45

мајстор за гибаници
Член од
26 октомври 2005
Мислења
1.549
Поени од реакции
6
Kадарен е брате.Да умрат душманите и ни збор за Ливерпул лош да не чујам...


ЛИВЕРПУЛ : АРСЕНАЛ 1:0 стрелец Луис Гарсиа 87ма минута.ХАХАХАХААААААААААААААААААААААААААА
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom