Нема што да се црта истиот жолт картон што го доби Коне го доби и Перси 1 секунда беше разликата помеѓу свирчето и шутот а изгледа и овој не го слушна свирчето
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Поздрав и честито победа искрено навивам за Интер да го земе скудетото , ги мразам Билан !!!
Ај пробај вака:
1. Прво, пробај да го тргнеш на страна фактот дека на едниот стадион имаше ненормална бука а на овој нема. Да речеме дека Ван Перси го слушнал свирчето.
2. Второ, пробај да го тргнеш на страна тоа што играше Барселона. Нека е и Интер, Милан, сеедно кој.
3. Трето, пробај да го тргнеш на страна фактот дека судијата во вакви ситуации
има право да покаже жолт картон.
4. Четврто, пробај да го тргнеш на страна фактот дека ова е прв жолт картон, а ако играчот има еден често пати судиите прогледуваат низ прсти.
Разликата меѓу двата натпревари ќе остане оваа: ова е обичен лигашки натпревар, а тој е натпревар од нокаут фаза на ЛШ, со огромно значење за милиони фанови, многу повеќе неутрални љубители на фубалот и конечно, за историјата на овој спорт, затоа што во такви натпревари се испишува. И кажи ми дали мислиш дека е нормално еден таков дуел од таа фаза да биде решен затоа што играч ебено шутнал после свиреж на судијата? Без разлика дали се работи за секунда, две или три. Искрено.
Судиите мора да имаат чувство. Да не ја расипат играта. Да не ја уништуваат играта. Да дозволат натпреварот да го решат актерите на истиот. Тоа е тоа.