Де бе како го гледате Барела како непријател не ве разбирам стварно. Преку кур ако пафта со рацете, и мене тоа ме нервира ама очигледно на соиграчите не им смета толку многу. Пафтање и галамење за доброто на екипата, не е у стилот на Лукаку или Роналдо рецимо - зошто не ми подаде мене.
Таков е живчан и нервозен, ама дечкото ни е најдобар играч и екипава не може да се замисли без него, прав мотор и сите акции у напад идат преку него.
Да Броз можда е најбитен у градењето и почнувањето на акцијата ама у противничка половина Барела е главен. Комплетен везњак, модерен, све има буквално, еден од најдобрите у лигава со сигурност ако не и најдобар. Па и надвор од Калчово, ретки се тие везњаци што се поквалитетни од него.
Не замарајте толку многу пошто ќе плачеме колективно како зајци ако случајно биде продаден некогаш. А ако не се среди ситуацијава со клубов кај и да е ќе дојдат Реал, Сити мити, Ливерпул, Челзи и компанија. Измислен е за вакви екипи.
Многу сме гадни као фан база тоа е 700 пати дискутирано, одма наоѓаме ситни замерки за играчите и ги гориме, ете Ханда ќе го памтиме на 40 години што примил стоечки голови иначе претходно што бранеше како ѕвер тоа нема врска ќе го заборавиме дека сам ја држеше екипава у мртва бантер ера.
Ретко кој играч останал имун на критики од големите фанови на Интер.
Неам проблем и Миланчо да е капитен, некако по став заслужува да е, плус ова е добар момент да му се даде до знаење дека е многу битен играч и дека треба да продужи договор. Не можам да замислам сценарио каде би не одбил и би си отишол зимоска за ситница или летоска без пари. Не е таков човек. На Интер е сега да му напраат добар договор и да го заклучат.
Он, Броз и Барела нека бидат капитени. И Гери тука некаде нека се мотка, и тоа е битно копиле и потенцијален ѕвер у најава. Мада тоа е само на хартија пошто очигледно Дамброзио е капитенот на екипава.