Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Што убаво реагираше Снајдер после 3 или 4 примен гол. Отиде блиску Гасперини и онака демек кур ме боли си пие вода.

Колку промашени работи само... Од формација па се до задачи. Каква задача имаше Форлан и каква Зарате? Заради овој нагатоко го дадовме Сантон бре? па матер да му ебам на бранка бе, матер впичка да му ебам. Што значи ова со форсирање на Милито јас не знам, ако мислат Пацо да го држат резерва на Милито многу црно ни се пишува.

Алварез, Оби, Ранокија, Кутињо, Зарате, КАстањос па и Зарате, све ова се играчи кои ке го јадат за постарите играчи да играат.

Мразам тврдоглави тренери. Бени беше таков копук, овој копуков ист. Ајде де, почна 3-4-3 ти се напрае кејфот, ама гледаш дека не оди 3-4-3 со 5 бекови и 1 деструктивец, алоо бе кретен тоа ти се 6 играчи кои ги играш против Барса и тоа сите во една линија, не е ова елка, па да ја китиме како што е поубо за око.

Нагатомо е најслаб играч последните 10 години за интер. Мунтари играше кога дојде, од овој ништо неам видено, и ме убива у поим кога ке го видам како ми изиграва евра/алвеш.

Лошо многу, многу. Лани исто почнавме со ваква игра, и памтам кога тепавме си реков тука на форум ’’да ти ебам победата’’, дека игравме бедно. Денеска игравме 10 пати полошо од лани.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.215
Поени од реакции
14.482
Не знам дали напиша некој нешто за слободните...
Мене не ми е јасно како може искусна екипа како Интер да си дозволи да направи десетици фаули во зона на шут или барем на позиции каде може да се извади добар центршут!? Го расшутиравте Миколи, како на тренинг за слободни да е, па нормално дека ќе влезе некоја. Да имаа изведувач на слободни како Снајдер кој знае колку голови ќе примеше Интер...

А, не беа правени таквите фаули само за време на нивни контри...
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Што убаво реагираше Снајдер после 3 или 4 примен гол. Отиде блиску Гасперини и онака демек кур ме боли си пие вода.
Тоа беше на 4 примен гол, и баш го забележав истото, фацата му беше во стилот дека не сме ние криви што некој си игра кур ташак со формацијата.:tapp:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
И оставете го Марли, убаво им пишува на овие децава бе.

Јас тука на фан клуб Интер прочитав дека робињо немал да игра против барса и демек да дал господ цела сезона така да им помине на милан... Епа пецка сега деца, нели?

Мадинава ми ги пукнавте со ’’киксот’’ на Милан со 1:1 против Лацио, а сега не ви е убаво, епа не ви е.

Така да, Марли ко Марли нека си пише до задутре, ама за да не летат банови на интераши поради миланез, нека се банира од темава Марли, затоа што освен провокација и застарен хумор ништо нема од него во оваа тема. Темата за серија а, е за некои кои мислат дека ке си се разубедат еден на друг за нивните тимови.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
А јас побегнав од фб зошто и таму овие од билан досаѓаат, али изгледа сум се зезнал и овде ги има такви како овој Марли.
 

VratislavGresko

self-declared Macedonian
Член од
17 август 2009
Мислења
141
Поени од реакции
48
'Judge Inter's results, not my formation - Gian Piero Gasperini' :eek:

ај нека преведе некој, не разбирам баш убаво- дали овој си игра к.. со нас или нешто не е со сите.
однапред фала
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.935
Поени од реакции
45.061
Одличен пост на Иосоно, се е кажано, од што милион грешки приметив во одбраната, и таа со живиот ѕид не ја спомнав, ај што тројца имаше во жив ѕид во миниму 2 наврати кога Миколо шутираше, еден од нив увек беше, кхм, Нагатомо.

И друга работа, дали Гасперини некогаш уклучува телевизор и ги гледа Јунајтед, или Барса, Реал ... ?
Работењето во сегментот одбрана треба да се базира на играта на вакви страшни екипи, а не они со просечна екипа да дозволуваат да бидат буквално убивани на своја половина, тогаш се поставува прашањето, чим Миколи и компанија ова го прават, што ќе се случи со Меси и останатите ?

Кога го играа првиот меч со Барса пред 2 години, алудирам на мечот од групната фаза, дома, тогаш беа очајни Интер во нападот ама во одбраната се држеа добро, и по таа игра на тој дел од терен со ненормална релаксација ги пратев Интер против ваквите екипи, зашто бев со ставот, чим Мур и тимов се носеа со Барса, екипи ко Реџина, Каљари нема да можат да припаруваат до голот на Интер а камоли да шутнат ...
Така и беше, следеше една серија од добри мечеви тој период и одлепување на табелата, што на крај се покажа и ко клучно во остатокот од сезоната бидејќи тогаш создадоа низа џокери кои подоцна ги искористуваа ( сите знаеме како ).

Интер знаеле до сега стандард лошо да ги отвараат сезоните, со Мурињо кога ја освоија тројната круна беа надиграни од Бари дома, на крај Бари утнаа и зицер токму преку Алварез кој гледам сега во Палермо отишол. Ама волку ужасни никогаш не биле, сериозен сум кога ќе кажам дека волку лоша одбрана сум видел само со Шалке лани и 6ката со Милан, кај примија 4 гола, уште и толку шанси за гол, од оние сериозните, имаа Палермо.

Памет у глава за Гасперини, рече ќе учи од грешките, ќе прави промени ако е тоа потребно, епа неда е, плаче тимов за промена ко што циган плаче за туш.
 
Член од
26 август 2011
Мислења
517
Поени од реакции
114
Незнам што е нејасно тука палермо играше ко да е финале на ЛШ за разлика од нас кои си го ладеа на терен со исклучок на некои играчи како оби кое детево е пак ќе потенцирам машинка.Па палермо го оставиа срцето на терен и успее во нивните намери а кога ќе ги погледнав нашите се однесуваа како да играт против некој си трето лигаш како ај што ги ебаме кои се тие палермо ние сме интер и можеме кога ќе прднеме да им дадаме гол,али ние не сме барса за тај начин на игра,а одбраната ни е катастрофа а цезар е најголемата катастрофа на тимот,ако не за 3 гол али 4 можаше да се реагира на соодветен начин.Али то је то се смеевме на милан ние се изглупиравме повеќе.3-4-3 е формација како за Џонатан и малди играчи кои ќе трчат од едната половина на другата и да покриваат а тоа не се права со станкович,занети,камбиасо цк цк
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
802
Поени од реакции
287
А јас побегнав од фб зошто и таму овие од билан досаѓаат, али изгледа сум се зезнал и овде ги има такви како овој Марли.
ШТО СЕ ЗАМАРАШ...КЕ ИМ ЈАДЕМЕ СЕИР СЕА КОГА ОД БАРСА КЕ ПРИМАТ 5 КОМАДА СО НАТУРА.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
At Sky , Massimo Mauro says its exclusion of Wesley Sneijder : "I do not know if the choice is right, but putting a talent on the bench is a heresy. But Gasperini's good, he knows what to do, maybe it has excluded just for this game. "

Во меѓувреме, јас стравувам заради онаа реченица од пред некој ден: I see Sneijder as a forward, за која се тешевме дека е новинарска измислица. Се надевам дека човеков навистина не мисли снајдер да му игра по крило кога ќе излезе Зарате...

Ми се чини дека ќе има брза интервенција од Морати.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
ШТО СЕ ЗАМАРАШ...КЕ ИМ ЈАДЕМЕ СЕИР СЕА КОГА ОД БАРСА КЕ ПРИМАТ 5 КОМАДА СО НАТУРА.
Едноставно неможам да се замарам со нив ни со било кој друг тим, али не им идам во фан клуб не ми доаѓај ни ти во мој фан клуб, али уште не се пораснати некој има време и за нив.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Браќа - не го дрвете за Снајдер и позицијата - Снајдер денес изигра ПРЕТЕРАНО ДОБРО барем според јас тоа што го гледав .... Имавме ПРЕМНОГУ добра игра во нападот ама со ТРОЈЦА во ОДБРАНА не правиме НИШТО ... ФАКТ.

Палермо имаше 10 контри од кои господ знае само како стигнаа до 3 шута (и 2 гола од нив)

Четвртиот гол ЦЕЛ е на ЦЕзар а третиот неам коментар .....
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
Изгубивме од 37 годишен тренер кој до вчера бил тренер на младинците на Палермо ако добро разбрав .
Хаотични бевме денес , позиционирање катастрофално , покривање катастрофално . Не победи Палермо кој што е два пати послаб од лани . Уствари 4 ни даде . Снајдер се убаци у средина и даде страшна топка , незнам дали овој Гасперини е потврдоглав од Бенитез . Мене тоа ме плаши .
Денсе Рома беше очајна ама ако вака играме против нив 100% го јадеме
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Нова сезона, стариот Интер. Повторно истите проблеми со средината и со движењата на играчите. Камбиасо и Станкович беа катастрофа. Пребавни со пресингот на противничка половина и кога напаѓачите ќе тргнат поагресивно да затвараат повсоко на теренот останува огромна празнина меѓу двете линии и многу време за играчи таму да примат топка и да се ослободат квалитетно од нејзе. Коа ќе стигнат двајцава да затворат тогаш најчесто со само еден пас ќе префрлат игра противнициве позади нив или па само фино лепо ќе си протрчаат покрај нив во празен простор позади нив. И после ради тоа што не се на позиција, цела одбрана мора да се извлекува напред за да им го скрати просторот на противниците и таму речиси секогаш не колат противниците, пошо одбраната ни е ептен спора и тешко се реорганизира еднаш коа ќе ја извадат од колосек. У напад не прават ништо освен што даваат пасови назад и хоризонтално до бековите.
Искрено не ми е јасно како неколку сезони по ред не се приметува дека најголемиот проблем ни доаѓа од тука, посебно во одбраната. Итно ни требаат помодерни играчи таму и затоа посебно ме радуваат Оби и Алварез ( супер партии). Станкович треба да се зациментира на клупа и да биде еден вид на Кордоба во средината. Камбијасо ако веќе игра, треба да се игра полимитирано, а не вака разни шутраци да си прават кариера на него и да го поминуваат како мало дете на брзина.

Сеа за нашиот тренер. Никогаш не ми биле јасни тренерите што си ги гледаат играчите како позиции на терен и што се понашаат како да играат стратегиски игрици и како да се игра фудбал во нивната глава. Мислам убаво е да бидеш идеалист и да си тераш некоја филозофија, ама само ако реалноста ти дава услови да ја тераш. Таков беше и Бенитез, таков очигледно е и Гасперини (многу се надевам дека грешам). Може во неговата глава овој систем е совршен и многу добро функционира, ама во практиката немаме ни блиску играчи за да играме на таков начин, посебно во одбрана. Плус пола екипа вака се игра на неприродна позиција. Имаме супер составен тим за да се игра 4-3-3 или 4-2-3-1, треба само да се прилагоди на тимот и да ги остави клучните играчи на места каде што се најдобри и каде можат да играат како лидери ( да, мислам најмногу на Снајдер). Едноставно мора да се прилагоди.
Исто ме нервира несериозноста на Цезар. Лесно можеше да ја фати таа топка и да не се потпира на некаква проценка. Не смее да си дозволува такви кискови.

Имав претчуство дека вака ќе тргнеме со сезоната и најискрено се надевам дека Гасперини ќе ја смени играта и нема да продолжиме вака. Ако не ќе имаме уште една пропадната сезона ако мењаме тренер на полусезона.А ќе мењаме ако има вакви резултати. Коа ќе ми текне дека алтернативи се Михајлович и Делио Роси ми доаѓа да му станам фан на Гасперини.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.935
Поени од реакции
45.061
Вака сега, најмал проблем е тоа што Снајди играше '' крило '', ко прво Снајди да, беше поставен странично а не централно каде што најмногу му одговара но не беше класика крило кое се користи за кросеви и нафрлени топки, цело време а добиеше топка одеше кон десно, централно низ теренот, се местеше нонстоп на десна, создаде неколку прилики за шут и асистенција, така да јас лично немам против да игра на позиција каде на пример и Роналдињо и во Барса и во Милан играше.

Проблемот тука е што за разлика од Форлан и Зарате, Снајди нема да се враќа константно назад и да затвара странично, нешто слично како и со Балотели.

Она што најмногу треба да го засега тимот е што Интер незнае да игра одбрана веќе втора сезона по ред, трансформацијата од напад во одбрана е катастрофална, од контри се убиени, капак на Се од овие 4 гола, 2 примија кога одбраната беше поставена на место, првиот и вториот гол паднаа кога одбраната беше позиционирана аналогно на она што Гасперини го зацртал, тоа и самиот тренер го изјави.
И во една таква ситуација, они беа измрдани од тим ко Палермо ( што доволно говори колку очајно Гасперини ги подготвил за игра во одбрана ), на ова само да го додадеме и фактот дека на Миколи денес му беа овозможени ако не се лажам 4 добри позиции за слободен удар, односно, му беше овозможено да си го темпира шутот од слободен се дур не погоди ( така испаѓа ).

Убаво еден на forzainter форумот пишал, вика, се плашам дека и со промена на тактиката играта во одбрана ќе е иста. Тоа и мене ме плаши, тоа е она што и ја тука го напишав, ме плаши фактот дека постои голема веројатност Гасперини да нема капацитет у него за да успее од Интер да создаде повторно екипа која тешко прима голови и тешко дозволува противникот да дојде до шанса за гол. Ќе видиме уште од Трабзон а потоа и со Рома како ќе се однесува тимот, пред Се Гасперини.

п.с. Со Оби и Алварез Интер добија долгорочни решенија за средината, уште Поли да се покаже и бар во тој сегмент да се обезбедени во иднина, незнам за вас, али ја у Алварез гледам светска класа од фудбалер, само да не го поебат неговиот развој ко фудбалер како што знаеле во многу наврати да направат и ќе добијат страшен играч за тој дел од теренот ( сега и сваќам зашто Венгер го бараше за позиција централно во средниот ред, место Фабрегас ).
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Лајк за поголемиот дел, до втората половина од последната реченица. Делио Роси е Кока-Кола за овој. Се надевам дека и јас грешам. Ама не можам да разберам тренер што има една формација и ја игра само таа без разлика на се, како да е некој рецепт за победување истата. Имавме еден таков на Градски, се сеќавате? Доби отказ пред некој ден од Емиратите или кај год да беше селектор. То-је-то...
--- надополнето: Sep 11, 2011 11:40 PM ---
п.с. Со Оби и Алварез Интер добија долгорочни решенија за средината, уште Поли да се покаже и бар во тој сегмент да се обезбедени во иднина, незнам за вас, али ја у Алварез гледам светска класа од фудбалер, само да не го поебат неговиот развој ко фудбалер како што знаеле во многу наврати да направат и ќе добијат страшен играч за тој дел од теренот ( сега и сваќам зашто Венгер го бараше за позиција централно во средниот ред, место Фабрегас ).
Јас бев скептик за Рики до вечерва, ама вечерва ме импресионираше најмногу со зрелоста, со начинот на кој ги тераше акциите. Само нека продолжи вака. Оби и Рики можат да го заживеат средниот ред и да овозможат брза контра, сега сме статични, заспани...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom