Интересна утакмица со убави голови и супер победа за крај на една ужасна сезона...
Ако гледаме од друга страна, со оглед на тоа дека пред доаѓањето на Едо Реја бевме на 18. место, а до пред неколку кола се боревме за опстанок, 12. место на крај на сезоната не е којзнае колку полошо од претходните сезони. Но факт е дека го имаме еден од најлошите напади во оваа сезона. Едвај се постигнуваа голови пред доаѓањето на Флокари. Меѓутоа, ја имаме и една од подобрите одбрани, на чело со извонредниот Муслера на голот, а која уште повеќе се зацврсти со доаѓањето на Диас. Исто така оваа сезона скорот на домашен терен е катастрофа, но затоа на гости четврти најдобар скор. И за на крај, имаме помалце порази од Јувентус :pos2: