Добро уште ли се дебатира за ликот и делото на овој кастрираниот. Зарем не е се апсолвирано до сега. Веќе втор тренер го исклучува од тимот, два спортски директори влагаат во конфликт со него и сакаат да го продадат, половина тим не може да го поднесе, клубот чии сопственици се мулти милијардери е подготвен да го продаде за половина од неговата пазарна вредност, која ја имаше пред една сезона, очигледно одбива да игра за билокој друг освен најголемиот и најомразениот конкурент, и уште наративот тука е дека он е жртвата? Не ми е јасна оваа ирационална љубов што навивачите на Интер ја имаат спрема Икарди и покрај се што направи. Од историски аспект, типот е никој, нема ниту една титула освоено со клубот. Не е некој генерациски талент, одличен напаѓач е, тоа е тоа. Интер своевремено го продаваше еден Роналдо, Ето, Пирло, Р. Карлос, Сидорф, легенди на светскиот фудбал, па немаше ни пола реакции ко за него.
Јас се повеќе мислам дека оваа ескалација е резулатат на некој изнуда која Ванда и приврзокот сакаа да ја изиграат на клубот, после ЛШ настапите оваа година. На почетокот на сезоната и двете страни изјавуваа дека новиот договор е само формалност и дека треба само да се седне да се разговара. Веројатно имале некоја идеја и начелен договор за зголемувањето на платата која ќе му ја дадат. После се случија головите во ЛШ против Тотенхем и Барса и скокнаа апетитите. Беа навикнати да бидат третирани како бебиња, па кога дојде овој стариот од Декември и добија ѕид пред нив, почнаа заканите со премин во Јуве и “ќе ви ја посерам цела сезона и иднина“ потезите во текот на пролетта. Претпоставувам дека имаат некое неофицијално инфо од менаџментот на Јуве за интересот и буџетот кој ќе го имаат за него, па логиката е колку повеќе ќе ја спуштиш својата вредност на пазарот толку поголема плата ќе добиеш. И почна циркусот во јавноста што трае до ден денес, вклучително и наводното одбивање на сите други клубови освен Јуве.
Мене ме интересира, еве конкретно членовите во фан-клубов кои мислат дека менаџментот ја усрал работата, како они би ја менаџирале ситуацијата? Икарди сам си ја сруши цената на пазарот, очигледно со намера, бидејќи влечеше потези кои го принудија клубот да ја донесе ситуацијата до тука.
Еве, не требало да му ја земат капитенската лента тогаш, требало на лето. Што ќе сменеше од аспект на неговата пазарна вредност тоа. Пак ќе беше незадоволен играч во прашање, кој прави проблеми (веројатно тогаш во предсезоната, наместо во текот на сезоната) и кој Интер ќе мора набрзина да го продава. Плус, зошто сите претпоставуваат дека Ванда ќе заќутеше, ако Интер не му ја земеше капитенската лента на Икарди. Ванда ја почна конфронтацијата преку медиуми пред да му биде одземена капитенската лента, претпоставувам ради левериџ за нов договор. Не ги даваше изјавите откако му беше земена лентата.
Другиот аргумент е дека одземањето на лентата е диспропорционален одговор на тоа што го направил, така? Клубот првично немаше никаков одговор на провокациите на Ванда, а официјалиот одговор после третата провокација беше одземање капитенска лента и симболична казна. Минорни работи. Пак беше планиран како првотимец и не беше ставен на трансфер листа.
Ај да се потсетиме на хронологијата на настаните малку. Прва изјава на Ванда, само неколку дена откако Аусило изјавува дека во тек се преговори за нов договор, јавно, без никаква причина изјавува дека немаат никаква понуда добиено од клубот, дека немаат ни еден состанок одржано и индиректно дека клубот ги лаже (да се создаде престава дека клубот е несериозен и не го цени Икарди). Никаква реакција од клубот. Втора изјава, повторно неиспровоцирана, Интер и Јуве во текот на летото преговарале за продажба на Икарди, а Икарди не прифатил (да се создаде престава дека менаџментот, Аусило и Марота, е некомпетентен и се предавници). Повторно никаква реакција од клубот. Трета изјава, отворен напад кон тренерот на тимот и изјава дека соиграчите од тимот не се доволно квалитетни, со потенцирање на “оние што му делат топки на Икарди“ значи меѓудргото Перишиќ, Наинголан, односно најплатените после него. Конечно реакција од клубот со одземање на капитенска лента и симболична казна. Што прави Икарди како резулатат на тоа? Одлучува да не игра 2 месеци во најбитниот дел од сезоната, во една од најбитните сезони после 2010 за клубот. Чии рекации се диспропорционални во случајов? Никој не гледа ни тронка намера тука? Само страдалник во гулаг, на кој цел клуб му се закачи со сила да го избрка од клубот. Дај не зезајте. Сите имаме професии, сите работиме или сме работеле за некого. На една од минатата работи не можев да ги поднесам половина од колегите и сите претпоставени, не земав да пуштам циркуларен мејл низ фирма и писмо до медиуми како сите се некомпетентни и не си ги заслужуваат платите. Како ви е ова нормално, не ве разбирам.
Ова е играч што скоро секоја сезона добиваше нов договор, на 22 години беше ставен капитен на клубот, откако отворено и се закануваше на навивачката група на тимот, и 4-5 години се градеше тим околу него. Покажува ниво на непрофесионалност на кое му конкурира само Нејмар во моментов.
За Лукаку, цената која се споменува за него е веројатно превисока и јас сум скептик за финансиската исплатливост на таков трансфер, ама не е толкава разликата меѓу него и Икарди. Сигурно не е цела класа. И Лукаку има сериозни бројки позади него, во посериозна лига. Каков и да е, тој е најдобрата алтернатива за Икарди во моментов, освен ако стварно не е достапен Кавани.