Со доведувањето на Лукаку (ептен јак играч по мерак на Конте) јасно му дадоа до знаење на Икарди дека ќе го шутнат од Интер како најголем мрсул оти тоа го заслужи без размислување.
Икарди е завршена приказна во Интер,брзо ќе го заборавиме дека играл за Интер кога ќе почне Лукаку да ги решета мрежите.
Многу ми е ќеиф за трансферот,сме немале таков напаѓач од времето на Адриано.
Добро игра и со двете нозе,одлично игра и со глава,само Конте малку главата да му ја потсреди и има да биде разорен за противникот.
Одвај чекам да почне сезоната,а до крајот на трансфер рокот како што гледам Грозниот е на излезна врата што е за поздрав оти долго време немаше што да понуди повеќе од тоа што веќе го има понудено во Интер.
Патот под нозе нека го фаќа,нека пече ќебапи со Салихамиџик во Баерн.
Сега е моментот за Киеза,да се проба да се доведе,макар требало Валеро и Весино да се вратат во Виола и да им се дадат 30 милиони плус.
Вреди секоја пара тоа лигле кое се надевам дека под палката на Конте нема да биде лигле
