Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.469
Поени од реакции
6.813
нагатомо не е повреден, мислам дека ова е најбрзото закрепнување од исчашено рамо до сега што сум го видел. За неполни 2 недели се врати да игра против Киево, сто посто спремен е и сега. Џонатан си е десен бек, не за џабе го споредуваат со Маикон, не само што играат на иста позиција, туку и сличен начин на игра имаат, само што џонатан не е уште разигран во Италија и нема искуство.
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Сакав многу Гасперини да почне со 4-2-1-3 формација вечерва,али гледам си тера негови планови.Ке беше добро да пробаше,Цезар,Џонатан,Лусио,Самуел,Нагатомо,Занети,Камбијасо,Снајдер,Зарате,Пацини,Форлан,али ајде он си знае и многу ми е криво за Поли што е повреден,сакав фа го видам и него вечерва али тоа е тоа.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Forza Inter! 3 месеци го чекам овој ден, кога конечно повторно омилениот тим ќе заигра официјален натпревар. А и јас како и многу фанови сум моментално сосема збунет и навистина не знам што да очекувам. До сега барем пред натпрвар се знаеше кој е фаворит, дали ќе победиме лесно или ќе се мачиме, а сега не знам што да очекувам навистина. Но, верувам во Гасперини и во новиов ни напад, мислам дека ќе полнат мрежи сезонава!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.974
Поени од реакции
45.264
Баш ќе го видиме вечерва.
Ако игра ќе игра таму, ко и на подготвителните каде што играше, десен бек, а како ќе изигра тоа зависи од него нормално, мене лично ми се допадна тоа што го видов од овој играч, во Бразил беше еден од најдобрите десни бекови до повредата која ја имаше, играше за Сантош, тим кој ја освои јужноамериканската Лига на Шампиони минатата година ...

Долго време беше следен од Интер, го земаа за пристојна цена, и постои веројатност во иднина и да биде стартер во тимов на сметка на Маикон кој претпоставувам дека во една ситуација Џонатан да импресионира ќе биде продаден.

Затоа и Сантон си замина, Џонатан и Фараони си го направија своето, такоџе и од Фараони во иднина очекувам многу, т.е. од оваа сезона па нагоре, страшен талент е и ако е паметен може во иднина да обезбеди и репрезентативен статус многу лесно со оглед дека нема голема конкуренција во италијанскиот состав на тие позиции.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
Inter: 1 Julio Cesar; 6 Lucio, 25 Samuel, 4 Zanetti; 42 Jonathan, 5 Stankovic, 19 Cambiasso, 55 Nagatomo; 28 Zarate, 22 Milito, 7 Forlan.
A disposizione: 21 Orlandoni, 7 Pazzini, 10 Sneijder, 11 Alvarez, 20 Obi, 23 Ranocchia, 30 Castaignos.
Allenatore: Gian Piero Gasperini.

Сепак без Снајдер...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.974
Поени од реакции
45.264
Јака клупа, маме му ебам, тргни еден од одбрана и 2ца напад ( или еден средина и напад ) пак, одлично изгледа тимот.

Сега Гасперини е на потег, баш ме интересира на што ќе личат од денес па нагоре.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Жими се клупава освен Кастигнос е појака од колку тие што се на терен :)
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.756
Поени од реакции
6.516
Милито пред Пацини ? Се надевам ке ги оправда очекувањата Милито и ке даде гол денеска,иначе мислам дека Форлан повеќе ке влегува во средина а Џонатан ке игра многу офанзивно,додека на другата страна Зарате повеќе ке игра како крило а одма до него ке му помага и Нагатомо! Се надевам ке тргнеме со победа,ајде Интер со среќа:)
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
Сите сте се фатиле за Снајдер али знаете дека и Форлан може да изигра креативец.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom