Можно е против Барса да играме со формација 4-1-4-1, во која Маикон ќе биде десно крило а не десен бек. Ето ќе игра лево, Снајдер со Мотаи или Станковиќ во централниот дел од средниот ред, Камбијасо позади нив а Диего Милото напред.
Иначе Еспањол вчера ни покажа како да се спротивставиме на Барса. Силен притисок врз Меси и Чави, Меси да се удвојува а на Чави да не му се дозволи време да размислува што да прави со топката и по можност цело време да му се прават ситни прекшоци. Јас би го ставил Кварезма како лево крило со задача цело време да трча по Меси, барем за трчање уште го бива или пак би го играл Маикон на страната каде што ќе игра Меси.