Се уште не можам да си поверувам, Вардар ќе го гледаме уште минимум 3 пати во Скопје во рамки на Лига Европа главен турнир и уште 3 пати надвор од Скопје низ квалитетни преноси.
Елиминиравме екипа со доста висок коефициент, мислам дека беше околу 70 т.ш. по овој ранкинг е екипа топ 5 во Лига Европа. За разлика од реваншот во Копенхаген, имавме доста среќа и на двата дуели, но секоја чест за момците кои изгинаа во секој дел од секундата и на двата дуели против Фенер.
Јас лично сакам некоја просечна група, нека биде најлесна што може, верувам дека стадионот ќе биде исполнет на сите 3 меча, без разлика од атрактивноста на противникот.
За крај, потсетете се на сите шанси од денешниот меч, овој highlights ги содржи сите шанси и на обете страни и снимката е совршена, со француски коментатор.