до кога бе со овие заговори? Кристијан Виери човече Жално...
Нема никакви заговори.Скоро сите медиуми во Италија (Sky,Corriere Dello Sport,Sportmediaset,Tuttosport,La Republicca итн)објавија дека се пронајдени разговорите меѓу Морати, Паирето (тогашен Претседател на Судиската комора) и Бергамо (шеф на комисијата која ги одредува судиите на натпреварите).
Уште за време на судењето пред Јуве да биде префрлен во Сериа Б, Моџи на Суд (и преку медиуми), бараше да се достават и снимките од разговорите на Морати со Паирето и Бергамо. Тогаш и Морати, и Паирето и Бергамо изјавија дека такви снимки не постојат,го обвинија Моџи дека лаже, дури Морати поднесе и лична пријава за клевета против Моџи поради тоа. Сега се докажува дека снимките постојат, и тоа медиумите пишуваат дека во рок од 6 месеци имало минимум 100 повици Морати-Паирето-Бергамо.