Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Интер кец - Сингл на 500
Интер кец у кец Сингл на 500
Интер кец со хендикеп 0-1 на 500
Интер кец со хендикеп 0-2 на 500

Get Rich or die trying :)

Ти ебам :mad:
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Не ми се верува дека Пандев вечер ке биде стартер на натпреварот:toe:, Цигото ке игра на негово место. Но како и да е со душа чекам да поче натпреварот да им кажеме на Ѓубрентус како се игра фудбал, и уште еднаш Мота би го ставил на местото на Деки...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.508
Поени од реакции
58.926
Интер кец - Сингл на 500
Интер кец у кец Сингл на 500
Интер кец со хендикеп 0-1 на 500
Интер кец со хендикеп 0-2 на 500

Get Rich or die trying :)

Ти ебам :mad:
Е тоа е веќе здрав спортски дух :pos:
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Интер кец - Сингл на 500
Интер кец у кец Сингл на 500
Интер кец со хендикеп 0-1 на 500
Интер кец со хендикеп 0-2 на 500

Get Rich or die trying :)

Ти ебам :mad:
Се освен последното ќе влезит, сепак многу е 3 разлика :smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.508
Поени од реакции
58.926
(ne mozam da koristam kirilica radi glupiot ms win vista):

sekako deka se irelevantni, site dokazi im se vece sruseni.
sporeduvaat toa sto morati bara dobar sudija vo derbito, so snimki kade sto moggi veli deka samo so colina ne mozat dobro da 'sorabotuvaat' ...
medjutoa ovaa ne e proces na klubot juve, tuku licno na moggi, toj vo toa vreme bil sabotiran od del od segasnoto rakovodstvo-nesto kako vnatresen puc protiv nego...
mozam da gi sfatam mediumite vo italija i nivnite montazi, pa del se na juve del na milan...
ama koja e ulogata na fucking goal.com :violent1:
Целата група на гоал.ком предводена од Гарганезе и Ландолина е анти-Интер до коска, со години пишуваат бљувотини. Како не се најде еден соработник од Италија кој е барем објективен (не ни требаат вакви ко овие што навиваат). Медиумите во Италија освен ТутоЈубе не пишуваат бесмислици само му даваат за значење на многу ирелевантни работи на кои се пали дечурланава.

На 20-ти Моџи ќе го крка дрвото и ќе придонесе за уште поубава атмосфера вечерта против Барса.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.880
Поени од реакции
16.097
Ќе ги мачкаме-Ќе ги мачкаме ... Ќе ги јадеме-Ќе ги јадеме НАПРЕД!:)))
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.638
Поени од реакции
1.233
На Скај Италија е објавен следниов состав !!

Цезар

Маикон - Лусио - Самуел - Занети

Камбиасо - Мота

Снајдер

Пандев - Милито - Ето
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Очекувам вечер Пандев да го повтори ова :)
А статистиката вели дека на 6 уткамици против Јуве има дадено 3 гола ,барем колку јас што успеав да израчунам :)

 
M

mercenary

Гостин
На Скај Италија е објавен следниов состав !!

Цезар

Маикон - Лусио - Самуел - Занети

Камбиасо - Мота

Снајдер

Пандев - Милито - Ето
Дај боже(Мур) да биде овој состав,најјакиот.:wink:
А и да има мали измени Деки/Мота,Бало/Панде,нема да биде многу полошо.
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Дај боже(Мур) да биде овој состав,најјакиот.:wink:
А и да има мали измени Деки/Мота,Бало/Панде,нема да биде многу полошо.
Мота повеке ме влече да биде стартер отколку Деки, А имам осекај дека цигото ке добие шанса вечерва:toe:... ке му даде Жозе шанса, но како и да е ке видиме до после Жозе знае најдобро сепак....
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Шнајдер и Камбиасо е најважно што играат ,за другите помалце важно ,добро и Пандев секако :tv:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.695
Поени од реакции
6.219
На Скај Италија е објавен следниов состав !!

Цезар

Маикон - Лусио - Самуел - Занети

Камбиасо - Мота

Снајдер

Пандев - Милито - Ето
Овој состав излезе и на Стемфорд Бриџ,ова е најакиот состав и очекувам дебакл на Јуве:toe:,јас ја играв 1-1 сингл ова не се пропушта:toe:
 

Mikky

Интераш
Член од
23 октомври 2008
Мислења
210
Поени од реакции
19
ВАков пост одамна не сум прочитал. Браво.:wink:

Калчополи 2: Што се случува?

Судењето на Моџи, главниот актер во Калчополи аферата поради која Јувентус беше преместен во понизок ранг, се покажува како благослов за медиумите во Италија кои јавно навиваат за нова афера наречена Калчополи 2.

Телевизиите се гледани, весниците се купуваат, интернет изданијата работат со полна пареа додека главниот мафиозо во Италијанскиот фудбал се обидува да докаже дека „сите правеле како него.“

Се разбира на главен удар се најде Интер, поточно Претседателот Морати и сега покојниот Факети, легендата на Неразурите. Но дали е ова така како што Моџи се обидува да го прикаже и имаат ли фановите на Интер причина да бидат загрижени?

Судот ги прегледува телефонските разговори од тој период но од она што засега излезе во јавноста, разговорите кои ги водел Моџи со комесарот за судење Бергомо, и разговорите на истиот со другите претставници на клубовите, не се од иста природа. Имено, постојат околу 7.500 разговори, бидејќи во тоа време било дозволено контактирање со претставниците на фудбалската федерација. Од сите клубови се јавувале да се пожалат дека се оштетени, да го пофалат судењето, да се заблагодарат, да критикуваат, па и да извршат одреден притисок. Но разговорите на Моџи се нешто сосема друго, затоа што во дел од нив, тој прави организирана шема за делегирање на судии на разни натпревари, нешто што немале моќ или влијание да го направат другите претставници на клубовите. Згора на тоа, веќе е јасно дека Моџи поседувал при-пејд сим картички од Швајцарија, кои според законите во Италија не можат да бидат надгледувани. Но она што е утврдено е дека од нив тој имал скоро 400 разговори само со Бергамо и некои судии.

Моџи успеа во замислата да го префрли тежиштето на другата страна, знаејќи дека медиумите немаат причина да не ја играат играта. Затоа, и не е чудо што многу фанови на Јувентус, па и некои не многу упатени фанови на Интер или неутрални љубители на фудбалот, не знаат дека ова не е судење на Интер туку судење на Лучијано Моџи, кој очајнички се обидува да се извади од калта убедувајќи ги сите дека неговите разговори не се различни од оние на другите.

Но за потсетување, поголемиот дел од разговорите кои се преслушуваат сега, беа преслушани за време на Калчополи аферата и судот веќе ги прогласи за ирелевантни.

Нова автогол одбраната на Јувентус си даде со разговорот помеѓу претседателот на фудбалската федерација на Италија Караро и комесарот за судење Бергамо. Во разговорот, Караро му вели на Бергамо да го стави Колина за натпреварот на Јувентус, додека овој го поставил Родомонти. Караро вели дека во понеделникот после колото, имало состанок околу судењето, затоа судијата не смее да суди во корист на Јувентус.

Оваа приказна медиумите на Јувентус се обидоа да ја продадат како анти-Јуве приказна, затоа што ако не се суди во нивна корист, автоматски е нерегуларно. Тоа е прашање на навика. Во пракса, Караро е свесен дека судењето за Јуве предизвикува проблеми, и се што бара е судијата да не суди за Јувентус. Никаде не бара да суди против Јувентус. Но кога се во прашање ривалите од Торино, ваквиот став на федерацијата е „смртен грев.“

Исто така, изјавата на синот на Факети дека Интер треба да го врати скудетото од 2006 максимално беше експлоатирана. Не се радувајте, Факети сака да го врати скудетото од сосема други причини.

Во меѓувреме, збор два за goal.com, иако овој „медиум“ не го заслужува тоа. Но за жал, овој трачерски ориентиран сајт постигна голем успех и сега успешно ги уништува мозоците на многу млади луѓе кои секојдневно се навлечени на него. Но колку и да не ги цениме текстовите на овој сајт, Италијанските соработници се апсолутни шампиони. Сите други заедно и да се трудат, не можат да напишат толку измислици и невистини колку групата анти-Интер и про-Јувентус фанови.

Така, меѓу другите работи, на овој сајт можеше да се прочита како Интер ќе биде испратен во сериа Б (Веројатно затоа што 15 години не освоил титула), како Интер ќе му исплател на Јувентус 200 милиони евра оштета и слични желби.

Следното сослушување е на 20 април кога би можеле да очекуваме и нешто конкретно од сето ова. Во меѓувреме, можеме да почнеме со расчистување на некои работи. Вечерва.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom