Фан Клуб: Кливленд Кавалирс

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308


Коњаницата од Кливленд, тимот за кој никој не очекуваше да стигне во финалето на НБА сепак после 3те одлични утакмици Кливленд се врати во игра од два негатива. Сето тоа е благодарение на Кралот Џејмс. Многумина го споредуваа со легендарниот М. Џордан и Леброн конечно почна да се прикажува во вистинско светло и го прикажува она што сите го очекуваат од него. Синоќа изигра невидена утакмица каде со 48 постигнати поени сам го победи тимот на Детроит, последните 25 поени беа постигнати од Џејмс, со тоа тој му помогна на Кливленд да стане единствениот тим кој се вратил од два позитива и најверојатно ќе ги гледаме во ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ. Епа ајде да слушнам коментари од другите форумџии што мислат за овој тим.

pozdraFFF...
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Моменот на одлука поенот кој го скрши Детроит дури во 2рото продолжение. Леброн изигра феноменално и имаше рекорд во својата кариера од постигнати 48 поени од кои 29 од последните 30 поени на Кливленд, на тоа надодаде уште 9 скокови и 7 асистенции, ако Кливленд стигне до финалето на НБА најзаслужен за тоа ќе биде 23 на Кавалирс. Па со среќа нека им е во следниот деул кој се игра во сабота.
[mod]Сликата намалија па стави ја пак[/mod]
 
П

Паспарту

Гостин
леле овој леброн е лудак ејјј (во позитивна смисла) :) секоја чест за него, едноставно НОВИОТ МАЈКЛ ЏОРДАН!
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
treba cleveland da se plasiraat u finale zasluzija ovaa sezona imaat dve mech topki
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Леле, баш ми е мило што победија Кливленд еј! Сега и Спарс ќе ги згазат! ЛеБрон :zver:
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
navivame za cleveland u finale ,Go LeBron
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Да не се повторувам има и во темата за Нба 98-82 за Кливленд....кој отиде во финале победувајќи го Детроит со 4-2 во серијата...
Во финалето Кливленд ке се сретне со Сан Антонио кој исто така ја тепаше Јута по 6 одиграни средби
 

Пики

amazing happens
Член од
10 март 2007
Мислења
1.923
Поени од реакции
37
Во финалево ќе бидам за Кливленд
GO
JAMES :zver:
 

mALEFACTOr

..:[iluzionist]:..
Член од
30 април 2007
Мислења
512
Поени од реакции
24
Никој не го спомна Гибсон. Тој е човекот на одлука во 6тиот натпревар. Им даде 5 од 5 зад линијата за 3 во последната 4етвртина, и од последните 24 поени, 20 беа негови. Секоја чест за дебитантот. Кливнент се дебитанти во финалето но сепак го имаат најдобриот кошаркар моментално така да се е можно.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
НЕ, иако сум Кливленд т.е. Леброн Џејмс фан сепак постојат граници. СА ќе бидат преголем залак за Кливленд. Играат сосем различна кошарка СА имаат 5 играчи кои можат да го победат противникот, Кливленд има еден КРАЛОТ. СА има според мене најдобрата одбрана во Лигата и кога им е денот на Ману или Паркер сан антонио се незапирливи. Би бил задоволен со чесно простување на кливленд бидејќи изиграја неверојатна сезона. После 5утакмица од предходната серија Леброн никагаш нема да биде ист, тој премина на следното ниво и можеби ќе ја држи неизвесноста во првите две утакмици но заморот ќе го направи своете цела сезона сам игра ги донесе Кливленд до самото финале и тоа само по себе е огромен успех, догодина повеќе :)

p.s Gibson цар се надевам дека само ќе станува подобар и подобар сепак ова е негова прва сезона(rookie) а прекрасно изигра.

а да колку и да звучеше песимистички мојот пост сепак длабоко во себе се надевам дека ќе се случува ова :) :) :)



Леброн: I believe I can FLY!!!!
Данкан: NO, no please...
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Напред Кливленд.
Сепак сум малку песимист. Западот е светлосни години пред истокот.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106
mALEFACTOr напиша:
Никој не го спомна Гибсон. Тој е човекот на одлука во 6тиот натпревар. Им даде 5 од 5 зад линијата за 3 во последната 4етвртина, и од последните 24 поени, 20 беа негови. Секоја чест за дебитантот. Кливнент се дебитанти во финалето но сепак го имаат најдобриот кошаркар моментално така да се е можно.
Имаше добра рака , шутираше прецизно кога требаше но да се знае Леброн беше кралот . Кога тој ке ја фатеше топката одма по 2 го удвојуваа па така го оставаа сам на Гибсон , и не му беше толку тешка работа освен да си погоди тројка од позиција каде што не го чува никој .
 

Don Corleone

I'll make you an offer you cannot refuse
Член од
8 април 2007
Мислења
82
Поени од реакции
0
Vlatko_Rusin напиша:
Леле, баш ми е мило што победија Кливленд еј! Сега и Спарс ќе ги згазат! ЛеБрон :zver:
Ќе ги згазат ако се лажиме. Ништо чудно ако биди и 4-0 за Сан Антонио. А Леброн ќе го споредвате со Џордан кога ќе земи 6 титули т.е. никогаш. Леброн кладе 48 на една утакмица и то со 2 продолженија, а Џордан често даваше повеќе само во регуларниот дел на утакмиците.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Don Corleone напиша:
Ќе ги згазат ако се лажиме. Ништо чудно ако биди и 4-0 за Сан Антонио. А Леброн ќе го споредвате со Џордан кога ќе земи 6 титули т.е. никогаш. Леброн кладе 48 на една утакмица и то со 2 продолженија, а Џордан често даваше повеќе само во регуларниот дел на утакмиците.
аха добро Џордан, епа ако се погоди и Леброн да игра во добар тим т.е. сите околности ако му се погодени ќе земи титули зошто да не млад е... Иако е рано за овие споредби што ги прават помеѓу него и MJ сепак мислам ако вака продолжи да напредува КРАЛОТ и ќе го достигне Џордан, а за поените ептен има разлика не е се до поените, ете Коби шо се вели зборот 48 му се просек па пак ништо не направи Лејкерс. Така да Гуд Лак анд Гуд фајт кливленд... јас како шо реков задоволен сум и со финалето сепак успех е со така млада и неискусна екипа да финале да стигниш тешко МНОГУ тешко.


Друже Џејмс Ми Ти Се Кунемо....:) :) :)
 

Radical Boy

Говнојадец
Член од
21 април 2005
Мислења
3.529
Поени од реакции
59
Од кошаркарска гледан точка, она Кливленд што го игра е селска кошарка. дај му ја на ЛеБрон па он ке му ја мили што со топката. Игра на сите 5 позиции и дури кога неој од другиве е сам (а не ја примил од ЛеБрон топаката) несмее да шутне, мора да ја додаде до ЛеБрон прво. Смачено ми е од таква кошарка. Кошарката е тимски спорт а не one-man-show. ОД тие причини не ги сакам ни Коби, ни Ајверсон ни Леброн, претеруваат. Коби кога беше со Шек играа колку толку тимски, затоа освоија титули, овие додека не научат дека кошарката е составена од уште четворица ништо не прават. Несоменено дека се страшни играчи, ама според мене тимот освојува а не играчот. Еве ке видите што е тимска игра сега со Сан Антонио, да незнаеш од каде да се браниш, а вака знаеш дека ЛеБрон ке ја земе и ке срља.

Финалево ме потсеќа на Филаделфија- Лејкерс финалињата, Ајверсон со тапа тим, со срљање стигна до финале, ама тука налета на мина, на одлично уигран тим, со двајца мега ѕвезди. И сега е исто, само што немаат Сан Антонио мегаѕвезди и сите се подредени на тимот. Мислам дека Кливленд нема да има шанси со СА и мислам дека немаше да го поминат ни Детроит Билапс да не играше толку лабаво (изгледаше како да го боли за тоа дали ке поминат или не) а и Детроит премногу се опушти после првите две утакмици, мислеше дека е се готово. Сан Антонио се премногу сериозна екипа за да ги напарават овие грешки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom