bojann дај распрашај се кој е овој Филип и дали е автентичен?
Зошто да не биде автентичен? Темата е за секој фан да си го кажа своето мислење, ако бев јас или Syn или некој друг ќе наликуваше онака како што јас Syn или некој друг го гледа овој дуел.
Не знам зошто сите му се нафрлија на Филип кога поголемиот дел од фановите до пред некоја недела зборуваа исто како е срамота да загубиме 15 бода предност и сега да чекаме кикс на Рома за да бидеме шампиони и дека причината е во лошата форма, Мурињо и незнам уште кој не го набројуваа.
Може не се сложуваат со тоа дека Филип вели дека Жулио Цесар е една од појаките страни на тимот. Точно е дека Цесар игра далеку од формата во минатата година но нема сомнеж дека се работи за голман од светска класа а таа класа се покажува на вакви натпревари како што е дуелот со Барса.
Исто така наполно е во право кога вели дека Снајдер не помага во одбраната. Тој има само неколку стрикни задачи што како да маркира ама во поголемиот дел од времето седи напред.
Филип нема пишано дека сме преслаби дека Барса ќе не згази дури го кажа она истото што го рече Мурињо - шансите се 50-50 иако Барса на хартија е фаворит.
На крај краева јас не можам и не смејам да ве убедувам дека не сте во право зошто секој си има право на свое мислење, на свој начин на гледање на работите, и изразување на својот став. Мислам дека тоа е еден од основните факти на кој се заснова форумот - различно мислење - со цел да се развие дискусија.