Рутинска победа реално глеано, 2 даени гола, шанси за уште толку, ниедна шанса на противникот кој се бори за опстанок, после репки каде едната екипа има истрошени играчи што играа за своите земји, и екипа која 2 недели се спремаше за мечов, поише и не може да се побара од ова денес што го понудија играчите на Интер.
Малце се залетуеме со муабети 3-4 парчиња ќе даеме и слично, тешко тоа, нарочито у земја ко Италија, впечатокот е дека Интер денес не беше нешто посебно а всушност сметам ако се земе све у предвид, изиграа супер наптервар. Треба да иаме у предвид и дека спласна малце еуфоријата и кај играчите, ментално тој пораз и елиминација би рекол и неочекувана во ЛШ ги осакати фудбалерите кои имаа далеку поголеми апетити у тоа наптерварување, од друга страна убедлива предност во калчо каде одамна веќе ги прогласија за шампиони, па и не изненадува што и нивото на игра малце е опаднато.
Сеа више играме од недела за недела, нема да имаат проблеми со замор и слично, рутински треба да се финишира сезонава, и да се завери скудетото што поскоро па да се даде шанса на млади фудбалери и оние кои не играа многу годинава ако има простор за тоа зашо може ќе атакува Инзаги на одредени рекорди сезонава ко број на поени или clean sheet текми па да тера скоро и до крај со најдобрите играчи. Секако и у ваква ситуација, мислам дека малце се претеруе со Фратези, бар овој сакам да има поише минути и да е стартер.