Spored nekoja logika ako ne ja pominame grupata si ostanuvame vo tret sesir a dokolku ja pominame moze da se nadevame na vtor?
Се рачунаат последните 5 сезони одиграни во европско натпреварување, било ЛЕ или ЛШ. Секој тим има поени собрано од тие 5 сезони и има ранк листа на која вие сте на 46то место со 31000 поени. Оваа година што ќе зберете поени ќе ви се вметне во пресметките за наредното рангирање и ќе се рачуна за наредната година за групната фаза, а ќе ви отпадне сезона 2014/15 каде сте имале собрано 12000 поени. Значи тие 12000 поени ќе ги заменете со овогодинешните што ќе ги зберете.
Е сега, таму некаде во август ќе си правите пресметки за ранкингот кога ќе дојде последното квалификациско коло. Ќе се молете да има изненадувања на пример како оваа година, Порто отпадна од Краснодар, а Порто да поминеше ќе беше пред вас како тим со повеќе поени во европски натпреварувања во последните 5 години од вас.
Како што гледам треба да има голем сплет на околности за да бидете во втор шешир следната година, многу тимови треба да отпаднат некако за да вие заземете место во втор шешир. Така да јас мислам оваа година и финале да играте, наредната ќе останете у трет шешир.
За втор шешир ќе се надевате за сезоната 2021/22 година кога ќе ви отпадне 2015/16 година кога немате поени од европски натпреварувања. Исто и 2017/18 немате играно европа и имате 0 поени.
Значи како се гледа, прваците на 7те најјаки првенства се во прв шешир, 8мото место е за првакот во ЛШ мислам. За во вториот шешир прво ќе си гледате кои клубови директно се пласирале од појаките лиги, 3те од Шпанија и 3те од Англија големи се шансите сите 6 екипи да се со поголеми поени од вас и да си зафатат место во вториот шешир, потоа тука се италијанските екипи, ќе ви одговара на место Рома, Милан или Лацио повторно Аталанта да влезе, ама под претпоставка дека и Наполи покрај Јуве оди во ЛШ, ете ти и 7мото место зафатено во втор шешир, останува уште едно, а тоа сигурно ќе го потполнат вице шампионите на Франција и Германија, Лион, Марсеј, Монако, Дортмунд, Леверкузен, Шалке, Волвсбург оти сите имаат повеќе поени од вас и котираат повисоко на ранг листата. Да не ги спомнуваме Бриж, Андерлех, Салцбург, Бенфика и некои руски тимови кои се пред вас.
Нормално ако бидете прваци у Калчото во прв шешеир сте и ако ја освоите ЛШ во прв шешир сте.
Еве ти ја табелата па прави си математики уште во Мај кога ќе завршат првенствата
UEFA European Cup Football - Results and Qualification
kassiesa.home.xs4all.nl