Одличен перформанс од сите вечерва, ептен добро изиграно. Секоја чест за секој што играше, немам зборови.
Друго нешто е што сите сте во “делириум“ и го прогласивте Интер за финалист. Па чекајте бре, има уште една утакмица и тоа во Барселона, а 3:1 е поволен резултат, но не и гарантирачки дека финалето е наше. Не се палете пред време сите, има уште една утакмица.
Да се надеваме дека со Маикон не е ништо сериозно, и дека ќе може дури и против Аталанта да игра. Секој натпревар па натаму е важен, затоа треба сите фит да се.