Алварез ни е најскапиот играч ова сезона. Според логикава треба да е стартер, за да биде стартер во нападот како што повеќето тука го ставате, треба да седне еден од Форлан, Пацо и Зарате, што би било најголема глупост одма после обидот да се купи Паласио, така да, Алварез рамо до рамо со Снајди, Оби и Маикон.
Да пишам колку Ио Соно (анализа), ке ме направите миланист, затоа што не гледам ништо позитивно во трансфериве, ама не сум до толку да го правам триесет годишниот Ето поголем и поефикасен од Форлан и Зарате заедно, тоа не, во никој случај. Ето не е толку голем играч колку што е голем спортист (трча, се жртвува, игра за тимот). Ето како играч никогаш нема да е како Ибра, ама Ибра не знае за тим и за такви глупости, за Ибра до пред 2 месеци он беше најдобар играч во целиот свет, ама си виде што и како и сега ни златната топка не ја сака
Форлан знам дека ке се залага, многу. Да може некако и Зарате да се залага и на коњ сме.
Чекам многу од Оби, Маикон, Снајдер, Пацини и Форлан. Мислам дека ке ме изненадат Зарате и Кастањос. Кутињо и Поли нека ги пуштат со послабите тимови, и никако со посилните.