Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Не смеат ни да помислат да го продадат Мота во Јануари. Никако!
Многу ќе ни падне играта, без него во тимот.
И за да не бидам погрешно сфатен, не е дека Мота е до толку добар што нема замена за него, туку проблемот е што во тимот нема ни еден играч со неговите способност, што може да го замени, а и на пазарот нема играчи кои што сега можат да го заменат. Тоа автоматски значи пад на нивото на игра и тоа огромен пад.

Ако го шитнат сега ќе биде вистинско мачење. Пак ќе гледаме како на почеток на сезона кога Самуел ни беше главен плејмејкер, и кога организирање на игра значеше подај ја до одбрана. Очигледно заборави менаџментот на тоа, ради оваа серија од неколку победи. И повторувам, не ми е толку за Мота играчот, колку ми е за улогата што ја врши во тимот. На лето е слободен да си оди, зошто и ја не би му дал нов договор на 30 годишен играч што е 4 милиони по година. Иако ништо чудно што го бара, со оглед на тоа кој се зема огромни плати кај нас. Така се поставивме, така ќе се однесуваат со нас.

Единствено Сахин или евентуално Монтоливо би можел според мене да го замени сега, ама тоа со огромен прашалник. Кучка е чист просек, Велосо не е нивото што ни треба, многу падови во игра има, Гуарин е Боатенг тип на играч. Нема таква сигурност со пасовите да организира игра од позади ко што ни треба. Мвила не сум го гледал.

2. ФФП не е толку ригорозен колку што беше претставуван, односно и да не ги исполни некој тим условите тоа не значи дека по автоматизам ќе биде санкциониран/отстранет од натпреварувањата кои се под УЕФА, туку зависи од состојбата на тимот, може да се прогледа низ прсти.
Па само нашите така го презентираат на јавноста. Кога ни еден друг голем тим од 10-12 во Европа не замара со тоа, јасно ти станува за тоа каков е карактерот на овие правила.

ФФП е нешто што е консензус на клубовите, не нешто што може Уефа да го наметне врз клубовите, посебно не врз големите клубовите. Ако клубовите одлучат да го следат сите ок, ако не, ние може да го следиме колку сакаме, ама тоа не гарантира дека другите големи клубови ќе го следат или дека некој ќе ги принуди. Има големи ѕверки влезени во фудбалот кои вложуваат многу пари и кои сакаат сатисфакција од тоа, и сигурно нема некој идеалист со фудбалски мозок да им диктира услови на тоа како ќе работат. И правилата се направени такви, баш за тоа.
Уефа ни има средства ни реални можност да ја прави контролата што наводно треба да ја прави. Даночните органи у државите не можат да им најдат крај, па Платини ќе ги контролира.

Затоа преку глава ми е ( сигурно и на тебе и на голем број на фанови на Интер) од изјавите на оној Паолило, со онаа "сериозност", како мислиш за иднината на Еу се одлучува со правилава.
Ова беше долго упм :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.760
^ И Милан исто имаат проблем со големите инвестиции, виде и за Тевез, беа спремни Пато да го продадат. :eek:
Исто и Челзи за разлика од минатото, тродупло го смалија фрлањето на пари.
Не е битно, Интер мора да работи на покривање на дупките, за разлика од Барса и останатите се мачат и со посетеност на стадион кој не го поседуваат, за разлика од другите земји во Италија слабо стојат со пари од спонзорите, едноставно не се интересни, па не е толку лесно да се крпи финансиската состојба на тимот за разлика на пример од Барселона, или Манчестер Јунајтед, или Реал Мадрид кои за една година ги вратија сите пари што ги дадоа за Роналдо само од продажбата на дресови. :eek:

Италијанциве многу почнаа да заостануваат зад останатите земји на трансфер пазарот, премногу дури кога ќе се земе Се во предвид, дојде време кога и русите и французите повеќе ќе трошат од нив. :eek:

Али ќе се опраат Интер во наредни 2 години, во тоа сум сигурен, не се издржуе веќе вака, среќа во несреќа е што и останатите во Италија не брилјираат во тој поглед, не дека е тоа некаква утеха.

Треба да се напомене дека и младите стигнаа до 4те најдобри во Европа на онаа ЛШ за младинскиве тимови па ваљда полека почнува да вродува со плод новата политика на тимот па очекувам и од таму да излезат неколку добри играчи во иднина.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Шо играч е овој Гуарин јас ниншто не сум чул за него сега слушнав одкога Интер се заинтересира за него.
Порто како што знам играчи тешко продава а тие што ги дава ги продава за огромни суми.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
Али ќе се опраат Интер во наредни 2 години, во тоа сум сигурен, не се издржуе веќе вака, среќа во несреќа е што и останатите во Италија не брилјираат во тој поглед, не дека е тоа некаква утеха.
Само Јуве ќе ни избега и тоа доста за тие 2 години . Направија стадион , следната година ќе играат лига на шампиони каде приходите вртоглаво ќе им се зголемат (y)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.760
Гуарин е одличен фудбалер, вонсериски е, со двете нозе добро шутира, бајаги голови од далеку има дадено, одлични центар шутеви упатува, исто и добар изведувач е на слободни удари.
Добра прилика е ова да се ангажира ама некако ко да спласнаа шпекулациите за него, инаку може и централно во средината да игра и странично, идеален е за системов на Раниери кој и Поли го играше еднаш ко крило.

Инаку претпоставувам дека е во лоши односи со новиов тренер на Порто, слабо они оваа сезона, отпаднаа и во ЛШ во лесна група и исто и Хулк еден период беше незадоволен, стандард е ова за нив, увек по губење на добар тренер вака се понашаат.
--- надополнето: 27 јануари 2012 во 16:15 ---
Само Јуве ќе ни избега и тоа доста за тие 2 години . Направија стадион , следната година ќе играат лига на шампиони каде приходите вртоглаво ќе им се зголемат (y)
Чекај и ти, уште оваа сезона не завршила, и Интер е многу блиску до ЛШ местото, стадионот на Јуве е нов тоа е точно, ќе имаат приходи како и да ја вртиме но не заборавај дека капациетот е мал кога станува збор за еден нов стадион на голем клуб, не ги исполнува ниту условите за организирање на финале од Лига Европа.

Тоа што Интер не се расфрла со пари не мора да значи дека наредната година или за 2 години сеедно, ќе се неконкурентни во Италија, они и оваа сезона како што гледаме имаат простор за битка за Скудетото, штета што многу згрешија со Гасперини па убер споро стартуваа и тоа штетно се одрази врз тимот.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Abe Syn, ne znam zosto tolku uporno odgovaras na kogo bilo sto ke spomne FFP, i zosto uporno spmnuvas drugi timovi.

Normalno deka Barca, Real i Utd nemaat tolku gajle od FFP, zatoa sto pred vreme se spremeni za ova, znaat kade i zosto investiraat. Znaat deka Ronaldo ke gi vrati parite odma (pa i od dogovorot na Ronaldo so Real mislam deka on od licnite sponzori im dava pari na klubot, ova mozno e voopsto da ne e tocno ama mislam deka nekade go imam procitano), i znaat da napravat odlichen marketing pozadi igrachot, buy-out klauzulata mu ja mestat odma na 1 miljarda dolari, stadionot go polnat samo za prezentacija, ti rekov mi reche... Nie Snajder go donesovme - nishto. Ronaldo go donesovme - nishto. Nagatoko go donesovme - nie nishto, molchi za sreka japancite sami dojdoa i napravija bum od toj transfer inaku i od toa nishto.

Druga rabota e toa sto Abramovich pred se e biznismen, taka i parite gi napravil, iako na pochetok bese senzacija koga ke slushneshe deka ejj miljarder go kupil Chelsea, toa se znaese deka koga-togas ke prestane da frla pari po klubot. Vreme e i tie da napravat pari i da funkcionirat kako tim, ne deka go boli kurot Abramovich za 30-40 milijoni. Isto i so arapive na Siti, onaka na prv pogled ti se chinat kako razgaleni deca, ama i tie ke prestanat so troshenje, ne se budali, gledas za Tevez koi problemi gi pravat, a mozat komotno da go dadat bez pari.

Inter nikogas ne mislel na ova pred vreme, Inter t.e. Morati sega odluchi da ne troshi i se vadi na FFP, ova moze da go pishesh so zlatni bukvi deka taka e, nema druga prichina. Jas ova pred 2 godini ti go vikav ti mi vikase ne e taka, posle smena, pa smena, pa sega mozno e ama se nemalo pari...

Edna Barsa koja ima perfekten sostav lani dade 70 milijoni za da stane uste pojaka (kako e mozno pojaka da stane??? e ajde de), nie sto pravime? Nemame pari.. E nemame pari koga Morati si go saka Inter samo za sebe i misli deka drugi investitori ke mu shtetat na timot. SIte funkcii se ili na Morati i negovoto semejstvo ili na marionetki na Morati.

Za menadzment na tim ne se stavat ex average players (da, bash na branka aludiram) nego luge koi se razbiraat od toa. Ne moze da go bide eden chovek koj odi 10 pati vo London i nisto ne pravi, ili 5 pati vo brazil i nosi 2 igrachi, edniot od 2 milijoni drugiot od 4, ko demek vo evropa za istite pari ne mozel ist kalibar na igrachi da nosi... Kako i da e, ova e toa. Sreka sto igrame dobro i imame rezultati, inache 13/14 mesto, pa ke trebase Kuper pak da go nosime da ne vrati na vrvot, deka ednas toj taka ne spase posle 2-3 sezoni ochaj.
--- надополнето: 27 јануари 2012 во 16:30 ---
Тоа што Интер не се расфрла со пари не мора да значи дека наредната година или за 2 години сеедно, ќе се неконкурентни во Италија, они и оваа сезона како што гледаме имаат простор за битка за Скудетото, штета што многу згрешија со Гасперини па убер споро стартуваа и тоа штетно се одрази врз тимот.
Iskreno, mislis deka i slednata sezona so ovie igrachi nemame da imame start kako i predhodnive 2 godini? Pa trenerot e kriv i samo trenerot, pa polu transferi kako nagatoko i hargja... Eheee... Treba ednas da se nosat 2-3 iminja koi na nas navivachite ke ni zvuchat kako sci-fi, ili too good to be true, drugo ne ja biva. Ne mozeme nie da chekame da go bide Obi, ili so Kutinjo da igrame protiv Barsa...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.760
Moрати не се вади на ФФП, едноставно е Јонзе, Интер никад немале да можат да имаат конкуретен тим во Италија ако мислеле на долговите, никад немаше Мурињо да го ангажираат, никад немаше Ибра да го донесат, никад немаше Роналдо, Виери и останатите да дојдат, па можеш само да претпоставиш што ќе се случуваше ако Морати не даваше пари од свој џеб и клубот работеше на начин да биде во финасиска позитива.
Ќе беа ко Наполи или Удинезе, тоа сигурно.

Па сеа кажи ми, дали требале да мислат на време или тогаш не се ни замараше со ова ...
Нема тука никакво вадење, зависни се од парите на Морати а вечно он не е способед да дава големи суми за покривање на долговите, се е јасно ко бел ден, не дека се вадат они на нешто, прашање на време беше кога ќе дојдеше период на нетрошење, период кој сите тимови го имаат.

А за ффпво, одговарам на оваа тематика зашто прво, ова е јавен форум, и второ, информиран сум за оваа тема што и како, не зборам од памет.

п.с. И незнам што ти смета Нагатомо, сигурно Антонини и Де Чеље не се поарни од него.

п.п.с. Инаку и Абрамович нема намера да дава свои пари ко порано, затоа е и променета трансфер политиката на тимот, затоа и бараше од градот дозвола за нов стадион која не ја доби, ги одбија пред неколку месеци.
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Moрати не се вади на ФФП, едноставно е Јонзе, Интер никад немале да можат да имаат конкуретен тим во Италија ако мислеле на долговите, никад немаше Мурињо да го ангажираат, никад немаше Ибра да го донесат, никад немаше Роналдо, Виери и останатите да дојдат, па можеш само да претпоставиш што ќе се случуваше ако Морати не даваше пари од свој џеб и клубот работеше на начин да биде во финасиска позитива.
Ќе беа ко Наполи или Удинезе, тоа сигурно.

Па сеа кажи ми, дали требале да мислат на време или тогаш не се ни замараше со ова ...
Нема тука никакво вадење, зависни се од парите на Морати а вечно он не е способед да дава големи суми за покривање на долговите, се е јасно ко бел ден, не дека се вадат они на нешто, прашање на време беше кога ќе дојдеше период на нетрошење, период кој сите тимови го имаат.

Инаку одговарам на оваа тематика зашто прво, ова е јавен форум, и второ, информиран сум за оваа тема што и како, не зборам од памет.

п.с. И незнам што ти смета Нагатомо, сигурно Антонини и Де Чеље не се поарни од него.

п.п.с. Инаку и Абрамович нема намера да дава свои пари ко порано, затоа е и променета трансфер политиката на тимот, затоа и бараше од градот дозвола за нов стадион која не ја доби, ги одбија пред неколку месеци.
Site timovi imaat dolgovi. Barsa pred 2-3 godini imase nad 400 milijoni, pa nikomu nisto.

Ne moze ova strategija da e najdobra za Inter. Znachi koga se nema pari, odgovor ne e da ne se troshat tie sto ti ostanaa, odgovor e da se napravat pari. Pari od dresovite na Obi ne moze da se napravat, toa site go znaeme.

Isto taka za dolgovite momentalno samo Morati e dolzen da gi vrati tie pari, poradi ista prichina sto toj e dozlen za 50% od uspesite na timot (50% za trener, igrachi, ti rekov mi reche). Ako ne e Morati dolzen koj e, Facheti?

za "p.p.s"-to sto razlicno rekov jas? :D

Bas vo ovoj post ne go kritikuvav nagatoko, samo rekov deka marketinshkiot boom za nego sto go imavme ne se dolzi na Inter nego na ludite japanci koi dojdoa od tamu, Inter nisto ne napravi okolu toa.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.760
Кога еден клуб работи на покривање на долговите, нормално е да страда трансфер политиката, тука нема ништо чудно, мислиш Берлускони во последниве неколку години кренал раце од Милан поради малите инвестиции ? Единствено лани потрошија повеќе пари и тоа далеку е тоа од многу кога ќе се земе во предвид како им ги поклонија Ибра и Робињо, еве последново лето со Ночерино се задоволија а пред само неколку години го дадоа Кака за над 60м евра ако не се лажам.

Е сега секој тим си е приказна за себе, не можеш да ги ставиш Интер и Барса во ист кош поради мал милион разлики, не е исто да имаш клуб во Италија без свој стадион кој ретко кога е исполнет и клуб од Каталонија, каде целата област им е наклонета и каде имаат свој стадион, стадион кој кај собира скоро 100 000 гледачи, па и е далеку помодерен од Меаца, феноменален е и просторот околу стадионот а и самите простории внатре, за разлика од бетонон на Меаца и паркингот надвор каде има транвајаска станица, безвезе е.

Можеме само да претпоставуваме какви биле плановите на Морати, моја претпоставка беше дека он имаше план ова да го направи со Мурињо што е и логчно, ти вчера кажа дека Мур си отишол година дена пред истек на договор, не е точно, си отиде 2 години пред да му истече договорот, он потпиша договор на три години но летото 2009 го продолжи на уште една плус, а со него во секој случај Серија А им беше загарантирана и без поголеми инвестирања, а и тие што ќе дојдеа гарант лесно ќе се вклопеа во неговиот систем, ко Пандев на пример, или Мота.
Затоа ја упорно викам дека Мурињо во најлош момент за нас си замина па сеа кармата го ебе од сите страни во Мадрид, али и Интер не се нај-нај, убаво пиша некој тука, не може он без Интер али и Интер не можат без него.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Syn,
Не спорам дека се намалени инвестициите во фудбалот, ама тоа не беше тема на муабетот. Муабетот беше дека врз паѓањето на инвестициите во фудбалот општо и во Италија ФФП има многу мало влијание, ако воопшто и има влијание. Она што беше причина да се намалат инвестициите е економксата криза во светот, барем кај оние што ги зафати. Еве арапите немаат никаков проблем, затоа што они ја имаат суровината што прави пари во моментот, па затоа можат се што сакаат да прават, па дури и да си играат со фудбалски клубови.
Кога е несигурна економојата, правата работа што инвеститорите ( секси термин за богатите луѓе) ја прават е да си ги осигураат парите од ризични инвестиции. Фудбалот е ризична инвестиција и првенствено хоби, а во голема мера и шанса да се вртат пари во многу нерегулиран сектор. Тоа е тоа што се случува.

Сега ова со фаворизирање на ФФп од некои страни е малце очаен обид да се задржи статус-кво во светот на фудбалот, затоа што правилото е наменто првенствено против новите богаташи што влагаат во фудбалот и тоа од го поставуваат веќе старите богаташи што ќе имаат или веќе имаат проблем со влевањето на повеќе и повеќе пари во фудбалот, зошто тоа на нив им штети, од нивните сметки се одбиваат трошоците.
Екипите како Ман Ју, Барса, Реал, Арсенал не се баш засегнати зошто работат и се организирани на друг принцип, комплетно различен од другиве. За нив повеќе пари во фудбалот значи можност повеќе пари клубот да прави. Не се зависни од газди во никаков случај они.

Повторувам, по мене, Уефа е организација што ниту е организирана за тоа, ниту има реални можност, ниту вистински сака (освен Платини можда), да се поставува како контролорот на клубовите. Едноставно немаат таква моќ. Ако клубовите се договорат да организираат лш надвор од Уефа, Уефа најмногу ќе страда ради тоа не клубовите. Така да они само можат да го формулираат консензусот меѓу клубовите, ништо друго.

Ние моментално не трошиме заради тоа што Морати е според тоа до што ние имаме пристап, краток со пари и можеби зошто сакаме да ја смениме филозофијата на клибот како спортка така и финансиска. Мада ја мислам дека е првото и се надевам дека е тоа, зошто за второто не не бива. Немаме доволно добра структура и компетенција очигледно за да ја менуваме стратегијата одеднаш.
Ако му се вратат парите на Морати, а мислам дека ќе биде брзо и тоа и ако е пак подготвен да инвестира на големо, а мислам дека ќе биде, тоа ќе биде очигледно најдобрата алтернатива за Интер иако е малце непријатно што пак ќе бидеме suger-daddy клуб. Ако можат второто да го постигнат, секоја чест и од мене имаат подршка. Ама ко што гледам не им иде баш стратегијата, ако спроведуваат некаква.
Over and out.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.760
Ja па викам фузија дека праат од двете, точно е дека најмногу трпат поради тоа што Морати не е во состојба да двои сопствени финансии ко порано, пробелмот е што ова е случај веќе неколку сезони по ред само фановите ова го приметија тек откако Мурињо замина, инаку кога ќе се разгледа периодот по 2006, разлика црно со бело се во поглед на инвестирањето од пред истиот, од тогаш па до ден денес само дигресија имаат во тој поглед.
Клубот според ова што го гледам најмногу работи на тоа да нема играчи кои зимаат огромна плата, затоа со заминувањето на Киву, Мунтари, Кордоба, евентуално и Мота летоска ќе се ослободи поголем простор во буџетот а не верувам да се пополни истиот со фудбалери кои ќе имаат поголема плата од овие што ги наведов, и онака Кордоба, Мунтари, Киву, Се е тоа вишок непотребен во тимов па на нивно место доволно е да се доведен 1 квалитетен фудбалер кој максимум би земал 3м годишно.

Можеби и затоа не загризаа за Тевез, кошта исто ко и Лукас ама овој вториов дупло помала плата би имал во Интер.

Во секој случај Се е ова во рамките на нашите претпоставки, за мене глупо е да верувам дека одговорните во клубов немаат план за иднината на тимов па затоа и уверен сум дека ќе дојдат далеку подобри денови во тој поглед.

Инаку денес имале средба за Гуарин, исто и со агентот на Мота се сретнале за да разговараат за неговиот моментален статус.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
ФФП е за да се заштитат веќе големите тимови од новите богаташи кои сакаат да вложуваат. Сигурно Морати не буткал за ФФП зашто приходите му биле поголеми од расходите, туку зашто со секој нов богат клуб, Интер губи т.е. Морати ќе треба да вложува бидејќи навреме не го организирал клубот. Додека други клубови истовремено носеле фудбалери, вложувале во стадиони, работеле на маркетинг, Морати само купувал играчи и пробувал да постигне успех, сеа кога Арапиве се попалија по фудбалов, гледаат задено со Платини да го спречат тој тренд и големите да си останат големи.

Невозможно е за било кој да влезе во некој тим и за 1-2 години да создаде конкурентен тим, а на богаташите не им се чекаат 10 години за неговиот тим можеби да се пласира во ЛШ...

Нема ништо лошо во тоа да се трошат огромни пари во фудбалот, бидејќи најпрво фудбалските клубови се организирани како АД, со самото тоа тие не можат да бидат ограничени колку и како ќе трошат и како ќе ги покриваат загубите се додека даноците се плаќаат, сепак ова не можат важи само за земјата во која се натпреваруваат, додека УЕФА е организација која може да си воведе свои правила, а додека таму се најголемите клубови, таму ќе се стремат и сите останати...


И пак ќе кажам, не може цела фамилија Морати да биде најпаметна и најспособна за да биде на сите врвни позиции, од маркетинг до организација на фан-клубовите, не знам зашто не стаат некој Морати како главен на косачите на трева, можда Меаца ќе изгледаше пофино...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.760
Има на официјалниот сајт кој каква фујнкција има, далеку од тоа дека се на сите врвни позиции.
Во Италија е многу тешко да функционира тим како Интер што функционираа на времето а уз пут да бидат без поголеми загуби, Интер во Италија беа ко Реал што се двоеше од останатите на времето или Челзи, трошеа за едно лето повеќе од Милан, Јуве и Рома во пакет сите заедно, само немаа големи успеси, до душа за 2 години е докажано дека во Италија се играло прљаво, сеа да не поставувам низа прашалници за останатите периоди со Моџи, поготово во 98ма кога всушност и прв пат е споменат зборот Калчополи и тоа не било каде туку во италијанскиот парламент, до таму отишла тогаш работата.
Ова е уште една причина зашто треба да му се каже фала на Морати, ако ја знаете историјата на Калчополи ќе сватите зашто го зборам ова, да не беше овој човек прашање е дали некад ќе се разоткриеше тоа нечесно работење на Моџи, можеше да се деси ко и татко му што направи, поради сите тие прљави работи да си замине од Интер и да останеа со 13 титули до ден денешен.

Не ми текнува кој спомна на темава, беше нешто во стил, ако изгради стадион Морати се ке му опрости, и ја сум со истиот став, не само поради фактот што Меаца ич не ми се свиѓа туку и поради тоа што огромен прогрес на сите полиња ќе има тимот. Али тогаш за тогаш, сега за сега, ако се водиме по тоа што го пишуваат медиумите за наредно лето треба да очекуваме една голема инвестиција, Лукас, само прашање е дали Снајди ќе го задржат, исто и во средината треба да се инвестира, одбраната е склопена целосно, со нападот во случај да дојде Лукас, ќе може да се причека уште една сезона.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Syn, иако за многу работи не се слагам со твоето мислење, искрено се надевам дека си во право. :)
Не за друго, туку тоа е најдобриот можен исход од потезите кои ги влечеме моментално.

Ја би бил поголем "верник" во работата на нашиот менаџерски тим, ако не ме потсетуваа страшно многу некои потези кои сега се прават, со потезите кои ги правевме пред таму 2005-06 кога почнавме да си играме курташак со цела Италија неколку сезони по ред и неверојатниот успехот со тројната. Тогаш имаше некои години кога го правевме секој можен погрешен потег. И ја и ти и скоро сите од фан-клубов ( по тоа на мене како ми личи сите се постари од 16-17 години) памтат колку безидејни и изгубени бевме пред да дојде тој Факети за претседател.
Затоа и сум многу критичен на тоа што се прави, зошто ќе ми ја утепаат желбата да ги пратам активно, ако како во минатото пак се прават такви глупости, помали или поголеми, што го уништуваа и потенцијалот и реномето на клубот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom