Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
M

Mario Gómez

Гостин
Aaaa Бобан , срамото една ... ние навивачите на Интер стално те подржуваме во препукувања , ти ни квариш ремет деј !


ШЕЈМ ОН ЈУ !
Абе и ја ве подржувам, секогаш поштувам добар ремет, квалитетно провоцирање и провоцирач ко тебе. (зеленки ти давам):icon_lol:

Мене океј ми се Италијанците, само Милан не го мирисам ич.:pos2:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.573
Поени од реакции
5.717
Денес очекувам ваков состав цезар,маикон,лусио,самуел,занети,камбјасо,мота,станкович,снајдер,милито,ето - според мене ова е најдобриот состав за оваа сезона
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Абе и ја ве подржувам, секогаш поштувам добар ремет, квалитетно провоцирање и провоцирач ко тебе. (зеленки ти давам):icon_lol:

Мене океј ми се Италијанците, само Милан не го мирисам ич.:pos2:


Тhe enemy of my enemy is a friend of mine :) :smir::smir::smir:0-4
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Јувентус пред нова истрага од УЕФА бидејки повторно и вчера скандирале против Марио Балотели. За 2 недели ке се огласи арбитражниот суд за инцидентот со Бордо, а со вакви нови околности ни малку не си ја олеснуваат работата.

Мурињо, и јас те плаќам
 

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Леле до кога ќе се замарате со Јуве. Ги утепавте од реметење а можам да замислам што ќе се случи ако Интер го победи Казан. Никој нема да збори за победата сите ќе зборат за тоа како само Јуве испадна од Лига на Шампиони.

Се жалат Мело и Диего не им биле добри фудбалери и дека џабе платиле 50 милиони евра а пред почетокот на сезоната ги величеа и им честитаа на Блан и Секо за одличната работа. Сега и нив ги плукаат.

Не е проблемот во играчите, Проблемот е во тренерот кој не знае да постави тактика. Што сакаат од Диего да ја земе топката од Буфон и сам да ја однесе до Амаури кој ќе го чека пред голот на Бут???

Тоа е исто кога Мурињо ќе ги постави Мота и Мунтари во ист тим двајца левковци еден до дргу на три метра простор па нормално дека Мунтари после ќе биде тапа. За во Италија треба фудбалер што игра со памет а не без мозок како Мунтари. Тој е неписмен фудбалер од Африка што знае само да трча и да се бори а местото за такви е во Англија.

Идеален тим за вечер е Цесар, Маикон, Лусио, Кордоба, Занети, Камбијасо, Мота, Станковиќ, Снајдер, Ето и Милито.

Казан има само еден висок напаѓач и другите се мали и брзи фудбалери па така да Самуел ќе биде само мањак во нашиот ред.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Леле до кога ќе се замарате со Јуве. Ги утепавте од реметење а можам да замислам што ќе се случи ако Интер го победи Казан. Никој нема да збори за победата сите ќе зборат за тоа како само Јуве испадна од Лига на Шампиони.

Се жалат Мело и Диего не им биле добри фудбалери и дека џабе платиле 50 милиони евра а пред почетокот на сезоната ги величеа и им честитаа на Блан и Секо за одличната работа. Сега и нив ги плукаат.
Па по победата над Интер го величаа тимот и Мело и Ферара и Диего а вчера сите ке ги бесеа.

А како да не се збори за Јувенус? Срам за италјанскиот фудбал се моментално. Се повторувам по незнам по кој пат ама на Мурињо му го дрвеа за Барселона, а ЈуБе испага уште во фаза по групи а Милан само бод му зема на Цирих. Тоа ти е италјанска работа. Ругај го оној кој е на врвот. :tapp:
 

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Па по победата над Интер го величаа тимот и Мело и Ферара и Диего а вчера сите ке ги бесеа.

А како да не се збори за Јувенус? Срам за италјанскиот фудбал се моментално. Се повторувам по незнам по кој пат ама на Мурињо му го дрвеа за Барселона, а ЈуБе испага уште во фаза по групи а Милан само бод му зема на Цирих. Тоа ти е италјанска работа. Ругај го оној кој е на врвот. :tapp:
Секаде е така оној кој долго време е на врвот станува омразен во очите на другите.

Што и да направи Интер никогаш нема да биде доста за останатите. Сите секогаш ќе очекуваат повеќе. Ако победи ќе биде зошто не победил со убава игра или зошто победил со судиска помош. Ако одиграме нерешено или изгубиме одма рафали од сите страни како тоа сме потрошиле милиони а не сме имале никаков успех.

Насловот Интер елиминиран од Лигата на Шампионите вреди два пати повеќе од Милан или Јуве елиминирани од Лигата на Шампионите и сите одма се палат.

Тоа ти е исто како што А1 вика нов скандал Македонија-Канада наместена и сите се палат ФФМ мафија, а устврати треба да стои Судијата под сомневање дека го наместил натпреварот ама тогаш никој нема да се замара, сите ќе речат не е прв па ни последен пат.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.448
Поени од реакции
58.560
Се жалат Мело и Диего не им биле добри фудбалери и дека џабе платиле 50 милиони евра а пред почетокот на сезоната ги величеа и им честитаа на Блан и Секо за одличната работа. Сега и нив ги плукаат.
А се сеќавате на дискусиите од август? Не отекоа со Мело :pos:

Па по победата над Интер го величаа тимот и Мело и Ферара и Диего а вчера сите ке ги бесеа.

А како да не се збори за Јувенус? Срам за италјанскиот фудбал се моментално. Се повторувам по незнам по кој пат ама на Мурињо му го дрвеа за Барселона, а ЈуБе испага уште во фаза по групи а Милан само бод му зема на Цирих. Тоа ти е италјанска работа. Ругај го оној кој е на врвот. :tapp:
Види, тоа што ние ги начекавме сега за сеир си е убава работа. Инаку објективно, многу поголема срамота е да освоиш еден бод од два натпревари против Цирих, отколку да изгубиш од Баерн. Јувентус имаше тешка група и откако Бордо изненади, некој од нив или Баерн мораше да испадне. А Германците се најзаебани кога ќе ги отпишеш, одсекогаш било така. Ги начекаа и веднаш по натпреварот со Интер, емотивно испразнети, недоволно фокусирани.

Како и да е, двата резултати на Италијанските екипи вчера се добро освестување за Интер денес. Секое опуштање може скапо да го платиме. Мотивацијата мора да биде на највисоко ниво. Статусот на фаворит нема да ни донесе ништо освен поголем притисок. Не очекува тежок натпревар, потежок отколку што мислиме.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.638
Поени од реакции
1.233
ај може да постиме малце со реметењово , ама ќе продолжиме после 10 и 45 часот по локално време

Вечер Ето е стрелец обавезно
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.448
Поени од реакции
58.560
Од М.Спорт

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 6.КОЛО ГРУПИ "Е", "Ф", "Г" И "Х" - ИТАЛИЈАНСКИОТ ШАМПИОН ГО ИГРА КЛУЧНИОТ МЕЧ ЗА ПЛАСМАН ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО ОД ЛШ

Момент на вистината за Интер

Како што одминуваа натпреварите во Лигата на шампионите така с$ повеќе се компликуваше ситуацијата во групата "Ф" во која покрај европскиот шампион Барселона и италијанскиот гигант Интер се наоѓаат источноевропските Рубин и Динамо Киев. Неколку изненадувачки резултати ги оставија сите екипи во игра за 1/16 финалето во пресрет на ова последно коло. Барселона направи голем исчекор кога минатото коло го совлада Интер и го стави италијанскиот шампион на маки кој сега ќе брка победа против Рубин. Барса гостува во Киев и бара реми, но може да си дозволи пораз од два гола различен од 2:0 бидејќи на првиот меч на Ноу Камп "Каталонците" го обезбедија овој резултат. За Интер би било доволно и 0:0 или 1:1 на дуелот со дебитантот Рубин, но само ако Динамо не победи. Доколку одиграат 2:2 или повисоко реми тогаш Русите ќе се радуваат на место меѓу 16-те најдобри (бидејќи првиот меѓусебен дуел во Казан заврши 1:1). Ова се математичките варијанти во оваа група во пресрет на последното 6. коло во најелитното европско натпреварување.
Оваа ситуација добро ја знае тренерот на "нероаѕурите", Жозе Мурињо, кој "кова" победничка стратегија против Рубин.

Интер игра многу добро во Серија "А" каде го држи првото место но нивните сметки малку ги помати поразот од Јувентус во саботата кој го стави Мурињо под дополнителен притисок. Португалецот ќе биде лишен од услугите на дефанзивецот Кристијан Киву поради суспензија, потоа Сантон и Кварезма поради повреди, но се очекува враќање на Весли Снајдер, кој заздрави од повредата на тетивата на ногата.
"Се трудиме да го заборавиме поразот од Јувентус. Пред нас е голем предизвик. Натпревар да се биде или не. Затоа целата енергија ја насочивме на дуелот со Рубин во кој атакуваме на победа", изјави голманот на Интер, Жулио Цезар.

Од друга страна Рубин нема пораз на четири натпревари во серија во ЛШ, а на сите средби на домашен терен ремизираше. Тренерот Курбан Бердиев е свесен дека ова е историска шанса за неговиот клуб во дебитантскиот настап да обезбеди место во нокаут-фазата. По одбраната на титулата пред неколку дена, Русите целосно се посветени на ЛШ и посакуваат добар епилог од нивното прво гостување на Џузепе Меаца. Голем проблем за Бердиев ќе претставува отсуството на Шаронов, кој се повреди на мечот со Динамо минатото коло, и еден од најдобрите стрелци во екипата Александар Букаров, кој го оперираше зглобот на раката. Кога станува збор за историјата Интер нема пораз на Џузепе Меаца од руски опонент. На досегашните шест средби има пет победи и едно реми. За Рубин ова е второ гостување во Италија откако пред три години загуби од Парма во Купот на УЕФА.

Барселона се надева дека добрата форма во првенството, каде не се поразени на 14 натпревари, ќе ја искористи за победа против Динамо. Пеп Гвардиола нема проблеми со повредени фудбалери (единствено Дмитро Чигрински нема право на настап) очекува добро издание и поволен резултат. Динамо посакува реприза на настапот од пред 12 години, кога пред своите навивачи ја демолираа Барса со 3:0. На таа средба настапија Олександар Шовковски и Андриј Шевченко, кои ќе бидат во составот и вечерва. Тренерот Валери Газаев ќе се обиде да го состави тимот без дефанзивците Ел Кадури, Качериди и Диаките, кои се повредени.

"Без сомнение ова ќе биде тежок меч. Барселона е европски шампион и нема да биде лесно да се совлада. Ние ќе сториме с$ што е во наша моќ, но не зависи од нас, очекуваме поволни вести на дуелот во Милано. Имаме слабост во дефанзивата, но ако напаѓачите одиграат на високо ниво ќе се надомести загубата. Барса има квалитет, но кога Рубин успеа да ги победи, зошто да не го сториме и ние истото", изјави Газаев.

Динамо на последните четири меча против шпански противник одиграл нерешено. Последната победа е онаа над Реал во 1999 година од 2:0, со двата гола на Шевченко.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.573
Поени од реакции
5.717
Вечер типувам 2 - 0 за нас се разбира, стрелци милито и ето!!!
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Види, тоа што ние ги начекавме сега за сеир си е убава работа. Инаку објективно, многу поголема срамота е да освоиш еден бод од два натпревари против Цирих, отколку да изгубиш од Баерн. Јувентус имаше тешка група и откако Бордо изненади, некој од нив или Баерн мораше да испадне. А Германците се најзаебани кога ќе ги отпишеш, одсекогаш било така. Ги начекаа и веднаш по натпреварот со Интер, емотивно испразнети, недоволно фокусирани.

Како и да е, двата резултати на Италијанските екипи вчера се добро освестување за Интер денес. Секое опуштање може скапо да го платиме. Мотивацијата мора да биде на највисоко ниво. Статусот на фаворит нема да ни донесе ништо освен поголем притисок. Не очекува тежок натпревар, потежок отколку што мислиме.
Бордо ни малку не изненади. Шампион на Франција е и со победи против ЈуБе дома и Баерн си го обезбедија пласманот многу рутинирано. Баерн не мислев дека ке биде толку слаб при првиот дел на натпреварувањето по групи но подоцна се опорави и се врати во најдобар можен моменти. Тоа што ЈуБентус не ги искористија шансите против Бордо дома и катастрофалната игра на гости е друга приказна.

Вечерва секако дека ке биде тежок натпревар но Мурињо и Интер се најдобри под притисок. Милан, Џенова, Динамо Киев па и со Рубин на гости. Не ги бројам со Барса бидејки немавме што да изгубиме а со ЈуБе двајца првотимци не беа дел од составот и Мурињо надвор. Не е ова оправдување но ке видевме далеку подобар Интер со барем Маикон во тимот.

Ке биде тесно според мене, 2:1. :wink:
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.638
Поени од реакции
1.233
Уствари нема да постиме со реметење а еве денес и галијани си ги буши ( што е и вистина ) дрва си се дрва

http://www.goal.com/en/news/10/italy/2009/12/09/1676629/milan-chief-adriano-galliani-its-juventus-fault-if-italy

Ама италија ќе добие место у Лига Европа :):):):):):):):):)

l[COLOR=Black напиша:
Ке биде тесно според мене, 2:1[/COLOR]. :wink:
Немој брат да биде тесно зашо ќе умрам од мука додека да заврши
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.573
Поени од реакции
5.717
Уствари нема да постиме со реметење а еве денес и галијани си ги буши ( што е и вистина ) дрва си се дрва

http://www.goal.com/en/news/10/italy/2009/12/09/1676629/milan-chief-adriano-galliani-its-juventus-fault-if-italy

Ама италија ќе добие место у Лига Европа :):):):):):):):):)
Хаха па и за реметење е јуве со таква игра вчера што очекуваа дека ке им казат,иначе канал 5 се надевам дека денес нема да касни со пренос како со барса коа се уклучија во 2 минута
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.448
Поени од реакции
58.560
Со Маикон и Снајдер тимот е сосема поинаков, така да нема да гледаме очајни претстави. Но најважно од се е да се справиме со тоа напаѓачкото трио што го имаат, а стварно им се добри напаѓачите. Не смееме да дозволиме глупави голови како на првиот натпревар со нив или оној со Сампдорија.

Да не примиме први гол, накратко кажано. Зошто после ќе се повлечат и ќе идат на контри, а имаат заебана контра...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom