Честито Круз, одличен играч земате, ќе ви решава натпревари од клупа тоа му е ко специјалитет.
За Пандев незнам што да речам, еве нема да игра на 8-ми со Интер. Мислам дека се работи за малтретирање од страна на Лотито и нормално е што Пандев сака да си оди. Лотито не може да најде играч со квалитетите на Пандев кој за тие пари ќе му излезе на тренинг, а не пак да игра. Друга работа е што Горан лани не одигра на ниво и не може да си најде саглам клуб, па можеби Лацио ќе има среќа да го задржи уште една сезона. Но во таква атмосфера тој нема да блеска оваа сезона а ако сака Лотито да го задржи, треба да му понуди нормална плата и да стане лидер на тимот. За Лацио е добро Пандев да стане играч од типот на Занети и Дел Пјеро, кој ќе игра цела кариера за тимот, затоа што ги има сите карактеристики и квалитети да биде лидер. Ама знаете како е: колку пари - толку музика.