08.10.2015
ПОПОВ НА „ПЕЕЊЕ“ ВО ФФМ
Искусниот играч деновиве ќе треба да оди на соочување во ФФМ каде што ќе даде исказ за својата постапка за време на Супер-Купот. Левиот бек се терети дека упатувал навредливи зборови кон претседателот на ФФМ
Горан Попов, фудбалерот на Ф.К. Вардар кој е под истрага од страна на ФФМ поради упатување на навредливи зборови кон федерацијата и кон претседателот Илчо Ѓорѓиоски, ќе оди на отчет во нашата куќа на фудбалот. Деновиве Попов ќе биде повикан од страна на луѓето од ФФМ каде што ќе треба да даде изјава околу настанот за кој се терети, а ако се докаже како вистински, ќе следува суспензија за левиот бек на Вардар, и со тоа шампионот ќе биде дополнително ослабен пред прволигашките предизвици.
Дисциплинската комисија на ФФМ поведе постапка против Попов поради наводни индиции дека упатувал навредливи зборови за време на цереномијата на доделување на пехарот кон ФФМ и кон претседателот Ѓорѓиоски. Ако се покажат дека се вистински, Попов го чека суспензија од натпреварите од Првата лига и од Купот на Македонија.