Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.958
Поени од реакции
45.157
Освен Самуел другите сите :kesa:
Освен Валтер Самуел никој друг играч не ми остави добар впечаток али најбитно е тоа што успеавме да не примиме гол и ги поделивме бодовите. Средината ни беше тотална дупка Мота Мунтари Снајди ништо не играа за тоа и толкава доминација на Барса. Верувам да не беше нашата одбрана на висина на задачата ќе примевме голови пошто каталонците многу лесно се движеја низ нашата половина и во непосредна близина на голот. Тоа е тоа одиме понатаму следна утакмица одиме на победа за да го држиме чекорот со Барселона во борбата за првото место во групата :salut:
Чекај чекај, Лусио не ти остави добар впечаток ? Дај бе не заебавај :), oдбраната освен на почетокот, во остатокот од мечот беше перфектна, Барса создаде само една шанса, средината е таа која потфрли, и тоа многу но што е тука е, се надевам дека Мур ке ги согледа грешките од овој дуел, реков, на домашен терен треба офанзивно да се игра, не е ова теренчето на Челзи, па и со ваква игра да се доминира и напаѓа, едностанво е, овој Интер мора да игра офанзивен фудбал, јебига, бар на домашен терен може Мур да го направи тој превид и да удри на Напад, тоа е потребно и за Ето, и за Милито па и Снајди .
 

член1став3

сеирџија
Член од
10 февруари 2009
Мислења
446
Поени од реакции
13
Цела одбрана беше за 10,средниот ред се беше ОКК,само грешка имаше Мурињо што почна да игра со Мунтари а не со Станковик.Кога влезе Деки се виде дека играме боље,но што е тука нема бегање.
Порано требаше да реагира и со измената на Милито и Сантон...

Барса па играа како манекени по теренот,пагаа на секој допир со топката,се жалеа на повреди и што ти не,Меси не се виде никаде по теренот,за Ибра да не зборам па ич.

И да додадам имаше многу неправедни одлуки од страна на судијата,се гледаше дека повеке судеше за Барса,ама ај :)
И ние имаме овакви навивачи, за тој што ќе не здроби викаме дека не се видел, изгледа друга утакмица си гледал.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Цела одбрана беше за 10,средниот ред се беше ОКК,само грешка имаше Мурињо што почна да игра со Мунтари а не со Станковик.Кога влезе Деки се виде дека играме боље,но што е тука нема бегање.
Порано требаше да реагира и со измената на Милито и Сантон...

Барса па играа како манекени по теренот,пагаа на секој допир со топката,се жалеа на повреди и што ти не,Меси не се виде никаде по теренот,за Ибра да не зборам па ич.

И да додадам имаше многу неправедни одлуки од страна на судијата,се гледаше дека повеке судеше за Барса,ама ај :)
хахахахаххахах да не ја гледаше на канал5+ ти Лион ?? :tapp:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
И ние имаме овакви навивачи, за тој што ќе не здроби викаме дека не се видел, изгледа друга утакмица си гледал.
Абе Меси играше Окк,но не играше онака како што го фалеа навивачите на Барса,во стилот само против сите ке игра,ке не здроби ке ни ебе мамата и разно разни срања...

Се надевам ме сфати :)
 

член1став3

сеирџија
Член од
10 февруари 2009
Мислења
446
Поени од реакции
13
Абе Меси играше Окк,но не играше онака како што го фалеа навивачите на Барса,во стилот само против сите ке игра,ке не здроби ке ни ебе мамата и разно разни срања...

Се надевам ме сфати :)
не постои играч кој може да ги дрибла сите, не постои таков што може да ги идрибла Вардар, а камо ли интер
али да измрда два три тројца може и тоа го правеше, али браво за Лусио, а и за Цезар за онаа одбрана у прво полувреме
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
бескомпромисната одбрана го спаси интер од пораз,тука кумуваше и неодлучноста и немањето идеја во играта на ибрахимович кој требаше да ги измеша малце халфовите на интер во кое очигледно не успеа....меси на ниво,хенри одличен,фалеше ибра да покажи луцидност и одлучност,така барса ќе си земеше 3 бода сосема заслужено

интер очајно проба да парира на играта на барса,но залудно
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.958
Поени од реакции
45.157
Меси е генијалец бе, топкана му е залепена за нога, таков начин, стил на водење на фудбалот никој друг не практикува .
Проблемот е што Барса ги има следниве играчи, Ибра, Анри, Меси и Чави ( зборам за денешниов тим ), и Интер премногу, ПРЕМНОГУ се концентрираше на нив, тоа го налага системот на Мурињо . Таквата игра пали во Англија на пример, Челзи со ист пристап, од една страна ги неутрализираше, од друга напаѓаше, али во Англија еден пас и веќе си пред противнички гол, во Италија дефакто e другa приказната .

Против една ваква Барса, или Јунајтед ( зашто слично и они играа на Меаца ) едноставно мора да се нападне кога се игра дома, не зборам за дезорганизирано напаѓање, зборам за подигнување на дефанзивната линија, дефинитивно не Мунтари во прв тим, и поголемо залагање пред Се на бековите во нападот и нормално, на средниот ред . Овој тим на Барса мора да се принуди да игра одбрана, да се повлечат и Туре, Чави и Кеита, и нападот да биде отсечен, тоа Интер денес не го направи, дозволи нивна игра и се знае што се случува тогаш . Иако, реков, одбраната на Интер во вториот дел беше феноменална, максимално сконцентрирана освен во еден наврат, кој резултираше со добра шанса за Барса .

п.с. Chivu: 9 - Absolutely outstanding tonight. Made three goal-saving tackles - two on Messi and one on Henry - forced Messi inside, and did the best defensive job that anyone has ever done on Dani Alves. Man-of-the-match.

Да да, се согласувам со goal.com Киву беше феноменален денес, со Милан реков дека тоа беше меч на неговата кариера во Интер, сега тоа го велам и за овој натпревар, тоа е добро за овој тим .
 

член1став3

сеирџија
Член од
10 февруари 2009
Мислења
446
Поени од реакции
13
мене многу ме изненади Туре, ја прв пат гледам играч кој може, а дури и беше појак у дуел игра со Занети, страшно ме изненади, пошто не сум видел до сеа некој да го добие Занети како вечерва, сигурно годинити си го прават своето.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Реков и пред дуелот дека очекувам тврд натпревар без многу шанси и голови. Мурињо ретко во вакви дуели во раната фаза ризикува да се отвори и да остави простор.

Одбраната на Интер беше одлична, но средниот ред не може да се носи со тој на Барса. Снајдер е единствен креативец, но се гледа дека сеуште не се уиграни со напаѓачите, а и не може се сам. Мота и Мунтари се каде каде повеќе деструктивци отколку техничари.

Нападот делуваше отсечено и дефинитивно мора да се работи напорно за кога ќе дојдат елиминационите натпревари Интер да може да стигне подалеку оваа година.

Сепак верувам дека и двата тима се задоволни со 1 бод.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Интер - Барселона, 0-0

Интер ги задржа нападите на Барселона на натпреварот од првото коло во овогодинешната Лига на Шампионите. По само 70 секунди игра Меси успеа да си направи позиција за удар, но Џезар сигурно го одбрани ударот.



Ибрахимовиќ имаше одлична шанса потоа кога топката го прелета Лусио а тој остана сам пред Цезар, но упати многу лош удар.

Интер дојде во одлична позиција да го загрози голот на Барселона во 20-та минута, но Мурињо збесна кога Маикон ја запре акцијата за да му се укаже помош на Анри, кој се жалеше на повреда.

После тоа уште една изгледна акција беше прекината поради офсајд на Мунари, кој беше во линија со противничките фудбалери.

Милито имаше одлична шанса кога успеа да го исврли Пике и да упати удар, но Валдес одбрани.

Најголемата шанса Барселона да поведе ја имаше во 41вата минута по големата грешка на Мунтари, кој му препушти една топка на Алвес на аут линијата. За среќа, Кеита промаши од 12 метри.

Маикон беше спречен да излезе пред голманот Валдез кога уште еднаш неоправдано беше досуден офсајд, по пасот од Милито.

На самиот почеток на второто полувреме, Снајдер шутираше ниско покрај голот на Валдес.

Станковиќ го замени Мунтари после 60 минути игра, и промаши одлична шанса во пет минути подоцна откако по додавањето на

Милито шутираше над голот на Барселона од 16-17 метри.

Во наредниот период Барселона го презеде поседот на топката, но Самуел уште еднаш покажа зошто го викаат „Ѕидот“, спречувајќи со тело одлична прилика за Анри.

На ниво на задачата беа и Лусио и Киву кои водеа голема борба со напаѓачите на Барселона.

Сантон влезе на местото на Снајдер и веднаш покажа дека одлично се снаоѓа во средниот ред. Беше грубо спречен од Јаја Туре да излезе сам пред противничкиот голман, по што судијата му покажа жолт картон на фудбалерот на Барселона.

Балотели на крајот го замени Милито, но се чини дека оваа измена дојде и премногу доцна.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Страшно сум разочаран од прљавата игра на Барселона ... поготово на Анри ... на 2-3пати одглуми повреда за да прекине напад а и ме спизде нападот коа меси(мислам беше) лежеше као пичка на терен одбраната наша застана а овие си ја одиграа акцијата и си шутнаа .....

Срамота ...
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Добра и дисциплинирана игра од двата тима. Доста тактички поставени и пред се доста остро се одеше од страна на двете одбрани.. Не им беше дозволено нити на Милито и Ето, нити на Ибра, Меси и Анри да мрднат. Поседот го имаа тие благодарение на поголемата креативност која ја имаат во средината и благодарение на тоа што нивните играчи играат заедно веќе долго време.. Ние имавме двајца нови првотимци на средината, надополнети со 10 % технички подкованите Занети и Мунтари. Кажав јас претходно.. Нашата најдобра средина е Камбиасо, Станкович, Снајдер и еден од Занети, Мота и Мунтари. Снајдер уште 10 утакмици да игра ќе ги изигра доста слабо во организацијата ако зад него стојат Мунтари, Занети и Мота.
Што се однесува до напаѓачите Ето како што гледав не влезе во нити една посериозна шанса, играше нешто поназад од Милито, а кога ни требаше за контра наместо Ето, го имавме доста побавниот Милито, кој на неколку пати немаше среќа.. Или шутираше во голманот или се лизгаше..
Она што најмногу ме радува и на што сум најмногу горд тоа е нашата одбрана. Ми делуваат како бедем кој едноставно не постои нити теоретска можност да прими гол.. И секако замислете тоа без доста добриот во дефанзива Камбиасо.. Значи без некоја поголема поддршка од дефанзивата во средниот ред.. Како играат тие четворица едноставно да ти е милина да гледаш..

П.С. За крај мислам дека кој ќе биде прв меѓу овие два тима ќе се рашава на гостувањата во Русија и Украина.

ovaj e Inter-ot sto go falevte celo vreme,more bidete zadovolni sto sepak ne izgubivte,cist penal ne dosudi sudijata,posedot na topkata nekogas stigase i 70-30,da se prasuva covek kaj se igra,i dali se igra protiv poveke kratniot sampion na Italija:tapp: ae ke se vidime na Camp Nou:helou:
А ти Пеце читај сега што ќе ти пишам..
Оваа ли е таа Барселона која игра совршен фудбал? - ќе те молам погледни некое видео има на ЈуТјуб како играше Реал во времето на Зидан.. Кога во средина играа Зидан, Фиго, Макелеле.. Погледни па врати се да видиш што е совршенство..
А за пеналот едно ќе ти кажам.. Прво земи научи се после пишувај.. Абе пеце едно.. Секоја ненамерна игра со рака во сопствениот шеснаесетник не се суди во корист на противникот доколку шутот пред кој следела играта со рака не оди во правец на голот! Па сега види ти дали имаше пенал.. Пеце едно.. Ајт чику таму..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom