Фан Клуб: Лацио

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Lazio денес, против Сампдорија на гости со очајна игра (тотално незаинтересирано) 0-0. Али Пандев ме изненади како ангажирано делуваше, и трча и кондиција и све... невероватно. Али остатокот од тимот, не знам кој од кој послаб...
 

runBABYrun

Секој ден НЕ е Велигден
Член од
1 февруари 2007
Мислења
724
Поени од реакции
0
многу слабо лацио на овој натпревар.
Без да го одделувам пандев сите играчи беа некако незаинтересирани за гол едноставно досаден натпревар.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Јас не ни го гледав, а долго го чекав. Многу слабо, просто речено ужас. Немаше игра...исто како Македонска втора лига. Слабо ептен!
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.533
Поени од реакции
5.523
ДЕЛИО РОСИ РАЗОЧАРАН ОД УПРАВАТА НА ЛАЦИО

Тренерот на Лацио, Делио Роси, призна дека очекувал многу поголем ангажман на раководството на клубот во летниот преоден рок, имајќи го предвид пласманот во Лигата на шампионите, но и многуте повреди со кои се соочува во досегашниот дел од сезоната. Во моментов Роси не може да смета на шестмина стандардни првотимци, додека Крибари мораше да игра со заштитна маска на дуелите против Динамо Букурешт во Лигата на шампионите и Сампдорија во Серија "А". И покрај тоа, челниците на клубот не ангажираа ниедно звучно име во летниот преоден рок, па Роси ќе мора со актуелниот играчки кадар да се обиде да го повтори минатогодишниот успех.
"Мурад Мењи се уште не е комплетно заздравен, па мораме да импровизираме. Томазо Роки исто така не беше во најдобра форма и тоа е разбирливо бидејќи само неколку дена претходно го понесе најголемиот дел од товарот за нашиот пласман во Лигата на шампионите, а јас немав замена за него. Во тимот, во саботата беше вонредна состојба бидејќи не знаев со кои 11 фудбалери ќе излезам на теренот во Џенова. Сепак, момците уште еднаш покажаа дека имаат карактер и обезбедија бод на тешкото гостување", изјави Роси.
Надвор од тренажен процес сега се Симоне дел Неро, Гиљермо Стендардо, Стефано Маури, Мобидо Диакате, Александар Коларов и Себастијано Сивиља, а со право се поставува прашањето, ако Роси сега има проблеми со составот, што ќе биде кога ќе почне да игра по два натпревари неделно, во Серија "А" и Лигата на шампионите.
"За жал, преодниот рок заврши. Очекував многу повеќе од раководството на клубот во поглед на нови засилувања, но не знам зошто тоа не беше направено. Тоа значи дека клубот не ми ги овозможил потребните услови за работа и дека ќе мора да се обидам да направам успех со овој кадар. Но, јас сум навикнат на тоа во мојата кариера", додаде Роси.
Тој е дополнително разочаран од продажбата на Масимо Одо во Милан минатата зима, како и неуспехот да се ангажира Пасквале Фоџа, фудбалерот на Каљари кој по одличниот старт на сезоната доби повик во италијанската репрезентација.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Па фала богу разочаран...направи толку со Лацио, со тој тим...и не му дадоа ништо за барем едно асално засилување. Сепак не е исто да се игра со тие играчи во Сериа А, и во лига на шампиони. Ама и сега ако направат некој успех со овој тим, најверојатно другата сезона ќе земат повеќе добри засилувања. Да им посакаме среќа, а најмногу на Пандев :smir:
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
абе што ти е, со пласманот на 4то место на Лацио они кузнае колку пари земале...со пласман у ЛШ исто пари лапнале....а они еден ебан трансфер не направиа...а сигурно имаат пари за еден 30мил трансфер.....али глупак преЦедател шо сакаш

само едно ке кажам....Перуци уште на почеток на минатата сезона најави сигурна пензија на крајот од сезоната....и толку не му текна на Лотито да бара замена за Перуци?!?! цела сезона имаше и пак ништо........алооо на трансфер листа беа Де Сантис и Абиати.........ебаго преЦедателот ебаго
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
абе што ти е, со пласманот на 4то место на Лацио они кузнае колку пари земале...со пласман у ЛШ исто пари лапнале....а они еден ебан трансфер не направиа...а сигурно имаат пари за еден 30мил трансфер.....али глупак преЦедател шо сакаш

само едно ке кажам....Перуци уште на почеток на минатата сезона најави сигурна пензија на крајот од сезоната....и толку не му текна на Лотито да бара замена за Перуци?!?! цела сезона имаше и пак ништо........алооо на трансфер листа беа Де Сантис и Абиати.........ебаго преЦедателот ебаго
Ne e taka lesno vo Lazio ne se davaat veke mnogu pari za igraci.I da zemale pari ne gi davaat na igraci
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Абе така е...Рома и Лацио заедно упаднаа у финансиска криза, Рома како што гледам уште од поодамна купива играчи (скапи) а лацио си го дрви к*ро
А и фиорентина кој падна у Цнекоја лига и сеа се врати и пак милионски трансфери....

Јас свакам дека неможе да купува толку...али ниеден бе што е тоа...
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.533
Поени од реакции
5.523
Лазио има секогаш добри играчи ама ги продава дека им требаат паре пр... Неста и незнам кој други што сега се звезди
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
Абе така е...Рома и Лацио заедно упаднаа у финансиска криза, Рома како што гледам уште од поодамна купива играчи (скапи) а лацио си го дрви к*ро
А и фиорентина кој падна у Цнекоја лига и сеа се врати и пак милионски трансфери....

Јас свакам дека неможе да купува толку...али ниеден бе што е тоа...
a be dovolni im se i tie shto gi imaat, igraat so srce i zatoa se plasiraa vo liga na sampioni
 

Kajgana Shop

На врв Bottom