Цело време пробувам да доловам дека не беше тоа моментот, Јакинта или Бориело. Бориело е центарфор, класичен напаѓач, Јакинта ќе биде резерва и ќе чека да игра на било која офанзивна позиција по потреба. Бориело го изгуби местото од Џила а не од Јакинта. Немам ништо против дечково ама цело време зборите како Бориело не отишол на СП на сметка на Јакинта. По таа логика, ако Липи ги преферира играчите на Јуве, зошто не е земен Алекс место Ди Натале? Пувежов не му е ни до колена ама сепак Алекс извиси, а за разлика од Тоти (кој самиот се откажа од репрезентацијата), сакаше да игра на Светсково.