Бабани, откако пратите фудбал и Интер, кога Интер направил 2 измени во 30та ради жути картони? Апсолутно никогаш, ова е прв пат у историјата наша на глеање фудбал ова да ни се деси, а прилично сум убеден и АКО имало ваков случај, ај за еден играч сигурно имало тоа е пракса да се вадат нервозни играчи со жут и пред црвен у прво кај многу други тренери, прилично сум убеден дека историски општо гледано дали има повеќе од 2-3 вакви примери кај нас.
Инзаги бил фудбалер исто, нема ништо попонижувачки од ова, и од замена на играч што влегол ко замена у второ, или прво сеедно. Како ова може да влијае врз самодовербата на тие што се заменети, еве го Бастони после измената
Разбирливо, и недопустливо истовремено. Толку е, да беа само резултатите проблем па и играта,не би го менувал, ама да имаше целосна контрола врз соблекувалната и играчите да застанеа позади него зашто само така може да се сменат работите кон подобро, ама уште после Баерн и Барела евидентно е дека не се мириса со дел од фудбалерите, и тоа клучните, тренер што нема контрола врз сопствените играчи нема што да бара тука, а и било каде на друго место. Марота е у доста деликатна ситуација зашто не е глуп, свесен е за истово и свесен е дека се исполнети условите да е тргнат, а пари нема, не верувам дека у неговата глава ок е да дојде некој ко Станкович и да се тера со кертејкер во ситуација кога е 8мо коло, или кое и да е, прерано е за такво нешто.
А и да, једини адекватен трипетдваш за нас беше Конте, апсолутно ниеден друг тренер и откако пратиме ние фудбал не успеал некад да наметне ефективен систем со тројца назад кај нас, така да следниот што ќе дојде треба да е некој што преферира одбрана со 4ца назад иако и да дојде до смена на тренер, првично мислам дека и новиот тренер би играл со истиот систем зашто тимот е така креиран, ако фрли 4ца во средина и сами сте свесни замените кои ќе бидат, така да промена на систем после трансфер периодите би требало да се дешава, и тоа после здрав трансфер период.