Абе ова со статистикава ви е класична контрадикторност од муабетите контра фановите на Барса, тогаш статистиката е небитна, не ја покажувала реалната слика на теренот, ок, еве, викендов се играше куп на Италија, Лавеци не даде гол, немаше асистенција, ама во статистиката не пишува дека да не беше он, Кавани немаше да има прилика да даде гол од пенал, тоа во бројки не е презентирано кога ќе отвориш еspn stats или некоја друга страна.
Лани имаше информација дека во 80% од головите на Наполи ( без неговите ) он учествувал во акциите и бил еден од креаторите на истите со тоа што во статистиката тоа не му е урачунато како бројка.
Лавеци е многу корисен фудбалер, машина, минатата година имаше една колумна која велеше дека Наполи и без Кавани и без Хамшик можат но не и без Лавеци, случајно баш тој период Лавеци се повреди и пропушти неколку утакмици во период кога беа во подем и за момент сериозно му се заканија на Милан по што следеше нивниот меѓусебен дуел каде Наполи беа посрани ( без Лавеци ) а подоцна имаа уште неколку киксови по што целосно отпаднаа од битката за Скудетото. Ајде, ако дојде, ќе видиш зашто толку бараат за него, да, не вреди, многу други играчи не вредат за сумите кои се дадени за нив, ама за денешни стандарди на трансфер маркет вреди толку, јебига.