Пишав и кај нас у фан клуб, лето какво што доликува на некој што стигнал до финале во ЛШ.
За греота, муабет вртен у круг ама пак се враќаме на она што и ја го пишував пред неколку месеци, летово приоритетно за клубот беше да добијат нови газди, не трансферите, гледаме и зашто е тоа случај. Гревови.
Не знам Инзаги што седи тука, не знам ни зашто толку Конте се плукаше кога све што кажа типот за Жанг и компанија го гледаме веќе 3 години откако он си замина од клубот, па не треба да им се поданичиш на кинезиве ич, ене го и Перишич после сагава со Броз кратко стори пушти каде писал само Јебени Жанг.
Инзаги си набилда статистика лани, финалист во лш со тотален аутсајдер, прави им притисок бе, или иди си ќе си најдеш некоја боља работа ради ланската сезона каде бар ќе учествуваш у креирањето на тимот, на која основа се витка кичма на моменталново раковоство, на крај ќе го ногираат кога нема да достави, а нема, зашто немаме играчи, немаме клупа, немаме квалитет. На долг рок попаметно ќе му биде да си отиде и све да извади на површина отколку да седи и да го ногираат, изглеа стварно бил оној муабетот на Жанг, топ му бил Инзаги зашо не му барал играчи.
Откако заврши сезоната 2ца битни играчи си заминаа, Шкринијар и Броз, со други зборови многу сме послаби од лани на хартија без разлика што првиот не ни играше пола година, голем кур, се знае какво лето треба, а какво ни се доставува, за жалење се. Дај боже да ме демантираат иако и тоа на сила ќе биде со некои магии на Марота ама и у тоа веќе се сомневам, 2 лета веќе Марота и Аусилио не доставуваат, чисто сумјам дека третово ќе достават баш онака ко што треба.
Видеово за Турам е топ, пак овие интер медиа хаус изглеа ќе тераат со јаки видеа али очигледно, вака гледајќи го, пола буџет за трансфери таму им отишол. Срамно е за Фратези да се тегавиш, срамно е и на достапен СМС да не загризаш асално за него нарочито зашто самиот тренер ти го сака. Кинезот планираше Интер да се носи со големите тимови, кога дојде, тоа му беше ветувањето, со ваква работа нема да можеш да се носиш ни со Наполи реални да бидеме, ме боли кур какви се условите во Италија за другите најискрено, ветувањето кога они дојдоа у моментов нема теоретска шанса нити па можност да го реализираат, така да у таква ситуација не треба веќе да се тука. Умрениот ако чека да ја среди за стадионот па тогаш да рипаат приходи со среќа нека ни е, во ваква корумпирана земја тоа ќе се одовлекува и нема да се среди ни у наредни 3-4 години сигурно, до тогаш ваков ако е планот ...
Колку што беше добро лани за клубот што играше финале ЛШ, толку е и лошо, овој изглеа мисли јаки сме па се издеси тоа, таква среќа у ждреб сеа имаш и никад веќе, у моментов клубот работи и исполнува услови да не ногираат уште у групна фаза. Типот уште не може да нареди ни спонзор напред да имаме, преговараат уште се тегават, смешни се, веќе следно лето гледам како барем еден од Барела или Лаутаро си иде за едно 30-40м помалце од цената која може да им се извади у денешни услови, јер сите што ни доаѓаат на преговори знаат дека друга опција неаме и тоа го користат.
By june 2023, FC Internazionale Milano's enterprise value amounted to 1.258 billion euros, representing a 26 percent increase on the previous year.
26% пораснала вредноста на клубот споредбено со лани истиов период, ова се должи на ЛШ кампањата од сезонава, сеа им е идеално време да го продадат зашто истата во иднина ќе тоне.