Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Batistuta напиша:
Реално требаше Х да заврши ама не менува многу бидејќи со секако Јуве е шампион.
Абе за да бидеш шампион треба да знаеш како да победуваш и кога не играш подобро, така Јуве победи во Фиренца со 1:2 иако Фиорентина беше далеку подобар противник, имаше повеќе од играта и погоди 3 стативи. Во минатото коло Интер играше многу подобро но загуби од Фиорентина со 2:1 :)
Се согласувам дека нерешен резултат ќе беше реално. Разликата ја направи слободниот удар на Дел Пиеро, додека Интер немаа среќа на крајот со пречката на Рекоба...
 

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
МАНЧИНИ СИ ЈА БРАНИ СВОЈАТА ФУНКЦИЈА

Ериксон не доаѓа во Интер

Тренерот на Интер Роберто Манчини демантираше дека актуелниот селектор на Англија, Свен Горан Ериксон ќе му се приклучи во стручниот штаб на "неро-азурите" идната сезона.

Минатата недела се шпекулираше дека шведскиот стратег по напуштањето на "Гордиот Албион" би се преселил на Џузепе Меаца и би работел заедно со Манчини, како спортски директор.

"Не е точно дека Ериксон ќе дојде во Интер. Тој ми се јави и ми објасни дека шпекулациите се лажни и дека тој не знае ништо за евентуална преселба во Интер. Ериксон е тренер и ако тој дојде во Инте логично би било јас да си заминам. Не знам дали би можел да најдам друга работа која е добра како оваа. Уште еднаш ќе повторам дека во случај да Ериксон дојде во Интер јас сигурно би си заминал", изјави Манчини.

 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Верон не игра против Ајакс

Фудбалерот за врска на Интер, Хуан Себастијан Верон ќе го пропушти дуелот со Ајакс идната недела во Лигата на шампиони. Аргентинецот заработи повреда на зглобот на дербито во калчото со Јуве. По прегледите кои ги изврши Верон лекарите одредија дека ќе паузира најмалку три недели, што значи дека сигурно ќе го пропушти дуелот со Ајакс.

"Неро-азурите" нема да можат да сметаат на неговите услуги и за дуелите во Серија "А" против Ливорно, Удинезе и Рома, но затоа се надеваат дека ќе биде назад во тимот за реваншот со Ајакс, кој ќе се одигра на 14 март.

Во неговото отсуство тренерот Роберто Манчини шанса во организацијата на игра се очекува да има даде на Давид Пизаро или, пак, Кристијано Занети.
 

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
МНОГУ ПРОБЛЕМИ ВО ТАБОРОТ НА ИНТЕР

Морати ќе избира: Манчини или Адриано





Уште една "сушна" сезона за Интер, барем кога станува збор за прекинување на долгиот пост од последното освоено скудето во 1989 година.

Ова придонесува за големо незадоволство кај "газдата" Масимо Морати, особено по последните информации за немир во редовите на "неро-азурите".

Слабата голгетерска форма на Бразилецот Адриано придонела да дојде до сериозна караница меѓу него и тренерот Роберто Манчини. Иако Манчини изјавува дека нивните односи не се нарушени и дека "на Адриано набрзо ќе му тргне", информациите од таборот на "неро-азурите" говорат дека атмосферата меѓу тренерот и најдобриот фудбалер е максимално "затегната".

Масимо Морати не сака такви работи да се случуваат, особено во пресрет на продолжувањето на настапите во Лигата на шампионите. Поради ова првиот човек на Интер најавил дека или Манчини или Адриано летово ќе си замине од таборот на "неро-азурите", а конечната одлука ќе биде донесена на крајот од сезонава.

Морати се најде во слична ситуација и пред неколку сезони, кога застана на страната на Хектор Купер и реши да го продаде Роналдо на Реал Мадрид.

Со оглед на променливата форма на Адриано, многу лесно може да се случи Морати повторно да го поддржи својот тренер. Реал Мадрид е подготвен да плати многу пари за да го обедини бразилскиот репрезентативен тандем Робињо - Адриано и на клупско ниво, варијанта што сигурно ќе биде сериозно разгледана од страна на "неро-азурите". Згора на тоа, Интер доста лесно би можел да се договори и за евентуално враќање на Роналдо на Џузепе Меаца, со оглед на фактот дека "феноменот" би бил вишок на Сантијаго Бернабе во случај на пристигнување на Адриано во таборот на "кралевите".
 

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
Јуве ќе го тужи Фиго

Си создаде проблеми - Луис Фиго

Јувентус ќе покрене постапка по судски пат против Луис Фиго откако португалскиот репрезентативец јавно го критикуваше Лучијано Моџи обвинувајќи го за "премногу добри односи" со судиите.

"Она што Фиго го изјави е невистинито и што е уште поважно - без никаква основа. Згора на тоа, тој спомена и дека Јуве победува и во Европа благодарение на Лучијано Моџи и ќе мора да објасни што сакал да каже со тоа. Ова се сериозни обвинувања, и некој ќе мора да одговара", стоеше во клупското соопштение на италијанскиот првак.

Челниците на Интер објавија дека целосно ќе застанат зад Фиго и обвинението од Јуве го оценија како "смешно и арогантно".

"Мораме да ги потсетиме луѓето во Јувентус дека оценките на Фиго за Лучијано Моџи беа пренесени преку медиумите, кои сигурно ја имаат предимензионирано целата ситуација", прокоментира претседателот Џакинто Факети.
 

Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
Михајловиќ станува помошник на Манчини

Ветеранот Синиша Михајловиќ се надева дека ќе му се приклучи на стручниот штаб на Интер на лето кога ќе стави крај на својата играчка кариера.

37-годишниот одбранбен фудбалер по завршувањето од сезоната ќе се повлече од терените, но се надева дека ќе остане на Џузепе Меаца, како помошник на тренерот Роберто Манчини.

"Ќе ставам крај на мојата кариера во мај. Сакам да го добијам потребните лиценци и да ја продолжам кариерата како тренер во Интер. По завршувањето на сезоната ќе му се приклучам на стручниот штаб на Манчини. За ова се договараме последниве неколку години и конечно дојде време тоа да се случи", изјави Михајловиќ за италијанските медиуми.

Контроверзниот фудбалер голем дел од својата кариера ја мина во калчото. По дебито со Рома & се приклучи на Сампдорија каде Свен Горан Ериксон го прекомандува во одбраната. Од периодот минат на Мараси почна и неговото пријателство со Манчини, со кого тогаш беа соиграчи. Подоцна двајцата работеа и во Лацио. Откако Манчини се пресели на клупата на Интер, веднаш следуваше и негов трансфер на Џузепе Меаца.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
livorno - inter 0-0 imajki vo predvid deka i juve ne tepase ostanuva na -12 no sega ke zaostanuva zad milan 2 boda.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Абе ме разочара Интер не пројде вчера лошо играше.
Овој Манчини пазете му коментар:
In reply to a question on the substitution of Luis Figo during the second half, Mancini replied: "He had been out for twenty days, he had spent lots of energy and this is why I decided to replace him. I thought that by advancing J. Zanetti and putting on Mihajlovic we could take best advantage of set pieces. Figo gave a lot, he couldn't do any more."
Па што го пушташ Фиго ако знаеш дека не е подготвен????
Не бе разочаран сум
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Добро бе брат за Интер навиваш како можи да не си разочаран. Кога не си бил разочаран. Освен ако имаш 70 години, шо се сомневам.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
У саботата не бев кога со втор тим ја уништија месина 3 спрема 0
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Mac)) напиша:
У саботата не бев кога со втор тим ја уништија месина 3 спрема 0
Па то е цела финта бе брат, како можи то да биди втор тим, а овај со Виљареал прв. Манчини тренер, смешки.
 
Член од
7 април 2006
Мислења
1
Поени од реакции
0
lele be zasto ovie inter nemaat sreka :nerv: beizgubija od villareal ne mi se veruje ebate sramota ziva daj neso napravete toj mancini ziv seljak pojma nema od fudbal:nesvest::lud: daj neso neka napravi toj moratti neka donese neso bolji trener ili neka go kupi thiery henry:icon_lol: :icon_lol: :kez: a moze i da!:nesvest:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom