Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.963
- Поени од реакции
- 61.641
Војна и Мир побрзо ја имам прочитано на времето.Конте беше последниот што дигна трофеј со клубов и е репер. Инзаги ќе биде репер за следниот. Ако читаше внимателно и Манчини и Мурињо се спомнати. Кој да го спомнам Франк де Бур, Гасперсон ?
Конте е идеален пример и тука (вклучително и ти на форумов) препаѓате како со многу слаб тим на Наполи ќе земел скудето. Пак да повторам, Наполи не игра во Европа, од купот беше исфрлен во февруари на првата утакмица. Летниот трансфер период го заврши со 150 милиони евра трансфери. Кваратшкелиа го продаде во Јануари што значи пола сезона го имаше во состав.
Наполи во однос на ланскиот состав го смени само шпицот и не донесе послаб, приемот на Лукаку може е комедии ама знае да се загради, знае да проигра и знае гол да даде. Овоа му е 4та сезона во Италија и одлично му лежи првенството.
А што ќе правиме ако земат?? Ќе береме небрана царевка.... Шо ќе сме правеле, ништо ќе си бараме грешки и ќе си коментираме на форумов овде онде ќе си го поладиме со некој што ќе се залета со некој испад и ќе чекаме на io да му легне 13та плата да ги избрише дуплите акаунти.
Точно има основа да се критикува, не реков да не се критикува, реков треба да не се плука, како другаров што писна по човекот ко жирант да му бил а овој избегал за Германиите.
Треба да се олабави малце и да се гледа подобро што се тој човек има дадено за Интер. Него највеќе би го критикувал за 2 работи. Првата е што урла доле на теренот, а горе изгледа на Марота како маче му преде кога му вика „добар е бе Тареми па шо ако има 300 години, ти да не си поарен“. Втората е што е тврдоглав со играчите и цело време се потпира на неговата филозофија на фудбал без да смени ништо. Дури и да се 100% свежи играчите и мотивирани ако немаат среќа џабе е се. Дуелот со Јанг Бојс ќе го спомнам. Јанг Бојс се смешка за Интер, требаше со 7-8 комада да си отидеме таму, ние се израдувавме на гол во 90та минута од Турам што влезе во 75та. Џабе посед џабе игра. Не научи овој човек дека кога се игра со Емполи дома пола состав треба да се младинци(со оглед на тоа што замените се цепеници, а цепеници му се оти ќути).
А и мора да се пофали. Оди седни со Клоп, со Гвардиола и речи му слушај, таргет ти се 3 фронта, буџетот ти е што ќе ти купи чичково со окото, а ако губиш често овие одозгоре со црно плавите дресови веспи фрлаат.
Раџа наинголан што флопнал, а другарчето Конте го довлечка индијанецот Артуро Видал хммм океј. Конте сите трансфери ги погоди а ? И Санчез стаклениот или Виктор Моузес. Не ме заебавај брат те молам Конте собра орли стари со искуство и целеше само на лигата. Океј е дека Барела и Бастони се погодија, Ама и Икарди се погоди, и Хандановиќ беше погоден па не се чекаше Конте да дојде и неговата генијалност да ги донесе.
Секоја пресконференција од 1во коло на Конте е плачки како немал играчи и како се ова е чудо. Ретко видено пичлеме е Конте, дајте пари за трансфери или не ви идам. Он знае дека ќе му бидат дадени пари за трансфери и пак кажува тука чуда биле овие неговите. Во Интер го правеше истото дај пари дај пари.
Ти имаш на една страна човек како Инзаги со крпен состав со мизерни засилувања што ти вика ние ќе се бориме на 3 фронта, и имаш човек кој игра само италијанско со 150 милки истрошени и уште ти вика ова е чудо.
Ништо нема да се деси и да освои Наполи. Инзаги останува тренер, летово пак ќе се носат млади надежни што ќе му ја греат клупата на Михтаријан и пак ќе се расправаме на форумов. Постои надеж како секој навивач на секој клуб дека нема да биде така, ама и да биде така тоа е тоа. Клубов не е повеќе миленичето на Морати, клубов е во сопственост на Банка која конците му ги даде на човек што знае да носи пари со цел да им донесе пари додека не најдат соодветен купувач.
Реалноста во модерниот фудбал за сите клубови од Италија со исклучок на Јувентус е таа. Секоја сезона да влезат повеќе пари од што ќе испаднат за главните акционери да поделат дивиденди. Освојувањето на титула за Интер е веќе направено во очите на газдите. 113М во џеп влезени од ЛШ, за нив веќе е завршена сезоната, сега е се плус.
Инзаги е синоним за успешност во бизнис фудбалот. За нас како фанови е болно да, ама нив како сопственици ич курот не ги боли дали интер ќе дига трофеј или не. Главната цел е пласман во топ 4 и што повеќе да се избутка во ЛШ со што е можно помалку пари дадени.
Инзаги веќе им го удри бингото сезонава. Тареми и Зиелински за без пари, а донесен пласман во ЛШ за наредна сезона и полуфинале.
Како навивач на Интер и јас го делам истото мислење дека ќе ми биде тотално разочарување ако не земеме ништо, ама реалноста е дека ова можеби е последниот силен Интер освен ако во иднина не ни се погодат чуда од 0 евра трансфери.
Да у право си, сеа знаеш зошто отиде Конте кај Наполи зашто само таму има газда што истура пари за трансфери и се надева на трофеј. Премногу лично го доживуваш Конте и префрлањата врз него. Конте не е тука спомнат затоа што треба да се плука или оти е тренер на сегашниов противник за лигата. Конте е баш тука за споредба оти оставил наследство баш како што викаш со Барела Бастони и Лаутаро и последен дигнал трофеј. Каков и да е неговиот учинок во Интер се додека е тренер на друг тим во лигата и е последниот тренер на интер пред сегашниот него ќе го рамниме. Ако дојде ситуација Инзаги да биде тренер на Јуве на пример а кај Интер да е било кој, ќе го рамниме со Инзаги.
Има шанса ама сега и реалноста не удри у глава. Заморот кај играчите се гледа апла, како мумии се на теренот. Муабети тука Барса дали ќе се мине скудето дали ќе се крева, луѓе ќе умре некој на теренон опасно е. Без добра клупа кај што вториот состав има капацитет сам да испадне и да ги здрви послабите екипи, па првиот да одмори и да оди кај Барса у гости нема борба за триплете. Мораш да инвестираш првен во подолга клупа на сериозни играчишта, и мора да си најдеш решение кај што гледаш дека нешто не оди. Интер и лани цвикна против Атлетико ако се сеќаваш, одеа по теренот во 90та минута. Да им речеа пласман или смрт пола од нив смрт ќе избереа.
Има шанса Инзаги и тоа не само сезонава туку и наредните 3-4. Очекувам ако се задржи ростерот на силни и добри играчи, плус се донесе квалитетна екипа да се догради каде што фали, Интер може да има секоја сезона вакви добри опции да биде у борба за најмалце 2 трофеја. Ама тоа правење на бизнис од фудбалот носи само да бидеме новата холандија за фудбалска европа. Глеај како си пикираат играчи од Италија, ко од шала фрлија пари манчестер 17то пласираниот у англиско за Онана, Хојлунд и Зиркзе а не вредат ни пола од тоа.
Како и да е, многу тормозење и мозгање не треба. Уживајте у фудбалот има за што да се бори тимот до крај, се надевам ќе најдат сила и ќе изненадат, дај боже секоја сезона вие стравови да ги имаме, дали ќе се земе скудето или не за разлика од дали ќе бидеме четврто или не.
Ја се надевам дека и ЛШ ќе зееме и италијанско. За разлика од некои пиченца на форумов шо мумлаат кога ќе се спомне скудето или борба за трофеј од страв да не ги поладат ако не испадне така, ја уште пред 3 месеци кажав и сеа ќе кажам Интер зима Скудето на крај на сезона сигурно, и ЛШ не знам ама се надевам. Па шо биде нека биде.
Шампионот треба да освои 90+ бодови. Во година кога никој не може да освои 90 бодови, било која екипа во саглам форма може да биде првак, како Лестер во Англија. Нема никакво чудо да биде ако освои Наполи затоа што според бодовите, тие се нешто над очекувањата, а ние сме многу под нашите очекувања, така да се е математика, не ни е крив ни Конте ни монте. Немаат ни тие шампионска сезона, само што се друго е на апарати.
Друга работа, ние можеме да се вадиме на трите фронта, но ние не почнавме да губиме бодови сега кога сме поцркрнати, туку од почеток. Дерби немаме добиено цела година ако не се брои Аталанта како дерби, а не треба. Цела година не оди, не е од сега, не бевме ние лидери, Наполи беше.
Оваа сезона во моментов е на Наполи, ние не можеме да добиеме 5/5 во оваа ситуација каква што е, само Наполи може да усере и некако да стигнеме до мајсторка.