Еднаш не се уфрли во игра, ништо не проигра, никако не се истакна. Ептен лоша утакмица, како да не играше исто.
Мора да се земе предвид дека и интернационални утакмици имаше, ќе видиме како ќе биде. Уште 35 кола има пред него да се докажува, не треба да се коментира толку рано, може ќе биде флоп како што предвидуваме и ја и ти, може ептен ќе му легне лигата па да искине до крај. Овие моменти се кога и играчите се учат меѓу себе, имаше 4-5 ситуации кога си пропуштаа топки и не се разбираа, значи до толку е работава раштиман оркестар. Не може да го земеме него само, пошто треба и некој да му даде топка. Добро е што се победи, се гради карактер(Бенитез фацу тибам) на победници и се шири познанството. Следно коло ќе знаат подобро како да го уфрлаат со топка, наредно уште повеќе.
За утакмицата, ја секогаш сум викал, поарно 3 бода да земеш со лоша игра отколку 1 или 0 со најдобрата. Не ми е толку битно што практично денеска се беше очобол. Ако споредиме со минатото, Удинезе секогаш биле цврста екипа, сме се мачеле многу со нив, и многу утакмици знаеле да бидат со по 5-6 гола во двете мрежи. Денеска земено се во обзир(нов тренер, нова екипа, нова игра, интернационална пауза) имаме полн погодок, победа, прво место на табела, немаме потреба за грижи и нервози. Полна капа. Дајте ми уште 35 овакви кола со 1-0 победи и лоша игра, ја сум среќен.